МАКЕДОНИЈА ПРОСТО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
МАКЕДОНИЈА ПРОСТО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ
Whitebaby http://www.vest.com.mk/default.asp?id=56551&idg=3&idb=775&rubrika=Makedonija Претседателот на Републички судски совет мочал по улици Новинар на ТВ Сител сведочи дека во ценатрот на Скопје за малку ќе бил помочан од Јордан Дескоски, претседателот на Републичкиот судски совет "Во петокот, околу 23 часот се враќав дома. Кога поминував во строгиот ценатар на градот, пред мене забележав човек кој беше облечен во црно палто и се тетеравеше одејќи лево десно. Во моментот кога се доближи до мене, забележав дека моча. Се сопна кај една дупка, застана и продолжи да моча, на очиглед на неколкумина минувачи. Кога се олесни, си го продолжи патот кон населбата Кисела Вода. Не ми се веруваше кога видов дека човекот кој апла пред насобраниот народ мочаше не е никој друг туку претседателот на Републичкиот судски совет Јордан Дескоски. Изреволтиран од настанот, решив да испратам отворено писмо до РСС и до сите судови, со цел да се запознаат каков е моралот на личноста која треба да го оценува моралот на 700-те судии во државава"-изјави за "Вест" новинарот на ТВ Сител Саше Димовски. Во отвореното писмо до престседалот на РСС Дескоски, Димовски вели дека му е жал што ова отворено писмо се совпаѓа со предлогот на Владата за "принудно" пензионирање на членовите на РСС преку измените на Законот за Републички судски совет, "но морам да посочам на дел од вашето однесување кое, според мене, Ве прави веднаш недостоен за вршење на оваа функција". "Ако во Законот постои одредба за моралниот лик на судијата, и ако ги прекрши тие норми, што потоа може да биде основа за негово разрешување, јавно прашувам: Што уште треба Вие да сторите за да заминете од позицијата претседател на РСС", пишува во отвореното писмо до претседателот на институцијата која е врвот на кадровската пирамида во судството и одлучува дали некој ќе биде или не судија. Димевски во писмото наведува дека кога им кажал на голем број луѓе во судството дека "за малку ќе го помочал претседателот на РСС Дескоски во центарот на Скопје" од нив добил " 'дополнителни' информации дека не е првпат, и дека и други Ве гледале на слични места низ Скопје, како мочате на јавни места, по вашите чести седења во кафеани, пред се, со претседателите на основните судови Скопје 1 и Скопје 2, како и со други ваши пријатели". Вчера се обидовме од прозавниот Дескоски да добиеме одговор дали се точни наводите во отвореното писмо. Тој цел ден беше недостапен оти, како што рече секретарката, нонстоп бил на состаноци. При крај на работното време во кабинетот на Дескоски немаше никој, а на телефонот беше вклучена електронската секретарка. К. Мачкиќ