yURI |
[img]http://vesti.mt.net.mk/Images/tito_koli.jpg[/img]
Управата за снабдување на југословенското Министерство за одбрана се откажа од продажбата на десетина најелитни автомобили кои ги користеше претседателот на поранешна СФРЈ, Јосип Броз-Тито, пренесува МИА.
Директорот на Сојузната дирекција за имот Драгомир Попов, за српските медиуми изјави дека не е поврзан со продажбата на автомобилите на Тито и оти се оградува од неа.
"Одлуката за продажба на автомобилите не е донесена во редовна процедура на Административната комисија, а со Законот за спроведување на Уставната повелба располагањето со имотот на поранешната сојузна држава, па и неговата продажба се забранети", изјави Попов.
Сојузната дирекција за имот, која сега има статус на орган на Федерацијата во преодната фаза никогаш немала надзорна улога, па ваквите продажби може да ги спречи единствено јавниот правобраниетел или Министерството за правда, рече Попов.
Пред два дена Здружението на истроричарите на автомобилизмот од Белград, упати апел до надлежните органи во кој се бара преиспитување на одлуката за продажба на репрезентативните автомобили кои ги користеше поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито.
Во апелот на историчарите, се наведува дека продажбата мора да се стопира, бидејќи станува збор за автомобили кои се важен дел од југословенското културно наследство. Тие бараа и автомобилите да се заштитат како културно наследство.
Минатата седмица југословенското Министерство за одбрана ги понуди на лицитација луксузниот автомобил "Ролс Ројс" и пет Мерцедеси од типот 600/8, што ги користеше Тито.
Во огласот за јавна продажба на југословенското Министерство за одбрана беа изложени на продажба и мотоцикли БМВ Р75/6 со запремнина на мотор од 745 кубни сантиметри, произведен 1974 што го користеше полициската гарда на Тито, како и неколку мерцедеси од типот 230Л, 280Е и 280СЕ.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows ) |