yURI |
1650.- Во Стокхолм умре Рене Декарт, француски филозоф, математичар и физичар. Неговите дела претставуваат основа на модерната филозофија, а во математиката темел на аналитичката геометрија. Најзначајни дела му се "Принципи на филозофијата", "Расправа за методите", "Геометрија" и други. Роден е на 31.03.1596 година.
1847.- Роден е Томас Алва Едисон, американски техничар и пронаоѓач. Негови најзначајни пронајдоци се фонографот (грамофонот), микрофонот, акумулаторот, електричната светилка, го усоврши телефонот, меѓу првите изгради електрична централа, прв ја примени филмската лента од целулоид и изгради прво филмско ателје во светот. Умре во 1931 година.
1929.- Со потпишувањето на конкордат во Латерано меѓу папата Пие Единаесетти и Италија, е основана ватиканската држава - "Чита дел Ватикано". Државата Ватикан се наоѓа во центарот на Рим, оградена со ѕидини и зазема површина од 44 хектари и има 3000 жители. Ватикан има своја радиостаница, телеграфска и поштенска служба, монетарен систем и железничка станица. Врховната власт ја има папата, а политичките работи ги врши државен секретар.
1945.- Во Јалта на Крим, е завршена Кримската конференција на која шефовите на владите на трите големи сили на антихитлеровската коалиција, Сталин (СССР), Рузвелт (САД) и Черчил (Велика Британија), ги усогласија воените планови за окончување на војната против Германија и Јапонија. Притоа усвоија резолуција за "ослободена Европа" и се договорија за основање "општа меѓународна организација за мир и безбедност" во светот - Обединетите нации.
1985.- Во Лос Анџелес умре Хенри Матавеј, славен американски филмски режисер. Добитник е на еден "Оскар", но сними дури 66 филмови, меѓу кои најпознати се неговите вестерни "Наследството на пустината", "Напад на поштенската кочија", "Ѓаволска градина" и други. Роден е во 1899 година.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|