In Memoriam
In Memoriam
AaaAa Prevzemeno od Vest.com.mk Ne e bash FILM no sepak ... Slava i ИН МЕМОРИАМ Нада Гешовска засекогаш ја напушти сцената На градските гробишта во Бутел вчера беше погребана актерката Нада Гешовска (73), доајен на македонскиот театар. Комеморацијата се одржа во Драмски театар, а познатата актерка ја испратија многубројните почитувачи на нејзината искрено сакана уметност. Со многу болка и тага од Гешовска се простија нејзините колеги и пријатели, преку говорите на Лилјана Вељановска, Благоја Чоревски, Ристо Стефановски, Марјан Чакмаковски, Савка Тодоровска. Телеграми со сочувство до семејството на починатата испратија и претседателот на Владата Бранко Црвенковски и претседателот на државата Борис Трајковски. Во летописот на македонската современа глума, Гешовска ќе остане запаметена како актерка, која со голема физичка и ментална сила извонредно ги градеше капитални ролји, а истовремено многу професионално се однесуваше и во подготвувањето на т.н. "мали улоги". Актерската кариера на Нада Гешовска почна во Прилепскиот народен театар. Таа продолжи да настапува во Македонскиот народен театар, а најголемата афирмација ја постигна во Драмскиот театар, кој остана нејзина матична сцена. Раскошниот актерски талент на Гешовска најцелосно дојде до израз со носечките ролјите во претставите "Тројанки", "Злосторство и казна", "Тил Ојлентшпигел" , "Лисистрата", "Ослободувањето на Скопје", "Васа Железнова", "Нажалена фамилија" и многу други. Добитник е на многубројни награди и признанија, меѓу кои и наградата "11 Октомври" за животно дело.