12. Fevruari
12. Fevruari
melpomena 1809 - Роден е Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. Во своето капитално дело "Потеклото на видовите" ја изнесе суштината на трансформистичките документи наречени "дарвинизам". Умре на 19. 4. 1882 година. 1809 - Роден е Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД. Беше земјоделец, дрводелец, адвокат, член на Конгресот и еден од основачите и лидер на Републиканската партија. Убиен е во атентат од застапниците на робовскиот систем, во 1865 година. (МИА)
yURI На денешен ден 2/12/2003 1804.- Умре Имануел Кант, основоположник на германската класична филозофија. Во основата на неговото учење е сфаќањето дека нештата постојат независно од нашата свест. Најпознати негови дела се "Критика на чистиот ум", "Критика на практичниот ум" и "За убавото и возвишеното". Роден е на 22.04.1724 година. 1809.- Роден е Чарлс Дарвин, британски научник, творец на теоријата на еволуцијата на живите суштества. Од 1813 до 1836 година учествуваше во научната експедиција на бродот "Бигл", која имаше пресудно значење за поставување на неговата теорија за органската револуција, која беше во спротивност со учењето на црквата. Неговите записи се ремек дела на научната експозиција, пишувани со јасен и логичен стил. Во своето капитално дело "Потеклото на видовите" ја изнесе суштината на трансформистичките документи наречени "дарвинизам". Умре на 19.04.1882 година. 1809.- Роден е Абрахам Линколн, шеснаесеттиот претседател на САД. Беше земјоделец, дрводелец, адвокат, член на Конгресот и еден од основачите и лидер на Републиканската партија, која се бореше за укинување на ропството, а во 1860 година стана претседател на САД. Убиен е во атентат од застапниците на робовскиот систем, во 1865 година. 1944.- Во местото Барбарас, кај Македонски Брод, бугарскиот окупатор стрела осум борци - учесници во Богомилскиот поход. 1992.- Република Словенија и Република Хрватска ја признаа независноста на Република Македонија. И Република Македонија ја призна независноста на Република Словенија и на Република Хрватска. 1996.- Република Мекедонија и Република Гана воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. 1996.- Во Атина официјално започна со работа Канцеларијата за врски на Република Македонија. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )