Ohrid |
kickol |
The Ohrid saga is a millennium long saga. Since Ohrid is a city in the Republic of Macedonia with continuity and around two and a half millenniums old marks of exsistance. Within the very heart of the present city of Ohrid, the antique city of Lichnid lies, significant and rich, as is its successor. The metamorphoses of the antique Lichnid into medieval Ohrid lasted for several centuries (VI-IX), thus being created one of the most significant medieval cities on the Balkan. Through the pages of the Ohrid saga we will find the memories of the birth of the Slavic literacy and culture in the works of St. Clement and St. Naum, students of Thessaloniki brothers Sts. Cyril and Metodij. St. Clement is worshiped as a patron of the city, and his three-decade work in the city (886-916) initiated the foundation of the Clement Slavic University. The Ohrid saga cherries the memories of the Samuel Empire, too, as its capitol at the beginning of the XI century. It nourishes the testimonies of the Ohrid Archibishopry - a significant church organization, which pedestal was shared by influential philosophers, writers and theologians. Its worthy successor is the present Macedonian Orthodox Church. The Ohrid saga was composed by the stormy pages of the past, and the testimonies for some of them have reached the present days; the Monastery of St. Clement - St. Pantelejmon, the Monastery of St. Naum, the cathedral church of St. Sophia, the church of St. Clement, the church of St. John the Baptist, as many other pieces of art: frescoes, icons, manuscripts, all of them woven in the City of UNESCO - Ohrid.
|
kickol |
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/galebi.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/bran.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/ohrid%20panorama%20noke.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/ohrid%20pred%20nok.jpg[/img] |
kickol |
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/pl5.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/pl6.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/plaoshnik1.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/plaoshnik3.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/plaoshnik.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/zalez.jpg[/img] |
kickol |
Eve ushe nekoja slika neka ima ....
Koj saka pogolemi formati javete se so PM...
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/pl4.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/pl3.jpg[/img] |
kickol |
thunder ne brzaj cekaj poleka za sve ke si ima i sliki i fakti ....
uzivaj ... |
kickol |
If you bathing in Lake Ohrid on a sunny day and suddenly emerge from its depths, breaking the surface for a moment, you will see on the pale blue expanse all around you silvery, transparent bubbles, big and small. In each of them the Sun is doubly reflected, like two focuses of different sizes. Approaching one of the bigger bubbles, holding your breath for fear it may burst, you can see in it, as in a distorting mirror, the reflection of your face, wet and laughing. And all the time, that bigger sun, like a vast star, hangs over your head.
It all lasts for just an instant, like all beauty, yet it is repeated over and over again...
IVO ANDRIC, Nobel Laureate
|
kickol |
Ви обрнуваме внимание на една од најголемите вистини за Македонија, вистината Охрид, вечниот град, волшебниот рид кој со своето исконско пулсирање ги поврзува старите со новите времиња, за навек, бидејќи: тој, Охрид е "жив град" две илјади и четиристотини години, легитимен наследник на светлиот Лихнид, град со вткаени дострели на силната античка цивилизација; градот Охрид е всушност културната историја на Република Македонија во мало; како епископски центар во античките времиња, а подоцна и преку надалеку прочуената Охридска архиепископија низ вековите, градот ја претставува, исто така, целокупната црковна историја на Македонија; го носи и епитетот "Балкански Ерусалим"; во овој град бил лоциран, преку дејноста на Свети Климент Охридски, и првиот Сесловенски универзитет во Европа; Охрид бил и најзначајната официјална престолнина на првата Македонско-словенска држава, поточно на Самуиловото царство; Охрид е преродбеничко жариште на Македонија во XIX век; Охрид е и денес културен, духовен и туристички центар на Македонија, и накрај, како круна на вредностите, Охрид и Охридското Езеро се светско културно и природно богатство под заштита на УНЕСКО од 1980 година.
Паско Кузман
|
kickol |
Za pomos na tie sto ne mozat da se snajdat da go enkodiraat kirilicniot font na vashata strana toest na stranicata koga ke go otvorite ovaj post ke kliknete na :
View-Encoding-More-Cyrilic (Windows)
Prijatno citanje
kice |
kickol |
Prodolzuvame ponataka....
Бригиjците и Енхелеjците го сочинуваат наjстарото население кое може според името да се идентификува во пошироката област на Охридското Езеро. Бригиjците се исто што и Фригиjците. Според Херодот малоазиjските Фригиjци некогаш живееле во Европа во соседство на Македонците и се нарекувале Бригес, а по Троjанската воjна се иселиле во Мала Азиjа и таму го промениле името во Пхругес.
Во историjата Енхелеjците се идентификуваат како Илири, меѓутоа треба да се нагласи дека Херодот и некои други историчари нив ги разликуваат од Илирите.
Инаку, самото име Енхелеjци доаѓа од енцхелеус -"jагула", "змиjа", и го сврзува овоj народ со Лихнидското Езеро, бидеjќи тоа изобилува со jагули. Во времето на римските освоjувања кон краjот на III и почетокот на II век пред н.е. се споменуваат Дасаретите и нивната област Дасаретиjа, а исто така и градот Lychnidos, Lychnidus и областа Lychnis. Дасаретиjа била пространа област коjа се протегала од Девол на запад до македонските области Орестида и Линкестида на исток. Лихнитида, околу Охридското Езеро, се jавува во почетокот како посебна област надвор од Дасаретиjа.
По римското освоjување името на Дасаретите се jавува како севкупно за сите племиња кои живеат во планинската област во внатрешноста на македонското и jужноилирското подрачjе, од епирската граница на jуг, до Партините и Пенестите на север и Линкестите на исток.
|
kickol |
Лихнид станува главен град на Дасаретиjа.
За политичкиот развиток на лихнидската област од античко време има малку податоци во сочуваните пишувани извори. Првите вести за политичкиот карактер на оваа област се однесуваат на краjот од V век пред н.е. , во времето на Пелопонеската воjна во Грциjа. Тогаш на северната граница на Македониjа се поjавува една политичка заедница коjа античките писатели jа именуваат со "Илири" коjа понекогаш сериозно jа загрозувала безбедноста на македонската држава.
Кога Филип II Македонски jа презел власта се споменува дека Илирите jа држеле Македониjа поробена. Со доаѓањето на Филип II Македонски односот на силите се сменува. Тоа се случува по битката коjа наjвероjатно се случува во Линкестида, денешната Битолска рамнина. Победата им припаднала на Македонците. Оваа битка е пресудна за натамошниот развоj на Илирско-македонските односи. Дошло до краj на илирската доминациjа во Македониjа. Илирите морале да jа напуштат земjата источно од западниот брег на Лихнидското Езеро.
Во 335 година пред н.е. додека Александар III Македонски се наоѓал на Дунав, илирскиот крал Клит се побунил против Македониjа. Изворите не говорат за последиците на Александровата победа над Клит. Неколку индиректни податоци покажуваат дека Илириjа тогаш е присоединета кон Македониjа, вероjатно како провинциjа под управа на стратег, како што тоа било со Тракиjа уште од времето на Филип.
Во ова време Лихнидската област била дел од хеленската цивилизациjа и не му припаѓала на латинското говорно подрачjе.
Во III век пред н.е. Рим проjавува аспирации кон Балканот. Презема воени акции при што ги користи илирските територии како поjдовни бази за воjна против моќната македонска држава. Во трите воjни што ги водел Рим со Македониjа, под Филип V и Персеj, Македонците за првпат го почувствувале поразот. Каде тоа се случило не може со сигурност да се утврди, можеби токму во Лихнидската област. По Третата македонска воjна против кралот Персеj, Лихнид станува главна римска база во северните области на Македониjа. Тоа е времето кога за него наjмногу се слуша.
Во 148 година пред н.е. Македониjа е претворена во провинциjа. Таа се протегала на запад до Јадранското Море, каква што ќе остане ситуациjата низ целиот раноцарски римски период. Во рамките на таа провинциjа, Дасаретиjа со Лихнид го задржала своjот статус на слободна заедница: еден хроничар ги обележува Дасаретите како libera gens.
Лихнид како главен центар на Дасаретите имал големо значење во републиканското време. За значењето на Лихнид сведочат големиот броj епиграфски споменици, наjдени во Охрид, што ги поставиле Дасаретите и нивните органи на власт. Овие споменици спаѓаат меѓу наjзначаjните што останале од антички Охрид.
Во доцноантичкиот период Лихнид се споменува како епископско седиште. Точно не се знае кога е организирана лихнидската епископиjа. Неjзиното прво споменување се наоѓа во актите на црковниот собор во Сердика (343 година) каде што меѓу потписниците се поjавува и Dionysius de Macedonia de Lychnido. Дионисиус е всушност единствениот епископ лихнидски од IV век што е познат.
Последната вест за Лихнид е веста за неговото разурнување. Меѓу тешките катастрофи кои го погодиле римското царство во текот на владеењето на Јустиниjан (воjни,поплави,чумата) забележани се и земjотреси. Во еден таков, коj според историските извори се случил на 29 и 30 маj 526 година, настрадале повеќе десетици илjади лица во Лихнид. Потоа градот повеќе не се споменува во историските извори. Не се знае ништо за него, како што останува неjасно и прашањето дали Јустиниjан го обновил градот или не?!
|
kickol |
Blagodarenie na Ohridskite intelektualci a isto taka poznati Arheolozi ovie podatoci se izvadeni od nekolku linkovi koi se kreirani za da se prestavi kulturata i istorijata na
Ohrid. Novite podatoci i sliki se vo priprema od strana na Slasa i jas i ke bidat uplodirani so tek na vreme , dodeka bidat sredeni novite podatoci za zapoznavanje na Ohrid vi gi prilozuvame ovie podatoci . |
kickol |
СПОМЕНИЦИ НА КУЛТУРАТА ОД ПРАИСТОРИСКИОТ И АНТИЧКИОТ ПЕРИОД
Неолитско и енеолитско
Во Охридскиот краj познати се неолитските населби: Долно Трново-Охрид и Зластрана во селото Горно Средорече (Дебарца), како и локалитетот Кутлина во селото Велмеj (Дебарца), коj припаѓа на енеолитското доба. На бронзеното доба му припаѓаат локалитетите Лакочереско Градиште, Коселско Градиште, локалитетот Тумба каj селото Свиништа, како и ново откриената наколна населба "Плоча Мичов Град", каj полуостровот Градиште, на источниот брег од Охридското Езеро.Во трите споменати неолитиски населби со испитувањата констатирано е постоење на населби, при што има остатоци од градбите, гробовите и керамика. Во Лакочереско Градиште и Коселско Градиште на површините на локалитетите пронаjдени се фрагменти од керамички садови, орудиjа од камен и коска.Наjвероjатно досега утврдените наолитски локалитети во Охридскиот краj временски му припаѓаат на IV - III милениум пред н.е.
Железно
Ископувањата на просторот во близината на селото Горенци, на околу 9 км. од Охрид (Сува Чешма, Три челусти и Вртуљка) дадоа некои материjали кои индицираат време од железното доба II и тоа од подоцниот период. Следеjќи го хронолошки времето на железното доба во Македониjа, во текот на VI и V век се забележуваат нови културни поjави. Овоj период е одбележан како железно доба III или време на формирање на македонскиот архаjски стил, манифестиран преку "кнежевски гробници". Споменатите гробови се откриени на некрополата "Требеништа" каj селото Горенци, а некропола од тоа време е откриена и каj селото Речица, северно од Охрид.
Со археолошките ископувања од 1918 , со прекини до 1972 година, откриени се вкупно 56 гробни конструкции, од кои голем дел се со богат гробен материjал.
Во текот на VI век пред н.е. на Балканот е веќе jасно формирањето и постоењето на одредени етнички групации. Во охридскиот регион се споменуваат Енхелеjците. Секако наjзначаjни се пронаjдените златни посмртни маски како прилог во богатите "кнежевски" гробови од Горенци, работени од златен лим. Тие се предмет на низа опсервации на научниот свет. Стилските одлики, односно втиснатите орнаментални мотиви, според едни се карактеристични за грчката уметност од VI век пред н.е. Според други пак станува збор за мотиви кои исклучиво се поврзуваат со македонската уметност.
Денес богатите наоди од некрополата "Требеништа" ги красат витрините на музеите во Софиjа- Бугариjа и Белград - СР Југославиjа.
Античко доба
Од времето на Филип II Македонски кога се забележани неговите навлегувања во лихнидскиот краj, културните влиjаниjа на грчко-македонскиот свет се повеќе присутни. Богатата култура оставила траги на ова тло при што пронаjдени се разновидни материjали, од мермерна пластика, преку керамички и бронзени садови, до ситен накит изработен од злато, полудраги камења и стаклена паста.
Во поново време со археолошки истражувања констатирано е дека потегот на Свети Еразмо, преку Габавци, Патерица и Козлук до Коселска Река, претставува урбанизирана целина во археологиjата позната под името "Хермелеjа". Високо на Габавскиот рид е акрополот, во неговото jугоисточно подножjе е подградието, а на источниот и западниот дел се протегаат сакралните и профаните обjекти.
Од античкиот период во околината на Охрид се откриени две некрополи. Едната сместена во Требенишкото Кале, а другата е откриена на локалитетот Црвеница каj Прентов Мост. Во првата се откриени остатоци од тврдина, со различни етапи на градба, керамички садови и 17 гробни целини. На локалитетот каj Црвеница се откриени 143 гробови од хеленистичкото време и од раниот среден век.
Пронаjдена е и една македонска гробница во просторот на Варош, стар дел на Охрид. На местото наречено Дебоj е откриена централната некропола на Лихнид и на средновековниот Охрид.
Уште еден обjект е карактеристичен од ова време. Тоа е античкиот театар, сместен во Варош (Охрид), коj е граден по типот на грчките и римските театри. Првите сознаниjа за оваа монументална градба, без коjа не може да се замисли центар од античкиот период, датираат од почетокот на веков. Тогаш се откриени две релjефни плочи на кои е претставен Дионис со Музите. Првите археолошки сонди се изведени во периодот на 1959/60 година, кога се откриени девет редови од седиштата на театарот. На некои од камените седишта се запишани имињата на семеjствата кои ги закупиле тие седишта.
Театарот се протега на околу 4.000 м2. Врз основа на ископувањата кои се вршени во три наврати констатирани се местата каде што се наоѓаат влезовите и театарската зграда, оркестрата со почесните седишта и протегањето на арената.
Во ова време на тлото на Лихнид во голема мерка е присутна религиjата. Една од поинтересните фигури пронаjдени на тлото на Лихнид секако е претставата на богинката Изида-богинка на човековата судбина.
Целиот антички период на охридската териториjа го следат наоди на монети наоѓани случаjно и при археолошки ископувања. Во нумизматската колекциjа на Музеjот во Охрид се чуваат четири примероци на многу ретки монети ковани во градот Лихнид. Многу градови од тоа време со дозвола на македонските владетели ги користат рудниците и коваат монети. На нив вообичаен е натписот МАКЕDONWN и името на областа. Само во случаjот на Охрид стои името на градот.
Prodolzuvame so Ranohristijanskiot period
|
kickol |
Ранохристиjански период
Од овоj период на тлото на Лихнид е откриена една поликонхална црква , коjа се наоѓа северно од комплексот на Климентовиот манастир. Со своjата монументалност, архитек-тонска форма и раскошни мозаици, се издига над сите откриени ранохристиjански базилики во охридскиот регион. Не се знае во чиjа чест е подигнат овоj споменик.
Поликонхалната градба била повеќе пати реконструирана. Инаку и припаѓа на градбите од типот на двоjна школка што е карактеристично за ранохристиjанската архитектура. Ваква црква била пронаjдена во дворот на Адриjановата библиотека во Атина, Грциjа. Станува збор за градби кои го карактеризираат времето на раниот Јустиниjанов период. Можно е овоj храм да бил и катедрала на лихнидските епископи.Базиликата "Студенчишта" е сместена надвор од античкиот и средновековен град, на падините на Петринска планина, на исток. Анализите упатуваат дека овоj споменик датира од краjот на V и почетокот на VI век.
Слични вакви градби се пронаjдени во стариот дел на градот, дури постоjат индиции дека и црквата Света Софиjа била подигната на ранохристиjанска црква, поради пронаjдените траги од постара архитектура. Значаjно е откривањето на ранохристиjанската базилика во непосредна близина на средновековната црква посветена на Свети Еразмо. Тоj бил првиот проповедник на христиjанската вера во овие краишта. Покраj овие пронаjдени се базилики jуго-источно од Античкиот театар и источно од црквата Света Богородица Перивлепта (Свети Климент).
ДОАЃАЊЕТО НА СЛОВЕНИТЕ
Од почетокот на VI век Словените започнале се почесто да jа преминуваат и реката Дунав пустошеjќи ги и ограбуваjќи ги богатите византиски градови, тврдини и селски населби дури и во внатрешноста на Балканскиот Полуостров. Изворните податоци говорат дека уште во 517 година, кога на чело на Византиjа се наоѓал Анастасиj I (491-518) биле опустошени "двете Македонии и Тесалиjа од гетските (словенските) коњаници кои ограбувале дури до термопилите и Стариот Епир".
Со сигурност може да се каже дека Охридската област во краjот на VI век била изложена на масовна словенска колонизациjа. Охридската област до 30-тите години на VII век била целосно колонизирана од словенското племе Берзити. Ова словенско племе заедно со останатите племиња меѓу кои биле и Драгувитите, Сагудатите и Велегизитите во втората децениjа на VII век влегло во голем словенски соjуз, на чие чело стоел водачот на овие Словени, по име Хацон.
Освен охридската област, македонското словенско племе Берзити jа колонизирало и сета териториjа коjа се простирата меѓу денешните градови Велес-Кавадарци-Прилеп-Битола и Дебар. Целата оваа териториjа византиските писатели почнале да jа нарекуваат "Склавиниjа" (Sкlabhnia).
Уште во краjот на VI и почетокот на VII век во Охридската област биле извршени коренити етнички измени. Разорениот и ограбен град Лихнид оттогаш добил чисто словенско име Охрид. Во науката се искажани повеќе мислења како Охрид го добил словенското име. Преовладува гледиштето дека името Охрид е чисто словенско , изведено од именката "хрид", рид . Самата форма Ахрида и Ахрис настанал, наjвероjатно од словенското име Охрид со замената "о>а".
Патеписците соопштуваат дека Лихнидското Езеро современиот оварварен jазик го нарекол Охридско уште во X век, во времето на царот Самуил. Во житието на Св.Наум, езерото е наречено "Бело Езеро". Овоj назив е соодветен на називот што го употребувале Грците, што значи светло езеро. Тогаш охридската област целосно влегла во "склавиниjата -Берзитиjа", коjа била управувана од независен словенски кнез. Во оваа "Склавиниjа" Византиjа немала веќе никаква власт. Во историjата на Охрид и неговата околина периодот од краjот на VI до средината на IX век се уште останува наjтемен и непроучен.
Резултатите од археолошките ископувања во Охрид говорат дека населените Словени- Берзити постепено почнале да присвоjуваат доста од затекнатата култура на староседел-ците. Напоредно со постепениот развоj на градот Охрид, во Охридскиот краj, како и во другите краишта на Македониjа, од почетокот на VII век почнала да се изградува со свои специфични белези македонската средновековна култура, коjа добила афирмациjа во X век кога била создадена Македонската средновековна држава. Сите факти говорат дека како политичкото, така и културното влиjание на Византиjа во Охридскиот краj, од краjот на VI век, престанало да деjствува.
|
kickol |
СВЕТИ КЛИМЕНТ И СВЕТИ НАУМ
Охридскиот краj уште во втората половина на VIII век станал привлечно подрачjе за бугарската држава. За време на бугарскиот цар Борис македонските територии во воено-административен поглед биле опфатени во неколку "комитати". Охрид бил во комитатот што ги опфаќал Охридско-деволските краишта. Со вклучувањето на поголемиот броj "склавини" во рамките на бугарската држава, бил прекинат нивниот самостоен развиток.
Во Охридскиот краj христиjанството како официjална вера се наложило уште во IV век. Градот Лихнид од првата половина на IV век постанал дури и седиште со епископ.Со паѓањето на Охридскиот краj под бугарска власт, кнезот Борис и овде го наложил христиjанството, затоа што тоj сакал и преку црквата да jа зацврсти своjата власт. Христинизациjата во Охридско особено се засилила по 864 година кога Борис прифатил грчки свештеници да ги покрстат поданиците на неговата држава.
Во 886 година Климент (Охридски) по краткото задржување во бугарскиот двор бил испратен во Македониjа со важна државна мисиjа. Тоj бил испратен во областа наречена Кутмичевица како учител. Областа jа опфаќала Југозападна Македониjа и Јужна Албаниjа, со главните градови Охрид и Девол. Овие два градови тогаш биле седиште на соборните, односно катедралните цркви. За време на своjата учителска деjност Климент имал голем броj ученици. Броjот на таквите "избрани" ученици изнесувал околу 3500. Изградуваjќи толкав броj словенски црковен кадар, Климент за кратко време успеал насекаде во Охридско и низ Македониjа да jа воведе словенската богослужба во возобновените и новоизградени цркви. Со таквата своjа активност Климент ги удрил темелите на словенската црква во Македониjа. По седумгодишна учителска деjност во 893 година Климент бил поставен од новиот бугарски владетел Симеон (893-927) за епископ на Дрембица или Велика. Бугарскиот владетел на местото на Климент за учител го поставил Наум. Неговата учителска деjност главно била насочена во градот Охрид, за што сведочи и манастирот, изграден на самиот брег на Охридското Езеро..
Како учител и епископ Климент заедно со Наума ги поставиле основите на т.н. Охридска глаголска книжевна школа. Самиот Климент напишал или превел околу 50 дела со што ги зацврстил темелите на македонската и општословенската литература и култура. Благодареjќи на деjноста на Климент и Наум, градот Охрид, во втората половина на IX век израснал во еден од наjразвиените и наjпознатите средновековни словенски културни центри. Колку Климент и Наум биле поврзани со овоj краj говори и фактот што и дваjцата по нивната смрт биле погребани во манастирите што самите си ги изградиле на брегот на Охридското Езеро. Наум умрел 910, а Климент 916 година .
|
kickol |
Poradi problem so uplodiranje na slikite...
Slikite ke bidat isprateni do drugiot moderator decko slasla :o))))
pa ke gi dotera i ke gi uplodova .... |
slasa |
quote: Originally posted by a-pin-dim
pustam ziro smetka, za gradot Ohrid, da gi napraveme po ubavi ulicite vo Ohrid, turistucko mesto a ulicite se kako od nekoe selo, pa treba da mislat Ohrigani za da izgredat ubavi ulici, po ubav da e gradot, zatoa ke otvoram i ziro smetka za pridones za gradot Ohrid da ima po ubavi sokaci :o) sepak ne treba da se navredat Ohrigani tuku odma da se zalozat za ovaa, mora da bide naj ubav grad vo Makedonija. Ali toj e sepak ubav ali mora da bide naj naj ubav.
Pozdrav do site Ohrigani [?]
Ti kaj zives bre na medsecina . kakvi se ulicite vo Stip .
po kozji pateki odite |
Thunder from down under |
AJ da ne recite dzabe sum od Ohrid :)))
eve nekoj sliki od Sv.Naum
[img]http://www.skiouros.net/voyages/mk2000/images/e_ohrid_06.jpg [/img]
[img]http://www.skiouros.net/voyages/mk2000/images/e_ohrid_11.jpg[/img][img] http://www.skiouros.net/voyages/mk2000/images/mk2000_119_C.jpg[/img]
[img]http://www.skiouros.net/voyages/mk2000/images/m_sveu_naum.jpg [/img]
[img] http://www.skiouros.net/voyages/mk2000/images/e_ohrid_07.jpg[/img]
[img] http://www.skiouros.net/voyages/mk2000/images/m_sveu_naum_2.jpg[/img] |
Thunder from down under |
[img]http://www.skiouros.net/voyages/mk2000/images/e_ohrid_14_93.jpg[/img]
[img]http://www.skiouros.net/voyages/mk2000/images/m_ohrid_citadelle.jpg[/img] |
Thunder from down under |
[img]http://members.vienna.at/shrew/ohrid-gk3.gif[/img][img]http://members.vienna.at/shrew/ohrid-gk4.gif[/img][img]http://members.vienna.at/shrew/ohridgorica.gif[/img][img]http://members.vienna.at/shrew/ohrid-gk5.gif[/img]
Ohrid is a millenium Balkan transversal in a sense of time as well as space. It lies on a magical hill which rises on the northern shore of the shining Lake Ohrid. It has been a living town for two thousand and four hundred years, known under the ancient name of Lihnid. It was mentioned for the first time in history when it was seized by Philip II, the King of Macedonia. It presents an exceptionally important urban and cultural center situated on the Roman trade road Via Egnatia, linking the Adriatic Sea with the Aegean Sea a town with woven achievements into the tapestry of a powerful ancient civilization.
Later on it bears the name "The Balkan Jerusalem", the everlasting town, the holy place protected by eternity and endlessness. Ohrid is the early Christian church center, the seat of the first an-Slovanic university in Europe, through the activity and the human mission of St. Clement of Ohrid, the first Slav bishop and the patron of the town - the seat of the reputed archbishopry of Ohrid. Ohrid is the most important official capital of the first Slave Macedonian state, of Samuel's empire.
With its fundamental cultural and historical monuments, such as the Fortress of Emperor Samuel, the classical theatre, the early christian episcopal churches, the medieval sacred monuments and the Gallery of Icons. Ohrid is a true legend of Macedonian history and together with the oldest and one of the most beautiful lakes in Europe - the Ohrid Lake, it presents a poetic bravery of nature. Together they present a world cultural and natural heritage under the protection of UNESCO.
--------------------------------------------------------------------------------
In the 9th centure A.D., Ohrid was a grand centre of Slavic literacy and cultural activity carried out under the guidance of the Slavic scholar, Kliment (Clement); in the late 10th and early 11th centuries. It was the capital of Tsar Samuel and his successors, and for several centuries it was the seat of the autocephalous. Archbishopric of Ohrid, and one of the most important artistic centres in the Balkans.
--------------------------------------------------------------------------------
SOME OF THE IMPORTANT MONUMENTS AND CHURCHES IN OHRID
--------------------------------------------------------------------------------
The National Museum, in its present lay-out, was opened to the public on May 1, 1951. It houses valuable collections of Icons, manuscriptsin Slavic and Greek and other items, which were inherited from the museum of the archbishopry of Ohrid.
--------------------------------------------------------------------------------
The Church of Sveta Sofija (St. Sophia) was built on the foundations of an Early Christian Basilica. Fragements of paintings dating from the 11th century can be seen in several places in the altar region. The church was reconstructed and decorated again in the middle of the 11th century, at the tim of Archbishop Leo.
-------------------------------------------------------------------------
The Gallery of Ohrid Icons
--------------------------------------------------------------------------------
The Church Sveti Kliment (St. Clement, 1295)
--------------------------------------------------------------------------------
Literacy
--------------------------------------------------------------------------------
Imaret - Mosque, built on the foundations of Kliment's Monastery. The original monastery was also the first Slav university, a flourishing centre of Slavic literature and culture, the place where the foundations of Ohrid literacy school were laid. It was here that Kliment of Ohrid, the first writer among the Macedonian Slavs, wrote his literary compositions, including his Pohvalno slovo na Kirila ("Words in Praise of Cyril"), a masterpiece of medieval Slavic prose. The hospital that worked within the monstery walls was possibly the first medical centre in Europe.
--------------------------------------------------------------------------------
The Church of Sv. Jovan - Kaneo (St. John, 13th c.)
--------------------------------------------------------------------------------
Upper Gate of Samuel's Fortress.
--------------------------------------------------------------------------------
Cinar is one of the oldest trees in Europe.
|
kickol |
Eve uste nekoja slika neka ima na forumot....
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/galicica%20zalez%201.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/galicica%20zalez%202.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/kaneo.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/galicica%20zalez.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/labudi%20pristaniste.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/galicica.jpg[/img]
[img]http://forums.vmacedonia.com/album/kickol/ohridsko%20leto.jpg[/img] |
AngeIGirl |
[url]http://www.novena.hr/ohrid/01-www/01-05.jpg[/url]
[img]http://www.novena.hr/ohrid/01-www/01-05.jpg[/img] |
AngeIGirl |
posetete ja stranata ... ima dobri sliki od ohrid :) .. ova trebashe da bide slika ali ne mi uspea :)
angelce dobro e evo e postavivne blagodaram za pridonesot
/slasa |
kickol |
Posle 5 veka lani bese osvetena crkvata Sv.Sofia...
A na utresen den ke bide posle 5 veka odrzana liturgija za Hristosovoto Raganje..
Hristos se rodi ....
Sreken bozik na site vas i se najubavo....
kice |
kickol |
Carstvoto Samoilovo
Во 969 година доаѓа до судир меѓу Византиjа и Киевската држава. Во екот на Бугарско-византиско-руските судири умрел бугарскиот цар Петар. Неговата смрт во Македониjа била искористена за кревање на ослободително востание. Градот Охрид и неговата област уште во почетокот се наоѓале во средиштето на востанието што го дигнале синовите на комитопулот Никола: Давид, Моjсеj, Арон и Самуил. Востанието што започнало во 969 година брзо jа зафатило целата териториjа на поранешната склавиниjа "Берзитиjа". Освен од оваа териториjа бугарската власт била отстранета и од другите околни области. Од некогашните македонски склавини се формирала Македонската словенска држава, позната како Самуилово царство. Во периодот од 971 до 976 година комитопулите Давид, Арон, Моjсеj и Самуил иако jа чувствувале врховната власт на византискиот император успеале да извоjуваат и меѓународно признание на нивната држава.
Подоцна како монарх Самуил успеал да создаде голема воjска и добро обучен кадар . Како плод на тоа, до краjот на X век, освен териториjата на Македониjа, без Солун, во рамките на Македонската држава биле вклучени и бугарски, српски, грчки, албански и хрватски територии. Со папска дозвола Самуил jа издигнал Македонската црква на ранг на патриjаршиjа. По претворањето на Охрид во царско и црковно седиште на Македонската држава, градот израснал во вистински средновековен град, односно метропола. Градот го сочинувале два териториjално споени делови: тврдината, коjа всушност претставувала акропол и подградието. Двата дела заедно jа сочинувале целата градска населба, коjа тогаш се означувала како полис.
Есента 1015 година византискиот император Василиj II успеал да го заземе Охрид, но тврдината останала и понатаму под власта на царот Јован Владислав, наследникот на Гаврило Радомир, син на цар Самуил. По убиството на Јован Владислав, пролетта 1018 година, дошол и краjот на Македонската држава. Еден податок од 1073 година зборува дека градот Охрид се наоѓал во рушевини откако тоа го сторил царот Василиj II, бидеjќи се плашел дворците на Македонците да не станат големо жариште на побуни.
Императорот Василиj II сметал дека поданиците ќе бидат послушни доколку и црквата се ангажира во тоа. Затоа тоj дозволил Охрид и понатаму да остане седиште на Охридската архиепископиjа. Тоа значи дека Охридската црква се претворила во орудие на византиската држава, со чиjа што помош византиските императори го одржувале своето господство над Македонците. Во рамките на Охридската Архиепископиjа во времето на Василиj II влегувале 32 епархии, додека кон краjот на XI век нивниот броj се намалил и изнесувал околу 26 епархии. Со еден од поглаварите на црквата-архиепископот Лав е поврзана обновата и живописувањето на катедралната црква Света Софиjа.
Кон средината на 1081 година Византиjа влегува во воjна со Норманите, така што во Македониjа се создаваат услови за отфрлање на византиската власт. Норманите сепак останале на тлото на Македониjа и во Охрид до 1085 година кога се повлекле од Балканот. Од тоа време долги и опсежни искажувања за Охрид има од географот Идризи, коj бил еден од плеjадата учени луѓе во кралскиот двор во Палермо. Според "Географиjата " на Идризи, коjа е напишана во 1153 година, кажано е дека Охрид лежел на патот Via Egnatia и до него од Драч (албанско пристаниште) се патувало шест дена. Освен стариот пат Via Egnatia низ Охрид поминувал и патот коj ги поврзувал Драч-Скопjе-Струмица-Мелник-Серез-Орфано, а и други централни и споредни патишта.
Во XII век во Македониjа, а особено во Охридскиот краj, богомилството зело широки размери. Особено биле засилени акциите на богомилите во градот Охрид и околината, кога по повлекувањето на Норманите се засилило народното движење против византиското господство.
За изгледот на Охрид и животот во него кон краjот на XI век и во текот на XII век сведочи и архиепископот Теофилакт Охридски. Од него се дознава дека во ова време Охрид бил голем град и дека во него живееле охриѓани кои имале македонско потекло. Во утврдениот град се наоѓала катедралната црква Света Софиjа , во коjа архиепископот Теофилакт вршел богослужба. За охриѓани Теофилакт вели дека богослужбата jа слушале како "магарињата лирата". Ова од причина што службата се вршела на грчки jазик. Останато е сведочењето на истиот архиепископ дека Охрид во тоа време се развивал во секоj поглед под влиjание на Венециjа и другите италиjански градови. Забележан е еден редок податок дека во Охрид постоел "совет на општини " коj се грижел за редот во градот, а пред него сметки полагал дури и самиот архиепископ.
За потребите на црквите во рамките на Охридската книжевна школа, а и подоцна до XV век биле создадени броjни богослужбени книги. Голем броj од ракописите од освоjувачите се однесени од Охрид во Болоња, Москва, Софиjа, Белград, Загреб, Прага, како и во други центри. Особено е значаен Болоњскиот псалтир- значаен македонски книжевен ракопис коj денес се наоѓа во Болоња (Италиjа) по што го добил и името. Во него има 264 пергаментни листови. Книгата jа напишале книжевниците Белослав, Јосиф и Тихота од селото Рамне - Охридско, во периодот од 1230 до 1242 година. Ракописите од тоа време обично биле пишувани со рака на пергамент, а биле и богато украсени со орнаменти и позлата. Болоњскиот псалтир се цени дека е еден од наjубавите словенски ракописи од XIII век. Редакциjата е македонска, а правописот карактеристичен за Охридската книжевна школа.
Во 1202 година Византиjа е под налетот на IV крстоносен поход. На 13 април 1204 година крстоносците го зазеле Цариград. Со тоа е ставен краj на Византиската империjа. На местото на Византиjа сега е создадена новата латинска империjа. Во Македониjа истата година е воспоставена латинска власт. Тогаш Охридскиот краj заедно со другите jугозападни македонски области биле вклучени во рамките на Солунското латинско кралство.
Во 1219 година за Охридската архиепископиjа се случува значаен настан. Никеjскиот патриjарх Мануил, како противтежа на Охридската архиепископиjа, jа спротиставува новоформираната Српска афтокефална архиепископиjа. Со осамостоjувањето на Српската црква, Охридската архиепископиjа ги загубила епархиите Рашка, Призренска, Липљанска и Сремска. Во 1272 година еден византиски император издал проглас со коjа на охридскиот архиепископ му дал за право да ги поврати одземените епархии од српската и бугарската црква. Во Лион во 1274 година е склучена спогодба за црковна униjа меѓу Рим и Цариград и тогаш силно се критикувани Србиjа и Загора бидеjќи се здобиле со афтокефалност без согласност на римскиот првосвештеник.
Во 1334 година српскиот крал Душан користеjќи ги разгорените внатрешни борби за власт во Византиjа го преминал византискиот одбранбен поjас во Македониjа и Албаниjа и притоа презел повеќе градови. Тогаш под српска власт паднале градовите Охрид, Прилеп и Струмица. Во текот на 70-тите години на XIV век во Охрид бил жупан Андреj Гропа. За време на неговото владеење, во 1378 година, била доградена црквата Света Богородица Перивлепта ( Свети Климент) во Охрид. За тоа има натпис во самата црква. Инаку, црквата е изградена 1295 година од ктиторот Прогон Згур.
Кон самиот краj на XIV век турскиот султан Баjазит I успеал насекаде во Македониjа да jа наложи своjата власт. Што се однесува до Охридското феудално кнежевство можно е според некои претпоставки да jа зачувало своjата самостоjност до краjот на векот, но се разбира под врховна власт на султанот.
|
Impolite |
[img]http://www.unet.com.mk/mbc/sliki/pejsaz.jpg[/img] |
Radost_fx |
ooooooooo kickol aman namali choek ke se mrdnish i btw si znajsh dek gradof ni e dobar samo lugeto koj ziveet vo ohridon ne chinet :))))))))))))))da bea site ko mene gradof ke cuteshe
|
NatusH |
[img]http://www.skyweb.net/~nace/eastern/naum.jpg[/img] |
NatusH |
[img]http://www3.sympatico.ca/emb.macedonia.ottawa/oh1.jpg[/img] |
NatusH |
[img]http://www.bsrec.bg/macedonia/photo_9.jpg[/img] |
NatusH |
[img]http://www.ajce.or.jp/Ohrid3.jpg[/img]
[img]http://www.ajce.or.jp/Ohrid2.jpg[/img] |
NatusH |
[img]http://www.cctvlabs.com/Photos/ohrid.jpg[/img] |
NatusH |
quote: Originally posted by Radost_fx
ooooooooo kickol aman namali choek ke se mrdnish i btw si znajsh dek gradof ni e dobar samo lugeto koj ziveet vo ohridon ne chinet :))))))))))))))da bea site ko mene gradof ke cuteshe
ahhahahaha teshko ohrid :o)
kice prodolzhi ne go slushaj :o) *cmok*
ahahahhaha |
slasa |
A ovoj raj go zaboravivte |
a-pin-dim |
pustam ziro smetka, za gradot Ohrid, da gi napraveme po ubavi ulicite vo Ohrid, turistucko mesto a ulicite se kako od nekoe selo, pa treba da mislat Ohrigani za da izgredat ubavi ulici, po ubav da e gradot, zatoa ke otvoram i ziro smetka za pridones za gradot Ohrid da ima po ubavi sokaci :o) sepak ne treba da se navredat Ohrigani tuku odma da se zalozat za ovaa, mora da bide naj ubav grad vo Makedonija. Ali toj e sepak ubav ali mora da bide naj naj ubav.
Pozdrav do site Ohrigani [?] |
Strelec |
Pozdrav do site Ohrigjanki:)
|