Michael Jackson - Pedofil !! |
yURI |
Мајкл Џексон призна дека е педофил
Повеќе од 15 милиони гледачи ја следеле емисијата на телевизијата Ај-Ти-Ви 1, во која Мајкл Џексон на новинарот Мартин Башир му признал дека го дели својот кревет со деца...
Повеќе од 15 милиони гледачи ја следеле емисијата на телевизијата Ај-Ти-Ви 1, во која Мајкл Џексон на новинарот Мартин Башир му признал дека го дели својот кревет со деца.
Во емисијата Џексон отворено кажал дека "формирал блиско пријателство со 12-годишно момче, со кое секоја вечер го дели креветот во својот имот Неверленд".
- За мене тоа е прекрасно искуство. Не сфаќам што има лошо во тоа да се дели љубов со некого - рекол Џексон во интервјуто што му го даде на Башир. Во интервјуто поп-ѕвездата признал дека имал многу мачно и тешко детство, поради што и денес имал психолошки проблеми.
Гледачите исто така можеле да ги видат и трите деца на Мајкл: петгодишниот Принс Мајкл Први, четиригодишната ќерка Парис и бебето Принс Мајкл Втори.
Новинарот Мартин Башир е познат по тоа што го направи познатото интервју со принцезата Дајана, во кое таа призна дека "тројца го сочинуваат бракот меѓу неа и принцот Чарлс". Тоа е досега најгледаното документаристичко интервју, а беше следено од 22,8 милиони луѓе.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|
yURI |
МАЈКЛ ЏЕКСОН ЌЕ ПОМИНЕ БЕЗ ТУЖБА
Мајкл Џексон нема да се соочи со нова истрага во врска со изјавите во документарната емисија дека спие во иста спална соба со своите деца.
Едно американско здружение за заштита на деца сакало да покрене истрага против пејачот, по неговата изјава дека им дозволува на деца да преспијат со него на неговиот ранч. Сепак, адвокатот Томас Шедон вели дека според законите на Калифорнија, спиење со деца без „напаѓачки чин“ не е забрането, нити казниво. Тој исто така додава дека полицијата најпрвин треба да разговара со евентуалните жртви, пред да спроведе истрага.
„Спиење со деца не е криминал“- вели тој. Истиот адвокат вели дека случајот кој пред некоја година беше мошне актуелен, за наводната злоупотреба на пејачот врз едно 13-годишно момче, е „отворен, но не е активен“.
Имено, Џексон никогаш не беше обвинет во врска со 13-годишното момченце, бидејќи случајот беше ставен во мирување откако тој постигна мултимилионски договор со семејството на детето.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows ) |