Za sramot i nacionalnata gordost
Za sramot i nacionalnata gordost
BorisVM Срамот, пердето и загубената национална гордост Мимоза Ристова-Васева Пред околу 6-7 години, ниту знам каде, ниту кога точно, но прочитав дека некој европски институт изработил скала за мерење на националната гордост. Не се сеќавам како ја мерел, но паметам дека резултатите беа такви што на врвот на листата беа Американците, па паметам дека нешто подолу беа Французите и Бугарите. Високо на листата беа и Србите. Но, знам дека Русите се најдоа некаде многу ниско. Ако нў имаше и нас, тогаш сум убедена дека ќе фигуриравме некаде при дното. Е сега ајде да побараме во која грмушка лежи овој преплашен и мизерен зајак: зошто се однесуваме вака? Зошто огромен број македонски државјани само за полесно да патуваат преку граница, да тргуваат и да шверцуваат стока потпишаа срамна изјава дека се чувствуваат Бугари? Си мислев дали е тоа поради глобализацијата, па не е повеќе важно дали си Македонец, Американец или Банту-црнец? Е не било тоа, зашто на секој Американец му е најважно од сў на светот да остане Американец. Дури и злосторствата и зулумите што ќе ги направи насекаде по светот не тежат исто за еден Американец колку за секој друг земјанин: за Американците не важи Хашкиот трибунал. Да размислиме потоа дали е поради претстојната интеграција со Европа, па станува сў помалку важно на кој народ од таа територија му припаѓате? Е, не е ни тоа. Европската унија е економска унија, а не и културна. Таа не ги тера луѓето да пишуваат изјави дека се чувствуваат Европејци, туку ги остава да бидат тоа што се. Тогаш што ли станало? Еве како размислувам јас во прилог на откривање на тајната за загубената национална гордост и срам. Секој човек има своја сопствена перцепција на самиот себеси. Таа го детерминира неговото глобално однесување и дејствување во својата непосредна околина. Искривената слика за самиот себе доаѓа во конфликт со реалната слика и предизвикува проблеми: ако е полоша од реалната, тогаш човекот има ниска човечка гордост и се потценува. Впрочем, и многу ментални техники започнуваат со сеанси за подобрување на менталниот автопортрет. Сепак, работата станува сериозна за политичката стабилност на една држава кога менталната слика ќе се наруши кај еден цел национален ентитет што прави мнозинство во таа држава. Тогаш доаѓа до нарушување на некои суштински надворешни релации, особено со соседите кои одвај чекаат во празнотијата, вакуумот и недостигот на политичка грижа кај нас да се наметнат и да се вгнездат. И навистина, имам сретнато руски постдипломци во Америка коишто на моето прашање дали се Руси (судејќи според типичниот акцент на англискиот), повеќето од нив велеа дека не се сосем. Кога си помислив дека се со мешана генетика, тогаш еден рече дека е во Америка веќе 8 години и дека се чувствува Американец, иако сў уште не се снабдил со државјанство. Другиот рече дека живеел со девојка - Американка и сега и тој се чувствува како да е еден од нив. Па си помислив, кога Русите ги стрефила ваква срамота, кога тие се одрекуваат од својата суштина, а всушност треба да бидат најгорди на својата понова историја и култура од сите нации во светот , тогаш ние треба да се чувствуваме како пингвини (птици што потсетуваат на луѓе). Потоа си реков, тоа е судбинскиот пат на бившите социјалистички земји: падна социјализмот на коленици пред капитализмот и со себе ги повлече и националните чувства и гордоста. Но, драги читатели, не било ни тоа. Ако беше така, тогаш и Бугарите, кога отстапи руската социјалистичка чизма, ќе се идентификуваа себеси со нешто друго. А тие, сосем спротивното, станаа уште погорди на својата, за мене не толку многу блескава историја (во две светски војни сојузници со окупаторот), и уште погласно ја фалеа својата, за мене, исто така не толку дистинктна култура. Значи дека не е до падот на социјализмот. И на крајот преостануваат само уште две решенија, едното параноично, а другото е судбинско. Или кај нас била направена надворешна интервенција, ујдурма или заговор за да се откажеме од сопствениот идентитет, па така најлесно можат да нў приспособуваат за своите потреби, или едноставно сме такви: дегенерирани луѓе со природно вградена ментална дисторзија во перцепцијата за самите себе, луѓе со кратка меморија за паметење на своите културни белези и разликите од другите, луѓе и со краток ум за согледување на долгосежните последици од недостатокот на самосвеста и гордоста на својот културен и национален идентитет. Клета судбина дадена од Бога. И така, еден ден Европа ќе ги симне границите, и навистина и Бугарите и ние ќе се направиме рамноправни Европејци од Унијата, но сепак Бугарија ќе ги задржи хартиите со изјавите од малите и ситни Македончиња дека се чувствуваат Бугари, и ќе продолжи да ни мавта со нив, да дејствува и да нў чепка на други нивоа: култура, историја јазик и црква. И, конечно, ако поединци од народот не се доволно свесни и не се одговорни за своето национално самоодрекување, тогаш политичарите нека се погрижат со помош на интервентни закони и мудро смислени ограничувања за да им стават диоптер на овие луѓе, за можат да се видат себеси како горди Македонци со минато, иднина и просперитет. Потребно е брзо и интервентно спречување на оваа распродажба на националните чувства и на идентитетот. Потребно е да се стави крај на ова самоодрекувачка агонија. Сега знам зашто во последно време кај црквата ?Свети Спас", поточно во гробот на Гоце Делчев, се чувствува како нешто да се врти и ротира. Ако некој од вас слушнал таков звук, тогаш знајте, не е ништо опасно. Ниту некој подметнал дизел мотор во гробницата темна, ниту пак таму перпетуум мобиле се пикнал од жал, та тоа нашиот национален јунак за македонските слободи се превртува во гробот мрачен поради срамот од народот што се одрекол од себеси, та се пишува б'лгарски без трошка срам, перде и жал. Кажуваат и некои случајни патници дека имаат слушнато звуци од превртување и од гробот на другарот Тито. И тоа не поради Ранковиќ или некој друг што му се огрешил, туку поради нас недораснатите, недоветните и недостоинствените Македонци. Се превртува од јад зашто тој ни подари доверба и ни укажа почит на нашата националност и недозреаната потреба од државотворност, а ние ја фрливме како да е семка од пиперка. Ние како улави се потрчавме по бугарските пословства за да се пишеме блгарчиња, само зашто така било полесно да се патува преку граница, да се тргува и да се шверцува стока. (Авторката е професорка на Природно-математич