yURI |
На денешен ден 2/14/2003
869.- Во Рим умре Константин, познат под името Кирил Солунски, еден од творците на првата словенска азбука. Тој и неговиот постар брат Методиј, обајцата родени во Солун, преведуваа библиски текстови и книги од грчки јазик на дијалектот на солунските Македонци. Творците на првата словенска азбука, Кирил и Методиј, водеа жестока борба против застапниците на тезата дека постојат само три "светски јазици" кои можат да се употребуваат при вршење на верските обреди: хебрејскиот, грчкиот и латинскиот. Роден е во 826 (827) година.
1468.- Умре Јоханес Гутенберг, гемански печатар, пронаоѓач на техниката за печатење со подвижни букви. Ја усоврши печатарската машина и прв почна да користи излеани метални букви. Во 1455 година ја отпечати "Библијата". Роден е околу 1400 година.
1779.- Загина Џемс Кук, англиски поморски истражувач, познат како капетан Кук. Го откри источниот брег на Австралија, многу острови во Јужен Пацифик и прв ги обиколи бреговите на Алјаска. Роден е на 28.10.1728 година.
1943.- Во селото Русиново умре Никола Петров Русински, еден од истакнатите личности на националната историја на македонскиот народ, социјалист и револуционер, близок соработник на Гоце Делчев, Васил Главинов и на други истакнати македонски револуционери. Автор е на книгата "Прилог кон историјата на Внатрешната македонско одринска револуционерна организација". Роден е во селото Русиново, на 21.11.1875 година.
1996.- Република Македонија и Република Бангладеш воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows ) |