Na deneshen den 16.02.2003
Na deneshen den 16.02.2003
GROBAR 1871.- Француската Влада потпиша капитулација и акт за примирје со Прусите по загубената војна. 1873.- Во Шпанија е прогласена Република, бидејќи поради внатрешните превирања во земјата, несредената стопанска ситуација и јакнење на републиканското движење, тогашниот крал Амедео Савојски се откажа од престолот. Меѓутоа, поради разединетоста на револуционерните сили, следната година генерал Серано изврши удар и го обнови монархофашистичкиот систем. 1945.- Американското воздухопловство во Втората светска војна започна масовно бомбардирање на Токио. 1959.- Фидел Кастро стана премиер на Куба. 1972.- Група офицери на вооружените сили на Еквадор, предводени од генерал Гилермо Родригес Лара со државен удар, без крв го ослободи од власт Хосе Марие Веласко Ибара. На чело на државата дојде генерал Лара, а соборениот претседател Ибара доби азил во Венецуела. 1978.- Кина и Јапонија во Пекинг потпишаа Договор за трговија меѓу двете држави во висина од 20 милијарди американски долари. 1994.- Република Грција ја затвори границата кон Република Македонија и воведе трговско ембарго кон Република Македонија, ги затвори грчкиот конзулат во Скопје и Солунското пристаниште за Македонија. Ембаргото е укинато на 15.10.1995 година. 1996.- Европскиот парламент донесе одлука за пристапување на Република Македонија во Европската програма ФАРЕ за помош и развој на земјите од Централна и Источна Европа. 2000.- Русија и НАТО ги обновија односите, прекинати во 1999 година поради агресијата на Алијансата врз СР Југославија, соопштено е во Москва. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )