yURI |
Вечерна романтика на отворено море, далеку од стресот и притисокот на современиот живот. Ова може звучи како рецепт за љубов, но во Сингапур се работи за опстанок.
Алармиран од опаѓањето на стапката на плодноста д-р Веи Сијанг Ју лансираше програма на семинари за плодност придружена со крстосување на брод и ноќевање во летувалиште се со цел да се создаде атмосфера која ќе ги расположи двојките. Веи, е основач на компанијата која се залага за подобрување на општото здравје, „Мегпауер“ ова го нарекува пакет аранжам за „Бродот на љубовта“. Намерата е да се ослободат луѓето од стресот што не е евтина работа. Двојките мора да платата 580 долари за програмата за оплодување.
„Масажи, правилна исхрана, афродизијаци, ќе има музика и ароматерапија, програми за едукација“, вели секс гуруто.
Наталитетот во Сингапур постепено опаѓа. Во 1990 година жените во просек раѓале 1,87 бебиња во својот животен век. Тој процент паднал на 1,42 во 2001 година, што е далеку под нопхоните 2,1 отсто за одржување на наталитетот.
Според една анкета од 2002 година што ја нарачак производителот на кондоми „Дурекс“ Сингапур е последен на листата на сексуално најактивен народ. Под пристисок од работата, имаат намален нагон за водење љубот на крајот од работниот ден.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows ) |