26 Noemvri
26 Noemvri
BorisVM 1940.- На Хитлерова заповед е создадено варшавското гето во кое есесовците протераа околу половина милион Евреи не само од Варшава, туку и од други градови во Полска, па дури и од Германија. Десетици илјади луѓе умираа од глад и од болести. Повеќе од 310.000 Евреи оттаму беа испратени во логорите на смртта, каде што беа убиени во гасни комори. 1968.- Во Њујорк умре Антон Синклер, северноамерикански писател и публицист, борец за социјални права и мир во светот. Меѓу најпознатите негови дела се "Џунгла", "Џими Хигинс" и "Крај на светот". Роден е на 20.09.1878 година. 1983.- Умре Евгени Савов, судија на Врховниот суд на Македонија и долгогодишен соработник на весникот "Нова Македонија". Подолго од две и пол децении ја уредуваше рубриката "Правен советник", преку која весникот "Нова Македонија" директно кореспондираше со илјадници читатели во Македонија, давајќи им потребни советни и упатства. 1986.- Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот "Нова Македонија" - "ЛИК". 1991.- Беше пуштен во употреба автопатот Титов Велес - Градско.