melpomena |
1502 - Португалскиот морепловец, Васко де Гама тргна од лисабонското пристаниште на второто патување за Индија. Пет години порано Васко де Гама го откри овој пат, пловејќи околу ртот Добра Надеж.
1755 - Во Париз, умре Шарл Монтескје, еден од најголемите француски филозофско-политички писатели. Со Волтер, Русо и Дидро, е претходник на француската револуција. Роден е во Бордо, на 18. 1. 1689 година. (МИА)
|
yURI |
1515.- Во Софија, поради одбивање да го прими исламот, жив е изгорен Ѓорги Кратовски, македонски културен деец.
1755.- Во Париз, умре Шарл Монтескје, еден од најголемите француски филозофско-политички писатели. Со Волтер, Русо и Дидро, е претходник на француската револуција. Во неговото главно дело "Духот на законот" ја изнесува теоријата за поделба на власта, на законодавна, извршна и судска, која и денес е темел на западната парламентарна демократија. Роден е во Бордо, на 18.01.1689 година.
1837.- Во Петроград, од раните здобиени во двобојот со францускиот авантурист Дантес, умре Александар Сергеевич Пушкин, еден од најголемите руски и светски писатели. Лириката му се одликува со совршеност и со крајна едноставност на изразот. Наоѓајќи се на почетокот на рускиот реализам го напиша романот "Евгениј Онегин", дело за кое Белински рекол дека претставува "енциклопедија на рускиот живот". Други негови познати дела се историската драма "Борис Годунов" и прозните дела "Пиковата драма", "Капетановата ќерка" и други. Роден е во Москва, на 6.06.1799 година.
1923.- Умре Вилхелм Конрад Рентген, германски физичар. Ги откри "икс" зраците, подоцна наречени "рендгенски" и за тоа откритие ја доби Нобеловата награда за физика. Роден е во 1845 година.
1977.- Умре Сергеј Илјушин, водечки советски конструктор на авиони. Во текот на три децении конструира повеќе од 50 видови авиони. Роден е во 1894 година.
|