yURI |
Брзиот патнички воз со повеќе илјади патници непланирано запрел за да му помогне на едно девојче на време да стигне на испит за средното училиште, извести железничката агенција.
„Заклучивме дека станува збор за иднината на една млада личност“, изјавил еден вработен во железницата. Девојчето (15), чие име се уште не е објавено, ќе имала сосема доволно време да стигне на испитот што се одржувал во 9,20 часот, да не влегла во погрешен воз - наместо во локалниот, влегла во брзиот патнички, кој не требало да запре се до деловниот центар на Токио.
Кога увидела дека возот ита кон центарот на градот, престрашеното девојче го привлекла вниманието на останатите патници, кои пак се му раскажале на кондуктерот. Бирото на Источнојапонските железници во Чиба потоа донело досега незабележана одлука да дозволи вонредно запирање на возот, за да може девојчето да се симне. Родителите истата вечер се јавиле во управата на железницата и јавиле дека нивната ќерка стигнала на испитот точно навреме
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows ) |