OooOo |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=56648&idg=3&idb=777&rubrika=Makedonija
СЕДУМСТО ДРУГАРКИ И ДРУГАРИ ПАК ГО ИЗБРАА СТАРИОТ ЛИДЕР
Седумстотини другари и другарки пак го избраа Бранко Црвенковски за лидер на Социјалдемократскиот сојуз.
На конгресот на партијата што се одржа во саботата, за повторен избор на Црвенковски не гласаше никој против, а само десет гласачки ливчиња беа неважечки, што е за седум повеќе од последниот избор пред четири години.
За генерален секретар на партијата е избран Никола Ќуркчиев, бивш градоначалник на Гевгелија.
Црвенковски во обраќањето пред другарите-делегати(како што меѓу себе се ословуваат ) вети дека ќе создаде амбиент во кој на прво место ќе биде лојалноста кон Уставот и законите, а не кон партиите, пријателите и роднините.
"Нема власт имуна на криминал и корупција. Порано или подоцна ќе се случат такви работи и во нашите редови. Она што сакам да стане јасно, да му биде јасно на секој вистински член на СДСМ, да биде 11 Божја заповед, е дека нема гледање низ прсти, ќе нема никво повикување на минат труд или партиски заслуги, ќе нема повисок интерес за да се покрие партискиот срам", им порача Црвенковски на своите другари и другарки сопартијци.
Лидерот на СДСМ вети дека време е да се расчисти со непотизмот во редовите на Социјалдемократскиот сојуз.
"Ќе ги погледнеме листите на именувани и избрани лица, на членовите на управните и надзорните одбори. Ќе констатираме дали негде има конфликт на интереси, дали има дуплирање на исти личности, дали имаме решенија како резултат на непотизам, дали имаме лица кои не ја исполниле обврската од Законот за корупција и сите што излегуваат надвор од овие принципи ќе бидат разрешени и заменети", потенцираше Црвенковски.
На конгресот присуствуваа претставници на коалиционите партнери, ВМРО-ДПМНЕ на портпаролско ниво, ДПА и гости од европските социјалдемократски партии.
AMIN |