yURI |
ФИЛАДЕЛФИЈА (Ројтерс) - Сагата за замрзнатата сперма на еден истакнат њујоршки гангстер кој успеал да ја прошверцува надвор од затворот за со неа да ја забремени својата сопруга завршила со уништувањето на спермата.
Антонио Парлавечио бил еден од многуте осуденици во затворот "Аленвуд" во северна Пенсилванија осуден за подмитување на стражарите кои му помогнале да ја изнесе спермата од затворот, соопшти Вејн Семјуелсон, адвокатот ангажиран во случајот.
"Ова се води како организиран криминал. Досега не сум видел сличен случај", изјави Семјуелсон.
Парлавечио, неговата сопруга Марија и Трој Кемерер кој бил чувар во "Аленвуд" биле изведени пред суд и осудени за нивното учество во заговорот што го извршиле во 2002 година.
Парлавечио, кој бил осуден за рекетерство и лихварство, добил казна од дополнителни шест месеци. Неговата сопруга ја признала вината и ќе одлежи една година условна казна. Кемерер бил осуден на 27 месеци затвор.
Судбината на шверцуваната сперма останала во неизвесност бидејќи брачниот пат Парлавечио поднел петиција таа да се зачува за нејзината првична намена. Судијата на Обласниот суд донел пресуда спермата да се уништи, а апелациониот суд ја поддржал таа одлука минатиот месец. Бидејќи брачната двојка Парлавечио не ја обжалила одлуката, спермата била уништена.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows ) |