OooOo |
prevzemeno od vest.com.mk .. ako nemozhete da go prochitate tekstot odete na Internet Explorer vo view/encoding i izberete kirilica (cyrillic windows).
ШТИПЈАНЕЦОТ ВЛАДО ГИЧЕВ Е НА ПАТ ДА ПРЕДИЗВИКА РЕВОЛУЦИЈА ВО СЕИЗМОЛОГИЈАТА
Трисетидевегодишниот Владо Гичев од Штип е на пат да предизвика вистинска револуција во сеизмологијата. Во неговиот докторски труд "Дегенериран тридимензионален конечен елемент во анализа на ротациона лушпа" на Универзитетот на Јужна Калифорнија, тој открива нов метод на детектирање на земјотресите кој веќе доби позитивна оценка од јапонските сеизмолози и се очекува да биде масовно применет во првин Америка, а потоа и во други трусни подрачја во светот.
Овој млад научник е роден во Штип. Градежниот факултет го завршил во Скопје, а веднаш потоа магистрирал на Машинскиот факултет, оттсек механика. Се вработил на Рударско-геолошкиот факултет во Штип каде бил асистент по информатика. Неговата интензивна научна работа му овозможила контакт со професорот Михаило Трифунац кој подолго време живее и работи во Америка. Професорот се заинтерсирал за најновите идеи и проекти на младиот македонски научник и веднаш го поканил образованието и научно-истражувачка работа да ја продолжи токму во Америка. Поканата била прифатена и Владо Гичев веќе втора година живее и работи во Лос Ангелес. Гичев е асистент на професорот Трифунац на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Истовремено работи како асистент и на неколку други професори од овој Универзитет. Универзитетот на Јужна Калифорнија е еден од најстарите, најреномираните и истовремено најскапите приватни факултети во Америка. Годишната школарина или студенска такса изнесува 35.000 долари. На овој Универзитет во чии рамки работат 20-тина факултети, студираат над 15.000 студенти и тоа претежно на Градежниот факултет како најатрактивен факултет на Универзитетот.
Професорот Трифунац е научник од светски глас во областа на земјотресното инженерство и е еден од тројцата најдобри експерти во светот во оваа сфера. И тој самиот е пријатно изненаден што во овие 2 години македонскиот научник ја понуди во својата докторска дисертација под наслов: "Дегенериран тридимензионален конечен елемент во анализа на ротациона лушпа". Всушност, докторскиот труд на Гичев претставува комјутерска програма со нов метод во земјотресното инженерство. Со овој метод на симулација се утврдуваат параметрите и јачината на земјотресот. Методот овозможува прецизно да се следи ширењето на сеизмелошките бранови, кои кога наидуваат на објектите се движат низ нив со неверојатна брзина и разорна моќ.
Досега стандардите се утврдуваа со примена на статички сили во објектите и тоа на ниво на меѓукатни плочи и конструкција. Но, Американците веќе подолго време не се задоволни од постојните методи, бидејќи досега секаде во светот се користат кодови за квазистатичко определување на параметрите. Теоријата на Гичев е теорија на пропагирање на сеизмичките бранови, теорија на ширење на брановите и нивно следење, следење на сите диференцијални поместувања мегу точките во објектот што овозможува да се оценат и со посебни формули да се добијат резултати за деформациите мегу две точки кои се круцијални за оштетувањата на објектите.
Американците интезивно работат на подобрувањето, пред се на американските стандарди за градба во сеизмичките подрачја, посебно во Калифорнија која важи за многу трусен регион. Ова особено по неколкуте силни земјотреси што ја снајдоа Америка во изминатите неколку години. На Американците се уште им е свежо сеќавањето на големииот земјотрес во 1971 година во Сан Франциско или пак силниот земјотрес во 1994 година кога таканаречениот земјотрес "нортрич" во Лос Ангелес урна повеќе станбени објекти. Земјотресот сруши и повеќе големи мостови, и тоа во време кога френфенцијата на моторните возила беше најголема. Тогаш загинаа неколку стотици луге, а материјалната штета беше голема и непроценлива, вели Гичев и додава:- "Најслабите точки на мостовите се токму на местата каде се спојуваат хоризонталните асфалтни плочи со столбовите Мојот метод утврдува какви и колкави се токму тие поместувања спрема јачината на земјотресот, па врз основа на тие податоци се утврдуваат и другите параметри, а потоа и параметрите за градење на објектите. Тогаш, градбата ќе биде поефтина и поекономична, а со намалувањето на бројот на слабите точки ќе биде и многу поиздржлива.
Инаку, овој дел на Америка е посебно трусен заради спојот на континеталната со пацифичката плоча каде доага до разни геотектонски активности кои се генератори на земјотресите. Во Калифорнија, тврди Гичев, секојдневно се тресе тлото, со тоа што голем број мали земјотреси воопшто не се чуствуваат.
Затоа , Американците не оставаат ништо на случајноста. Напротив , тие секогаш одат понатаму во развојот на земјотресното инженерство. Проектот и методот на македонскиот научник на "диференцијални движења", како многу поефикасен и пореалистичен од досегашниот метод го финансира и Американската фондација за национална наука.
Владо Гичев смета дека методот ќе се применува и во Македонија. Балканот е на иста географска широчина со Калифорнија. Светот веќе почна да се интересира за новиот метод, а позитивно мислење за него дал и професорот Накаи Хајаши од Кјото, исто така, научник од светски глас. Од друга страна, професорот Трифунац во првите месеци од оваа година веќе започна да ја реализира азиската турнеја со промоција на најновите остварувања во земјотресното инженерство. Покрај Јапонија, ќе се престојува во Индија и Кина , како и во другите азиски трусни подрачја кои исто така мака мачат со земјотресите.
Младиот македонски научник Владо Гичев вели дека да дојде до нови изуми најмногу му помогнало играњето шах. Тој, впрочем, потекнува од шаховско семејство. Неговиот помал брат Благој Гичев е познат шахист. Нивниот татко специјалист по педијатрија доктор Лазар Гичев, исто така, е познат шахист. Шахот е нивна главна семејна забав. По Божиќ, Владо Гичев се враќа во Америка за да го заокружи својот докторски труд и да ја продолжи својата научна работа. |