dnevnik
dnevnik
slasa http://int.dnevnik.com.mk/defaultbd5a.html?pBroj=2072&stID=14101
slasa СООПШТЕНИЕ НА АНА Мобилизирани делови од дивизијата "Адем Јашари" ќе ги чуваат Албанците Албанците од Приштина, Тирана, Прешево и од Македонија мора да се обединат за да не бидат поразени и угнетувани од Србите, Црногорците и од Македонците, се вели во соопштението Албанската национална армија (АНА) вчера соопшти дека мобилизирала некои делови од дивизијата "Адем Јашари", како одговор на акцијата на српската полиција, која за време на викендот уапси неколку етнички Албанци во јужна Србија, пренесува МИА. "Ќе мобилизираме делови од дивизијата "Адем Јашари" за да ги заштитиме Албанците од српската репресија во Прешевската долина", се наведува во соопштението на АНА објавено на нејзината интернет-страница. Во соопштението се вели дека Албанците од Приштина, Тирана, Прешево и од Македонија мора да се обединат за да не бидат поразени и угнетувани од Србите, Црногорците и од Македонците. Соопштението е потпишано од Валдет Вардари, Албан Вјоса и од генерал Виган Вјадица. Израелската агенција "Дебка" на својата интернет-страница, која понекогаш пласира сомнителни и контроверзни информации, известува дека и во нашата земја "шетаат" муџахедини. На овој сајт неодамна беше објавено дека скопјани биле навикнати да го гледаат, секоја среда и четврток, 45-годишниот маж, кој со "калашњиков" обесен на неговиот врат слободно си пазарел во маркетот "Веро" во населбата Капиштец. Персоналот и потрошувачите знаеле дека тој човек е еден од најбараните 30 терористи на Ал каеда, кои се кријат на планината Скопска Црна Гора. Вработените од "Веро" го негираат овој случај и за "Дневник" изјавија дека "првпат слушаат за оваа чудна појава". Според "Дебка", македонската армија и силите на НАТО ја засилиле контролата на косовско-македонската граница за да ги најдат терористите. Но, никој од нив не се сетил да го следи "редовниот купувач" до неговото скривалиште. Сајтот тврди дека овие терористи се под заштита на Али Ахмети, лидерот на ДУИ. При потпишувањето на охридскиот договор, Ахмети им ветил на европските дипломати дека ќе им ги предаде имињата на 30-те терористи што се кријат во Македонија. Но, откако Ахмети седнал на функционерската фотелја, тврдел дека никогаш не се согласил да ги предаде имињата. "Дебка" смета дека со охридската спогодба, Ахмети ширум ја отворил вратата за терористичките групи од Блискиот Исток. Никој од македонските полициски сили или меѓународната мировна мисија не се осмелува да влезе во областите околу Тетово и да го спречи дејствувањето на терористичките групи. Како и да е, сајтот тврди дека европските дипломати им забраниле на македонските сили и силите на НАТО да "ги бркаат" терористичките лидери, зашто се плашат во Македонија да не се случи крвава граѓанска војна меѓу "славомакедонците" и албанските терористи.
slasa [img]http://www.zum.com.mk/izdanija/122/971.jpg[/img] ИНТЕРВЈУ: БРАНКО ЦРВЕНКОВСКИ Не прифаќаме никакви уцени! Никакви закани или ултиматуми нема да не поколебаат во определбата за решителна борба против криминалот и корупцијата, особено што на неодамна одржаните парламентарни избори народот побара да се запре ова зло и да се казнат виновниците, вели премиерот Бранко Црвенковски. Според него, политички и правно е сосема нејасно каков потпис од Рамковниот договор ќе повлекува ВМРО-ДПМНЕ бидејќи во парламентот огромно мнозинство од нивните пратеници веќе гласаа за уставните измени! Црвенковски смета дека не смее да се жали време и енергија во решавањето на проблемите во меѓуетничките односи ако тие обезбедуваат долгорочна стабилност на земјата, додавајќи дека во таа насока драгоцена ќе биде помошта и од македонската јавност и од меѓународната заедница. Во интервјуто за ЗУМ премиерот Црвенковски говори и за економските состојби во државата, за реформите на кои мора да опстои Владата, за односите со меѓународните фактори и за можноста за "спонзорство" во приближувањето кон ЕУ и НАТО, за преговорите со Грција и за шпекулациите дека неговиот претходник тајно дал согласност за промена на името... Разговараше: Зоран Маркозанов Фото: Дарко Мораитов ЗУМ: Господине Црвенковски, како го оценувате ставот на ВМРО-ДПМНЕ дека ако не престане притворањето на нивните функционери, тие ќе го повлечат потписот од Рамковниот договор ? ЦРВЕНКОВСКИ: Најнапред, на тие што јавно обвинуваат треба да им биде јасно дека во Македонија не се водат постапки против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, туку со одлука на судската власт се притвораат граѓани на Република Македонија за кои постои основано сомнение дека се огрешиле од законот. Тоа што има основани и сериозни сомневања дека тие луѓе дошле во сериозен судир со законот, а истовремено се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, треба да ги загрижи нив. Впрочем, јас не можам да ги разберам нивните реакции. Она што е интересно е дека досега не чувме реакција во поглед на оценката на нивната вина, што значи дека тие или знаат дека се виновни или, пак, се замешани во криминал. Рамковниот договор нема никаква допирна точка со намерата да се справи со организираниот криминал во Република Македонија. Дополнително на тоа, политички и правно е сосема нејасно каков потпис ќе повлекуваат? По потпишувањето на Рамковниот договор, во парламентот имаше гласање за усвојување на Амандманите за измени и дополнувања на Уставот, што произлегоа од овој договор, а за кој во огромно мнозинство гласаа и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Што значи дека, како партија, тие веќе почнаа да го применуваат Охридскиот договор. Со други зборови, ова е несериозен пристап од едно несериозно и неодговорно раководство во поглед на клучни работи за стабилноста и иднината на Македонија. ЗУМ: Очекувате ли радикализација на состојбите во државата - со што се заканува ВМРО-ДПМНЕ, повикувајќи се на наводно незадоволното партиско членство? ЦРВЕНКОВСКИ: Можеби ќе се случи радикализација на однесувањето на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но не верувам дека тоа ќе наиде на поддршка кај членството, уште помалку кај граѓаните. Очигледно дека раководните структури во оваа партија уште еднаш сакаат да го искористат членството на партијата како покритие за криминалното однесување на поединци од раководните структури на партијата. ЗУМ: Дали ваквата, би рекле - политичка, уцена може да ја поколеба Владата во борбата против криминалот и корупцијата? Постои ли можност оваа власт да ги амнестира Георгиевски и неговите најблиски соработници од евентуално кривично гонење ? ЦРВЕНКОВСКИ: Не прифаќаме никаква политичка уцена од кого било во борбата против криминалот и корупцијата. Впрочем, на неодамна одржаните парламентарни избори народот побара да се запре ова зло и да се казнат виновниците. Затоа што токму овој криминал во времето на и онака тешката економска ситуација, карактеристична за транзиционите земји, македонските граѓани ги доведе во очај. Не сакам да прејудицирам никаква посебна ситуација, затоа што законот мора да се испочитува до крај. Во правна држава вината не ја утврдува извршната власт туку судската, согласно со законите. Она што е јасно е дека никакви закани или ултиматуми нема да не поколебаат во определбата за решителна борба против криминалот и корупцијата. ЗУМ: Какви рефлексии врз имплементацијата на Рамковниот договор ќе предизвика евентуалното повлекување на ВМРО-ДПМНЕ од него ? ЦРВЕНКОВСКИ: Ние во повеќе наврати се искажавме и решени сме Рамковниот договор да го спроведеме до крај и тоа во онаа форма како што беше договорено во Охрид. Ниту помалку, ниту повеќе од тоа. Преговорите во Охрид траеја долго со цел да се дојде до што е можно попрецизни решенија кои потоа нема да се толкуваат на различен начин. Во целокупниот процес на разговорите учествуваше и врвното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, во тоа време од позиција на власт, што значи дека ако нешто не било по нивна желба, тоа можеле да го кажат тогаш. Рамковниот договор е еден сериозен документ со кој се разреши една тешка и сериозна ситуација во која се најде Република Македонија. Затоа ние ќе одиме понатаму. Ние тоа не го правиме заради СДСМ или против ВМРО-ДПМНЕ туку - за Република Македонија. ЗУМ: Владата е некаде на половина пат од оној "аклиматизационен" период од 100 дена. Како ја оценувате досегашната соработка со ДУИ и дали сте оптимист оти оваа коалиција може да изгради такви меѓуетнички односи кои ќе гарантираат стабилност и просперитет ? ЦРВЕНКОВСКИ: Во поглед на "аклиматизациниот" период сте во право. Ако постои аклиматизационен период за една влада, тогаш постои аклиматизационен период и за партиципиентите во таа влада. Да потсетам дека ова е коалициона влада составена од повеќе партии и нормално е дека е потребен еден период на меѓусебно запознавање и приспособување. Тоа посебно се однесува за ДУИ, која како партија на овие простори се појави неодамна и како таква, се разбира, и нејзе и е потребен аклиматизационен период како партиципиент во Владата. Оптимизмот на нашата соработка со ДУИ го темелам на фактот што оваа партија за време на изборната кампања настапи со платформа за примена на Рамковниот договор и интеграција во македонското општество, за што ја доби поддршката на огромниот број на албанскиот електорат. Во тој поглед, може да се каже дека ДУИ во власта влезе со полн капацитет. Сега од нив ќе зависи дали тој капацитет навистина ќе го искористат за да се реализира довербата што ја добија од народот. ЗУМ: Случајот Шемшево, кој се уште не е докрај решен, се чини, е токму првиот тест на тој план. Дали овој компромис, на кој се изгуби многу време и енергија, ќе биде некаков рецепт по кој ќе се решаваат идните проблеми во меѓуетничките односи ? ЦРВЕНКОВСКИ: Кога се во прашање меѓуетничките односи, секогаш е подобро да изгубите малку повеќе време за да се обезбеди компромис отколку проблемот да го решите за кратко време но нецелосно, кој понатаму ќе биде извор на нови тензии. Јас не жалам време и енергија во решавањето на меѓуетничките односи ако тие обезбедуваат стабилност на земјата во еден подолг временски период. Но ситуациите во кој се наоѓаме или во кои ќе се наоѓаме во иднина ќе бидат различни. Во некои ситуации ќе се оди на политичко убедување, а во други едноставно ќе мора да се применат други средства. Да не заборавиме дека причинителите на некои други ситуации секогаш не се меѓуетничките состојби туку, едноставно, се работи за криминал кој мора да се санкционира со законите на правната држава. ЗУМ: Враќањето на бегалците, но и враќањето на меѓуетничкиот соживот, воопшто, во најголема мера ќе зависат од безбедноста и сигурноста на западниот дел на државата. Кога очекувате целосно стабилизирање на состојбите во тие региони ? ЦРВЕНКОВСКИ: Враќањето на бегалците и повторното воспоставување на меѓуетничкиот соживот во Република Македонија е процес. Тоа е еден од приоритетите на оваа влада, но овој процес треба да се сфати и како задача на македонското општество во целина. Се разбира, тука од голема важност е и помошта на меѓународната заедница. Владата сигурно ќе го изврши својот дел од обврските, но поради сложеноста на нарушувањата од ваков вид многу е битно во овој процес да се вклучат и невладините организации, особено медиумите. Многу е битно сите да сфатиме дека етничките делби никому не можат да му донесат среќа. Луѓето сакаат да живеат во мир. Да создаваат за себе и за своите семејства. Огромниот број од населението сака да се остварат овие цели. Улогата на државата, а тоа значи на Владата, е да презема мерки за да се оствари оваа цел. Ние тоа ќе го правиме, но секако е драгоцена помошта и од македонската јавност. ЗУМ: Веќе од првиот ден, новата Влада ја пречека бран штрајкови. Како ја оценувате сегашната економска ситуација во државата ? ЦРВЕНКОВСКИ: Она што го наследивме како економска ситуација во државата ги надмина сите песимистички предвидувања. Веднаш по формирањето на Владата, секое министерство доби задача да го провери буџетското трошење на парите. Резултатите беа застрашувачки. Речиси дека нема министерство во кое не е утврдено не само недомаќинско трошење туку и голем број злоупотреби, склучени штетни договори, многубројни малверзации, што доведува до заклучок дека водечките луѓе во министерствата повеќе се занимавале со тоа како полесно да се збогатат отколку да водат сметка за македонската економија. Според првичните проценки што произлегуваат од досегашните истражувања, народот мора да знае дека претходната власт во првите десет месеци од годинава го потрошила буџетот за оваа буџетска година, а во некои министерства склучени се такви договори со кои однапред е потрешена и една четвртина од буџетот за наредната година. ЗУМ: Решавањето на проблемот со загубарите сигурно ќе биде еден од лакмусите за реформскиот курс на Владата. Дали разрешницата со штрајкот во рудникот "Саса" треба да се протолкува како став ва Владата дека ќе помага на сите други можни начини, но не и преку директна исплата на плати од државна каса? ЦРВЕНКОВСКИ: Секој граѓанин на Република Македонија треба да знае дека отсега се потешко ќе може да се обезбедат плати за работниците со директна исплата од државната каса, и тоа од неколку причини. Прво - затоа што е спротивно на постојните закони, второ - затоа што е спротивно на пазарната логика и, трето - затоа што пари во буџетот нема. Она што државата треба да направи е да создаде стабилни услови за економско работење на фирмите, а таму каде што има критични ситуации да помогне во нивното разрешување, но само со економски средства. Во врска со проблемот на загубарите, да бидеме искрени, многу сме зависни од ММФ. Состојбата е тешка, она што може да го вети оваа влада е дека во прегорите со ММФ ќе направи се да извлече што е можно поповолна позиција. Во Владата сериозно размислуваме за еден балансиран приод како комбинација на следење на економската логика во реформите, но и социјална сигурност за сите оние кои ќе бидат погодени од тие реформи. ЗУМ: Претходната власт ја наду и онака предимензионираната државна администрација на речиси 120 илјади луѓе. Дали конечно ќе почнат болните реформи во тој сектор, дотолку повеќе што ве чека и обврската од Рамковниот договор за дополнително вработување на припадници на албанската заедница? ЦРВЕНКОВСКИ: Она што претходната влада го направи во поглед на предимензионираноста на државната администрација содржи два елемента. Првиот беше вработувањето во државната администрација и во јавните претпријатија без никакви критериуми и без почитување на законските услови за таквиот вид вработувања, понатаму, за финансиска покриеност на тие вработувања, како и за степенот на образованието, неопходни за определени работни места. Едноставно, се вработувале членови на партијата единствено како маса на луѓе кои требаше да бидат нивната гласачка машинерија на изборите. Со ваквиот однос, наспроти прокламираната реформска определба на претходната власт, ниту се спроведоа неопходните реформи ниту пак администрацијата стана поефикасна. Таа стана гломазна, непродуктивна, хаотична и неефикасна. Мора да кажам дека затекнавме голем број случаи на вработувања спротивни на законските прописи. Во ваква состојба, ако сакаме да спасиме тоа што може да се спаси, нам не ни преостанува ништо друго освен да го примениме законот. Пред воопшто да отпочнеме со процесот на реформи, ние најнапред треба да ја вратиме состојбата во легални рамки. Затоа што суштината на реформите во администрацијата е: стручни луѓе на соодветни места, добра координираност меѓу нив и брзо и ефикасно решавање на проблемите на граѓаните. Со ваков гломазен и аморфен состав тоа едноставно не е можно. Вториот елемент се однесува на поставувањата партиски војници на раководни места кои ниту имале соодветно образование ниту, пак, биле способни да ги извршуваат задачите зададени со законот. Во оваа смисла, овој процес на редукција не треба да се доведува во врска со потребата од примената на оној дел од Рамковниот соговор кој се однесува на дополнително вработување на припадниците на етничките заедници како модел на нивна партиципација, интеграција и преземање на одговорноста на заедничката држава. ЗУМ: Меѓународната заедница, засега, доста позитивно го оценува развојот на настаните во постизборна Македонија. Очекувате ли поддршката да продолжи и може ли таа да се искористи за забрзано приближување кон НАТО и ЕУ? ЦРВЕНКОВСКИ: Меѓународната заедница досега укажа на три работи, многу битни за иднината на Република Македонија, кои се неопходни како фундаментални претпоставки за нашето понатамошно приближување кон евроатланските интеграции, на кои цело време инсистираше и опозицијата на чело со СДСМ. Најнапред, демократски избори како единствен начин да се верификува волјата на народот кои политички сили сака да управуваат со државата во наредните четири години: дали и понатаму да го водат радикални политички структури или пак на власт да дојдат умерени и модерни политички структури. Втора работа е огромната инволвираност на претходната власт во криминалот, што претставуваше опасност да го метастазира македонското општество и да ја разори не само економијата туку демократската власт да ја трансформира во една криминална структура. Трета работа, пак, е примената на Рамковниот договор како модус вивенди за смирување на меѓуетничките тензии, наспроти идеите за етничка и верска војна и поделба на државата. Граѓаните на Република Македонија на последните парламентарни избори ги поддржаа умерените сили, ја поддржаа политичката опција која ќе се справи со корупцијата и криминалот и политичките структури што ќе одат кон смирување на меѓуетничките тензии, наспроти заговорниците за понатамошна радикализација на состојбите на овој план. Мислам дека тука, без оглед на етничката и верската припадност, дојде до поклопување на интересите на граѓаните и интересот на меѓународната заедница за што е можно побрзо политичко стабилизирање на Република Македонија. Тоа се навистина добри предиспозиции и добра меѓународна положба на Република Македоонија, која покажа зрелост да биде партнер кој НАТО и ЕУ би го посакале како член во нивното семејство. Затоа сметам дека ваквата политичка поддршка на новата влада треба да ја сфатиме како поддршка пред се на граѓаните на Република Македонија, но и како шанса за наше забрзано приближување кон НАТО и ЕУ. ЗУМ: Дали Македонија, по урнекот на некои други транзициони држави, ќе бара политичко и економско спонзорство од определени западни држави? Попрецизно, по неодамнешните посети на министерот за надворешни работи Митрева, како такви се посочуваат САД и Германија ? ЦРВЕНКОВСКИ: Не е невообичаено во процесите за приближување кон НАТО и ЕУ, определени држави да се јават како промотори на земји кандидати за членки. Ние имаме добри и пријателски односи речиси со сите членки на НАТО и ЕУ и тоа е навистина добар пристап, но не треба да се испушти можноста некои земји да бидат повеќе ангажирани во промоцијата на определна земја кандидат за член во овие асоцијации. Нивната улога е со поголемо внимание да ги следат процесите на реформите, на заштитата на човековите права, на усвојувањето на стандардите и имплементацијата на некои меѓународни обврски, што ја олеснува сликата за степенот на подготвеноста на државата кандидат за останатите членки на НАТО и ЕУ. Јас не би лицитирал кои се тие држави, не исклучувајќи ги и овие две наведени држави, но ние развиваме добри односи и со Франција, Италија, Холандија, но и со некои земји во нашето блиско соседство, како што се Грција и Турција. Се разбира и другите држави со внимание ги следат процесите на демократизација и позитивните промени кои се случија по изборите во Република Македонија. Сите нив ги цениме како пријатели на Република Македонија и секоја иницијатива, од која било држава, за наша промоција, нас не радува. ЗУМ: Какви се Вашите предвидувања за продолжувањето на преговорите со Грција во врска со името на државата? Можни ли се дополнителни компликации, особено по шпекулациите дека Вашиот претходник бил подготвен да го прифати терминот "Горна Македонија" како ново име ? ЦРВЕНКОВСКИ: Ние со Грција, како членка на ЕУ и НАТО, сакаме да имаме коректни односи. Таа истовремено е наш сосед и земја која покажува интерес за инвестирање во Република Македонија и, ако настрана го оставиме случајот со ОКТА, може да се каже дека постојат вложувања кои се коректни и придонесуваат за продлабочувањето на меѓусебната економска, а во последно време и на воената соработка. Како што знаете, во 2004 година во Грција ќе се одржат наредните Олимписки игри, што исто така претставува шанса за нови начини на соработка и за двете земји. Но и покрај видниот напредок на односите во повеќе области, кои во моментот се оценуваат и како пријателски, може слободно да се каже дека и двете страни се свесни дека разликите околу името ги оптоваруваат меѓусебните односи. Притоа, мора да водиме сметка дека нашата позиција е одамна дефинирана и таа е во согласност со меѓународното право и националните интереси. Во минатата година навистина се слушнаа шпекулации дека во врска со името поранешниот премиер си зел за право да влезе во некаков дил кој излегува од рамките на нашиот уставен поредок и општоприфатената национална стратегија. Има индиции дека тоа не е само шпекулација. Очигледно дека некој си дозволил, спротивно на волјата на народот, да си поигрува со чувствата на македонскиот народ и со неговото историско право. Тоа е навистина еден крајно неодговорен однос спрема македонската држава. Останува нашата желба да ги продолжиме разговорите околу разликите за името врз онаа платформа која беше дефинирана уште поодамна. Треба да бидеме трпеливи затоа што многу значајни светски држави веќе ја сфаќаат апсурдноста не неодржливата кованица. Убедени сме дека и Грција благонаклоно гледа на потребата Македонија да биде самостојна и стабилна држава, интегрирана во Европа, што е добра основа за изнаоѓање на решение кое ќе биде прифатливо и за двете страни.
slasa БУЧКОВСКИ ПРЕД СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ОДБРАНА На провокациите од УЧК ќе одговориме со сила Не очекуваме дестабилизација од такви размери како во 2001 година, но не е исклучено дека ќе има оружени провокации и оти Владата ќе биде принудена да употреби сила за да се зачува безбедноста и стабилноста, рече министерот за одбрана Владо Бучковски на вчерашната седница на собраниската комисија за одбрана и безбедност. Владата прво со политички и дипломатски средства ќе се обиде да го реши проблемот со вооружените банди во поранешните кризни региони, кои немаат политичка поддршка во земјава. - Бандите се рецидиви на УЧК, кои не прифаќаат да се ресоцијализираат. Ако не успеат првите две методи, против нив ќе мора да примениме сила. Решени сме да се справиме со бандите и од тоа нема бегање - рече Бучковски. Министерот за одбрана оцени дека кај населението во тие региони се враќа довербата во АРМ и полицијата, веројатно поради зголемената застапеност на етничките заедници во силите и оти граѓаните бараат поголемо присуство на војската и силите за безбедност. Напролет МВР и АРМ ќе почнат да ја спроведуваат акцијата за собирање на илегалното оружје, оружјето прво ќе се собира доброволно, а потоа и присилно. Евросилите може да ја преземат мисијата на НАТО во Македонија најрано во март, но не е исклучено тоа да се случи и подоцна, поради технички проблеми и кризата во Алијансата, информираше македонскиот министер за одбрана. - Македонија не смее да биде колатерална штета, но не смееме да ги затвориме очите пред случувањата во Алијансата. Имаме неповторлива шанса во земјава да ги имаме двата стратегиски партнери, НАТО и ЕУ. Тоа е многу поволна позиција и само од нас зависи дали со мудрост и со многу работа ќе извлечеме голема полза - смета Бучковски. Тој рече дека половина од околу 400 војници на евросилите ќе бидат од францускиот контингент, а во мисијата ќе можат да учествуваат сите земји кои добиле покана за членство во ЕУ освен Кипар и Малта. Претседателот на комисијата Тито Петковски потсети дека Собранието нема ратификувано ниеден договор потпишан со НАТО освен договорот СОФА од 1996 година. Во најдобар случај АРМ ќе ги продаде тенковите Т-55 и ќе купи тенкови од типот Т-72, но армијата дефинитивно ќе се ослободи од старите тенкови и од авионите СУ-25, кои ќе бидат заменети со хеликоптери, рече министерот Бучковски презентирајќи ја годишната национална програма за членство во НАТО. Македонија ќе му подари тенкови на Авганистан само ако САД или некој друг го плати транспортот. Според министерот за одбрана, ослободувањето од тенковите ќе се одвива фазно, а во секој случај АРМ до последниот момент ќе задржи 28 модернизирани тенка. Во моментов Армијата располага со 31 тенк Т-72, кои се оценети како "посакувано ниво". (И.К.И.) © 2001 Дневник, сите права задржани
slasa ГРЧКОТО ЛОБИ РАБОТИ ВО САД Три американскидржави ги прекрстија Македонците во Грци Под влијание на ултранационалистичка Панмакедонска организација државите Илиноис, Мисури и Калифорнија донесоа антимакедонски резолуции со кои "утврдија" дека историјата, културата и јазикот на Македонците во последните 3.000 години биле хеленистички Античките Македонци биле Хелени, а денешните жители на северна Грција, Македонија, се наследници на Хелените, се вели во резолуциите што се усвоени од три сојузни држави на САД - Илиноис, Мисури и Калифорнија. Речиси идентични резолуции се очекува да усвојат и Тексас и Њу Хемпшир со кои етничките Македонци се прекрстуваат во Грци. Овие резолуции се донесени под влијание на моќното грчко лоби во Америка, пред се на активностите на ултранационалистичката Панмакедонска организација, а најчесто спонзори се Американци од грчко потекло. Во резолуциите се вели дека Филип Втори и Александар Македонски биле Хелени, културата и јазикот биле како тие на Хелените и дека тие исто како и Хелените верувале во 12 богови од Олимп и учествувале во олимпијадите. - Историјата на античките Македонци во последните 3.000 години беше хеленистичка и таа продолжува и во денешни денови - се наведува во резолуциите. Амбасадата на Република Македонија во САД во неколку наврати изразила сериозна загриженост за ова прашање во Стејт департментот и во Националниот совет за безбедност при Белата куќа, укажувајќи на штетните последици и барајќи соодветно постапување. Никола Димитров, македонски амбасадор во САД, вели дека деновиве испратиле писма до гувернерите и законодавните домови на сојузните држави во САД, вклучувајќи ги Тексас и Њу Хемпшир. Македонската дијаспора, особено многубројната македонската заедница во САД е гневна заради усвојувањето на резолуциите и побара тие да бидат поништени. Иако резолуциите немаат правно влијание на надворешната политика на САД, тие продуцираат низа директни негативни ефекти - претставуваат навреда за сите Македонци во матичната земја и во светот и создаваат целосно лажен впечаток дека САД молкум ја поддржуваат грчката страна во разговорите за разликите околу името. - Со резолуциите се продуцира антиамериканско чувство во македонското јавно мислење, во момент кога сме во завршна фаза за склучување повелба за партнерство меѓу Македонија, Албанија и Хрватска со САД во напорите за зачленување на трите кандидати во НАТО - коментира за "Дневник" Никола Димитров. Тој јавно се прашува која е логиката на законодавните домови на тие сојузни држави на САД, кои инаку немаат уставна надлежност во надворешната политика, да се произнесуваат за прашања илјадници години во минатото и илјадници километри надвор од границите на САД. - Прашањето што биле античките Македонци е прашање што не може да го одговори еден законодавен дом со политичка резолуција, туку науката и историјата. Прашањето за припадноста на денешните жители на Македонија, било нашата држава или северната грчка провинција, е прашање што можат да го одговорат само тие жители, истакнува Димитров. Во отвореното писмо до гувернерот на Илиноис, Џорџ Рајан, македонските Американци велат дека се навредени од резолуцијата затоа што го негира нивниот етнички идентитет, а со тоа ги повредува и нивните човекови права. Македонската заедница од Илиноис во писмото наведува дека "македонската заедница во Америка е составена од околу 800.000 граѓани со повеќе од 30 црковни заедници, 50 македонски училишта и 100 македонски центри низ САД". Ова е втор случај да се негира етничкиот корен на Македонците. Пред неколку години во австралиската држава Нов Јужен Велс се донесе резолуција со која Македонците беа прекрстени во "Славо-Македонци", а нивниот јазик "славомакедонски", но со упорна акција на тамошната македонска заедница таа резолуција беше повлечена. © 2001 Дневник, сите права задржани
slasa poglednete i ovde http://int.dnevnik.com.mk/default271c.html?pBroj=2078&stID=14429
slasa ВАРДАРИ ПАК СЕ ЈАВИ Главниот штаб на АНА е во Македонија Официјална Тирана не поддржува никакви екстремни групи кои се кријат зад името "Албанска национална армија", изјави албанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Илир Мета Главниот штаб на АНА е во Македонија, а "формацијата" не дејствува на Косово, изјави т.н. претседател на "фронтот за национално обединување на Албанците", Валдет Вардари. МВР тврди дека вооружените групи во кризните региони немаат организирана структура и политичка платформа. - Додека во Албанија ја имаме Албанската армија и на Косово - Косовскиот заштитен корпус, нема причина таму да дејствува Албанската национална армија - изјави претседателот на тој фронт, Валдет Вардари за денешниот број на приштинскиот весник "Епока е ре". - Во Македонија досега немаме сознанија за појава на организирана структура или меѓусебна поврзаност на вооружените групи - изјави Мирјана Контевска, советник во МВР за односи со јавноста. Таа вели дека засега не станува збор за организирани штабови. Според Вардари, има услови "за почеток на нова војна на албанските простори" бидејќи во трите последни војни што ги воделе Албанците не е постигнато ништо повеќе од она што го имале пред 1990 година. - Ќе се бориме против српско-црногорските освојувачи кои ја држат под окупација, во ропство и колонизација албанската земја Косово и етничка Албанија - изјавил Вардари. Тој тврди дека главниот штаб на АНА и на нејзината дивизија Скендербегг се наоѓаат во Македонија, а седиштето на фронтот е во Албанија, но има разграноци во Приштина, Скопје, Прешево, Улцин и Превез. Активностите на "АНА", според него, се насочени на териториите на кои живеат Албанци вон Косово и Албанија. Официјална Тирана не поддржува никакви екстремни групи кои се кријат зад името "Албанска национална армија" (АНА), изјави албанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Илир Мета по средбата во Тирана со шефот на дипломатијата на Србија и Црна Гора Горан Свилановиќ, јавува Макфакс. "Времето на насилствата заврши и сега е време за регионална соработка", им изјави Мета на новинарите по средбата со Свилановиќ. Мета и Свилановиќ на нивната средба особено внимание посветиле на состојбите во регионот, а посебно во Јужна Србија и Косово. Свилановиќ по средбата изјави дека опасностите за земјите од регионот доаѓаат од организираниот криминал и се заложи борбата против шверцот со оружје, бели робје и криминалот да биде "брза и заедничка". © 2001 Дневник, сите права задржани
slasa Dear friends, > > I have the feeling that we have already seen some of these & also that > some might be slightly assisted - nevertheless, it feels so good to > laugh a bit in these very dim times.... > all best > > Judit > > ----- Original Message ----- > From: Dilip Simeon <[email protected]> > To: Kapil Raj <[email protected]>; Subir Sinha <[email protected]>; > Ramesh Fonseca <[email protected]> > Sent: Wednesday, February 12, 2003 12:56 PM > Subject: Socrates overdosed on wedlock > > > > Hallo chappiss > > some great howlers! > > Dsim > > > > Subject: HISTORY ACCORDING TO 6TH GRADERS > > The following were answers provided by 6th graders during history > > tests. > > > > 1. Ancient Egypt was inhabited by mummies and they all wrote in > > hydraulics. They lived in the Sarah Dessert. The climate of the Sar > > ah is such that all the inhabitants have to live elsewhere. > > > > 2. Moses led the Hebrew slaves to the Red Sea where they made > > unleavened bread, which is bread made without any ingredients. > > Moses went up on Mount Cyanide to get the ten commandments. He died > > before he > > > > ever reached Canada. > > > > 3. Solomon had three hundred wives and seven hundred porcupines. > > > > 4. The Greeks were a highly sculptured people, and without them we > > wouldn't have history. The Greeks also had myths. A myth is a female > > moth. > > > > 5. Socrates was a famous Greek teacher who went around giving people > > advice. They killed him. Socrates died from an overdose of wedlock. > > After his death, his career suffered a dramatic decline. > > > > 6. Julius Caesar extinguished himself on the battlefields of Gaul. The > > > > Ides of March murdered him because they thought he was going to be > > made > > > > king. Dying, he gasped out: "Tee hee, Brutus." > > > > 7. Joan of Arc was burnt to a steak and was canonized by Bernard Shaw. > > > > 8. Queen Elizabeth was the "Virgin Queen." As a queen she was a > > success. When she exposed herself before her troops they all > > shouted "hurrah." > > > > 9. It was an age of great inventions and discoveries.Gutenberg > > invented > > > > removable type and the Bible. Another important invention was the > > circulation of blood. Sir Walter Raleigh is a historical figure > > because he invented cigarettes and started smoking. > > > > 10. Sir Francis Drake circumcised the world with a 100-foot > > clipper. > > > > 11. The greatest writer of the Renaissance was William > > Shakespeare. He > > > > was born in the year 1564, supposedly on his birthday. He never > > made much money and is famous only because of his plays. He wrote > > tragedies, comedies, and hysterectomies, all in Islamic pentameter. > > Romeo and Juliet are an example of a heroic couple. Romeo's last > > wish was to be laid by Juliet. > > > > 12. Writing at the same time as Shakespeare was Miguel Cervantes. He > > > > wrote Donkey Hote. The next great author was John Milton. Milton > > wrote Paradise Lost. Then his wife died and he wrote Paradise > > Regained. > > > > 13. Delegates from the original 13 states formed the Contented > > Congress. Thomas Jefferson, a Virgin, and Benjamin Franklin were > > two singers of the Declaration of Independence. Franklin discovered > > electricity by rubbing two cats backward and declared, "A horse > > divided > > > > against itself cannot stand." Franklin died in 1790 and is still > > dead. > > > > 14. Abraham Lincoln became America's greatest Precedent. Lincoln's > > mother died in infancy, and he was born in a log cabin which he > > built with his own hands. Abraham Lincoln freed the slaves by > > signing the Emasculation Proclamation. On the night of April 14, > > 1865, Lincoln went > > > > to the theater and got shot in his seat by one of the actors in a > > moving picture show. They believe the assinator was John Wilkes > > Booth, a supposingly insane actor. This ruined Booth's career. > > > > 15. Johann Bach wrote a great many musical compositions and had a > > large > > > > number of children. In between, he practiced on an old spinster > > which he kept up in his attic. Bach died from 1750 to the present. Bach was > > the most famous composer in the world and so was Handel. Handel was > > half German, half Italian, and half English. He was very large. > > > > 16. Beethoven wrote music even though he was deaf. He was so deaf > > he wrote loud music. He took long walks in the forest even when > > everyone was calling for him. Beethoven expired in 1827 and later > > died for this. > > > > 17. The nineteenth century was a time of a great many thoughts and > > inventions. People stopped reproducing by hand and started reproducing > > by machine. The invention of the steam boat caused a network of > > rivers to spring up. Cyrus McCormick invented the McCormick raper, > > which did the work of a hundred men. Louis Pasteur discovered a cure > > for rabbits. Charles Darwin was a naturalist who wrote the Organ of the > > Species. Madman Curie discovered the radio. Karl Marx became one of > > the Marx Brothers. > > > > > > > >