"Makedonija"-НАЈГОЛЕМИОТ КРСТОСУВАЧ ВО ЗЕМЈАВА !
"Makedonija"-НАЈГОЛЕМИОТ КРСТОСУВАЧ ВО ЗЕМЈАВА !
AaaAa Prevzemeno od http://www.vest.com.mk/default.asp?id=54411&idg=3&idb=738&rubrika=Revija [img]http://www.vest.com.mk/images/{D63C51D9-1E62-4AA2-A6B8-172034FD4829}_makedonija-2.jpg [/img] НАЈГОЛЕМИОТ КРСТОСУВАЧ ВО ЗЕМЈАВА СЕ ВРАЌА КАЈ СТАРИТЕ СТОПАНИ Бродот "Македонија" надживеа две држави Охридскиот трговец, интелектуалец, боем и ерудит Боро Фортомар, го купил бродот "Македонија" во 1937 година, во 1941 најголемиот македонски крстосувач е потопен во езерото, а од 1949 е национализиран. Боро Кон крајот на летово во Охрид, сестрата и братот Лиле Чингова и Слободан Буклевски, со денационализацијата, како директни наследници, по петдецениска неправда, го добија најголемиот пловен објект во земјава - бродот "Македонија". Необична, бурна и мистична е историјата на овој брод, кој плови речиси седум децении и надживеа две држави. Изграден е во 1937 година во бродоградилиштето "Сартид" во Смедерево и оттаму го купил охридскиот трговец, интелектуалец, боем и ерудит Боро Фортомар, инаку чичко на сегашните наследници. Судбината на "Македонија" е тесно поврзана со стопанскиот и културниот развој на Охрид. Стана и статусен симбол на градот, го има на сите туристички и други публикации што го претставуваат Охрид во светот, а на градското пристаниште каде што е закотвен е честа цел на посетителите. Според кажувањата на најблиските на Боро Фортомар, тој овој брод го купил во 1937 година од бродоградилиштетот "Сартид" во Смедерево, сега СРЈ. Изработен бил од челик и бил конструиран според највисоките стандарди што тогаш важеле во бродоградителството. Нема прецизни податоци како овој брод е донесен од Смедерево во Охрид, но се знае дека по тогашните патишта од Охрид до Битола патниците патувале со денови. А "Македонија" тежел 89 тони, бил долг над 23 метри. Оваа мала мистерија останува да ја расветлат идните хроничари на Охрид. По пренесувањето во Охрид, по тогашните правила и редот на нештата, мајката на Лиле и Слободан, инаку ќерка на братот на Боро Фортомар, бродот го крстила со името "Крал Петар". Под тоа име пловел се до почетокот на Втората светска војна, кога заедно со уште еден брод во сопственост на Фортомар, намерно бил потопен. Едни велат кај Горица, а други кај Свети Наум. Еден од морнарите ги одвртил чеповите што се наоѓале на трупот на бродот и тој, под притисок на водата, потонал. На дното на езерото "Крал Петар" лежел се до 1949 година. Во таа година власта решила да го извади од езерското дно и да го оспособи за пловидба. Вадењето на бродот се одвивало со денови, а при завршната операција, една од сајлите што го кревала трупот пукнала и на половина го пресекла еден од работниците. Тука бил и Боро Фортомар кој, велат, никогаш не го заборавил овој трагичен и тажен момент. По вадењето од езерото, бродот бил регистриран под името "Скопје", а сопственик станало претпријатието за езерски сообраќај "Билјана" од Охрид. Претходно, во 1948 година бродот бил национализиран од државата. Овој наш најголем пловен објект пловел по езерото се до 1972 година, меѓутоа, поради истрошеноста на материјалот, од таа година, па се до 1988 година бил надвор од употреба. Во 1988 година бродот го презела фирмата ЕМО од Охрид, која го ревитализирала неговиот труп и вградила мотор со сила од 176 киловати. Реновираниот брод го добил името "Македонија", а и сега плови под тоа име. На палубата и потпалубата може да собере вкупно 150 патници. Пред војната овој брод бил главно превозно средство за охридските трговци кои набавувале стока од соседна Албанија. Редовно пловел на линијата Охрид - Подградец, Албанија, од каде што македонските трговци се снабдувале со текстил, свила, со прехранбени производи. Најголем дел од стоката во Подградец носеле италијански трговци, со што, преку овој брод, Охрид имал трговски врски и со развиените земји од Западна Европа. Во тоа време во Охрид речиси ниту една невеста не се мажела без убавите руби со стил на последната европска мода што Фортомар ги носел од Италија. По војната, "Македонија" главно служел за превоз на туристи до излетничките места на брегот на Охридското Езеро, како и на многубројните странски делегации што доаѓале во Охрид. На неговата палуба се возеле познати светски државници и кралеви. Изминативе две години, неколкупати двете надлежни министерства од Македонија и од Албанија разговараа за повторно отворање на бродската линија Охрид - Подградец во Албанија, на која требаше да сообраќа "Македонија", меѓутоа досега не е најдено соодветно решение. А кој бил, всушност, Боро Фортомар, сопственикот на бродот "Македонија" и уште на двата помали брода "Араб" и "Корзика". Внуката на неговиот брат Никола, д-р Лиле Чингова, вели дека тој за свое време бил посебно ценет меѓу охриѓани. Во 1930 година заминал во Париз каде што ги завршил студиите по лозарство. Веднаш по враќањето во Охрид, донел повеќе сорти грозје и лозови насади. Фортомар летата ги минувал во Охрид, а зимите во најпознатите монденски зимски центри во Швајцарија и во Австрија каде што скијал. Мошне често престојувал и во Атина каде што имал контакти со богатите атињани и со тамошниот интелектуален свет. Преку овие контакти, тој го донел духот на Европа во Охрид. Иако опкружен со сликари, трговци, со убави жени, тој животот го поминал сам и никогаш не се оженил. Голем дел од својата енергија и љубов го потрошил на бродовите, а најмногу се гордеел со бродот "Македонија". Со него ги одржувал трговските врски со Албанија, а оттаму и со земјите од Западна Европа. Зашто бродот претставувал симбол на моќ и на богатство. Најголемиот удар го доживеал во 1949 година, кога тогашната власт му го национализирала бродот "Македонија". Тоа не можел да го прежали, а за одземениот брод не зел ниту една пара. К. Терзијановски