BorisVM |
1819. - Родена е Мари ан Еванс, позната е под псевдонимот Џорџ Елиот, англиска писателка. Автор е на многу познати романи за англиското село, меѓу кои се и "Воденицата на Флоси", "Сајлас Марнер", "Адамс Бид" и"Ромола". Умре на 22.12.1880 година.
1869. - Во Париз е роден Андре Жид, француски романописец, есеист и критичар. Познат е како највлијателна и најконтраверзна личност на француската литература во 20 век. Меѓу неговите познати дела спаѓаат "Ковачи на лажни пари", "Визбите на Ватикан", "Пасторална симфонија" и "Пат за Конго. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1947 година. Умре во Париз, на 19.12.1951 година.
1877. - Роден е Ади Андре, најпознат унгарски лиричар од Петефи, кој го подигна на повисок степен унгарскиот поетски јазик. Умре во 1913 година.
1890. - Роден е Шарл де Гол, француски генерал и државник, претседател на Петтата француска република од 1959 година, голем светски политичар и борец против фашизмот. Како претседател му го призна правото на алжирскиот народ на самоопределување и му овозможи со спогодбата во Евијан (во 1962 г.), да ја заврши седумгодишната војна. Истовремено со стабилизацијата на економската политика во земјата ја поведе Франција по патот на самостојана надворешна политика и ги повлече француските сили од Атлантскиот пакт. Умре во местото Коломбеј, на 09.11.1970 година.
1900. - Умре Артур Саливен, познат британски композитор и диригент. Тој е автор на англиската опера. Роден е на 13.05.1840 година.
1963.- Во Далас, е убиен американскиот претседател Џон Кенеди (Фиџералд).
1991.- Египетскиот политичар, Бутрос Гали е избран за генерален секретар на Обединетите нации, а со тоа стана и прв Африканец и Арап избран на високата должност.
|