biznis
biznis
slasa ПРИВАТЕН БИЗНИС Летните попладниња се создадени за починка во ресторанската бавча на „Летница“ па седнавме со пријателот, и покрај тоа што знаеме дека Грците продаваат солено море, а охриѓани солени цени. Го побаравме менито од келнерот колку да добиеме во време. По триесетина минути келнерот ни го донесе, потврдувајќи ја и тој исклучителната домашна угостителска традиција за брза и точна услуга. Наспроти, на неколку маси од нас, сам, седеше длабоко замислен човек, со ретка коса и густа брада. - Брадана ќе да му е на научна основа, - ми шепоти пријателот. - Велиш?! - Му велам. - Сто посто... - продолжи но веднаш го прекинав. - Немој со „Сто посто те љубам“ мажи сме... Ја прифати мојата сугесија. Го гледав брадосаниот и изнесов свое тврдење. - Тоа е брада што јас би ја довел во врска со религијата. - Мислиш? - Сигурно - потврдив одбегнувајќи ја певливата евровизиска песна. - Охрид е македонски Ерусалим, па... Не знам кој ѓавол го натера келнерот, та без да биде повикан ни дојде на масата. - „И ние сме деца на мајка земја, и ние имаме право да живејме“. - Ни ја започна песната за која со сигурност не можам да кажам дека е вклучена во програмата на Охридско лето. Ја потпевнуваше веројатно со намера нешто да порачаме. - Кој ви пречи? Живејте!, - го прекори мојот пријател и дури тогаш почна да ги прелистува страниците на менито. - Да живејме. ама не мојме од вас скопјаните з'ш дупка ќе напрајте на столојте и нишчо не порачвите! - Ние не сме од скопјани! - му давам надеж. - Од кеј сте. ре!? - се љути, мисли го мандориме. - Од Битоља - му рековме во дует. - Ве познав по чкембињата... со битољчаните „мелиме брашно“. Ама. оние скопјанине манли љуѓе! Аре, мува да ти нат во супана, ќе пискет до небо. Потврдуваме со главата, а тој задоволно заминува. - Ами, ако е во прашање политика?!, - се врати пријателот на темата со брадата. - Каква политика! - се чудам. - И историска, и модерна, - вели тој. - Погледај убаво. Не ти наликува ли на некој од војводите... Мене - да! Само не знам дали од историските, или од современите. - Не претерувај и не зборувај за политика, - го советувам и му објаснувам. - Не си чул ли дека се вели оти и ѕидовите имаат уши! Се вртеше на сите страни, а потоа ми објасни дека ѕидовите се доволно далеку без оглед дали имаат, или немаат уши, или можеби некои други современи прислушни помагала. Сепак, се согласи дека политиката е лизгав терен. - Келнер по чаша „пелистерка“, - не знам зошто, ама порача мојот пријател. - Браво, ре, патриоти! - Ни упати пофални зборови келнерот. - Кај да грејте од „пелистерката“ не се делите. Овие, нашиве, охриѓаните, ваштат пастрмки и не ја јадет, туку на скопјани и други чужди ја продавет! - Сакам да ве прашам за еден човек нешто во доверба, - му ја менувам темата. - Нема во Охрид чоек шо не позинам... - ми вели во доверба. Му давам нишан да погледне во човекот со брада. - Дали се работи за некој учен, свештеник лице, или не дај боже, за политичар. - Чист бизнисмен. - Тогаш зошто е така, задуман... - Немет к'смет. Се сетил некој, купил машинче и прајт четки за бричење, а тој чита. Се сетија оние по принципо една туба паста за бричење - една фабрика, ја приватизираја фабриката, а тој пак чита. Чита и... реши да прај фабрика за ношчиња за бричење. Зеде кредит, ојде да купит фабрика, ама му продале странцине, ко на ногу шо му продавет, стара свежо бојосана опрема, па сега, бизнисмено со својте ношчиња не мојт да се бричит! Никола Талевски --------------------------------------------------------------------------------
kickol pahahahahahahahahaha ludnicaaaaaaa.... se umrev od smeenje ... za ova statijava sho ja imas staveno imas pijacka ko ke se vidi me slavenitije...
slasa ГАЈДА Седнале Љубче и Бранче во едно кафуле, нарачале по една пијачка и, како стари и добри пријатели, разврзале муабети. - Жешко! - вели Љубче. - И тешко! - вели Бранче. - Море, пред две години, сме виделе и потешко, нели...! - Да, ама од ова сега, никогаш не било пожешко. Туку, кажи ми ти, бате Љубче, зошто не прогласиш вонредна состојба за луѓето да се приберат под сенка, да не одат на работа по овие горештини? - Па, на која работа да одат, кога ти им ги испозатвори фабриките, нели, и како сега да прогласам вонредна состојба и топлината да ја прогласам за елементарна непогода... нели? - Добро де, добро! Јас им ги затворив фабриките, ти им ги распродаде, ама барем луѓето се згрижени. Оние што седат дома се ладат со водичка и со вентилатори, а оние што останаа на улица, нека бараат чаре, нека се ладат под липите во паркот. Најважно е народот да не ни изгори! - Така, брате Бранче, таков те сакам, нели. Од секогаш знаев дека ќе се сетиш, дека покрај другите работи, имаме и народ, нели! И, којзнае до каде ќе се тегнеше муабетот, ако едно келнерче не го појачаше гласот од радиото кое дотогаш тивко свиреше. Кафулето се затресе, стаклата се раздрндаа и чашите почнаа да паѓаат од рафтовите. Нашите двајца пријатели како да се растревожија и како веднаш да им се наметна нова тема за разговор. - Еве, слушај со што ни се трујат младите, батко Љубче. Наместо да живеат со нашата музика, наместо да слушаат нешто староградско, тие ги пуштаат овие англиски врескала и тоа на цел глас...! - Море, ти со мерак би слушнал и нешто од Скадарлија, нели, ама за тоа друг пат ќе зборуваме. Туку, дај да му речиме на келнерот да донесе уште по една и нека пушти некоја гајда, барем нешто наше да слушнеме. - Море, каква гајда, какви ми ти бакрачи...! - Гај - да и ништо друго, нели! Се знае овде кој кажува! - Аман бре, Љубче, овде ли гајди ќе слушаме, на сред метрополата? - Гајда и ништо друго! - Гајда и само гајда, господине премиер! - рече Трпе кој седеше на спротивната маса и цело време го слушаше разговорот. - Оставете го Бранче нека кажува што сака, ама јас сум на ваша страна. Веќе цела една деценија сите сме за со гајда! - рече Трпе и тргна кон келнерот молејќи го, ако може, петте пивца што беше ги испил, да му ги пише на рабушот.
slasa ВОАЈЕР Една педесетгодишна жена му се жали на мажот: - Срамота! Соседот од спротива постојано гледа со двоглед во нашиот прозорец! - Треба да му се даде добра лекција!- одговара мажот. - Како? - Отвори ги ширум завесите и соблечи се угол гола. Сигурен сум дека никогаш повеќе нема да погледне со двогледот.
slasa ВО ЈАВНА КУЌА Две пријателки разговараат за третата: -И да знаеш не е многу интелигентна. -Како го заклучи тоа? -Ти се молам, пет години работи во јавна куќа и дури сега открила дека останатите девојки ги наплаќале своите “услуги