melpomena |
Ova e izvadok od intervuju so Jovan Pavlovski koe mozete da go najdete na www.intervju.com.mk
Кога сме кај новинарските есеи, кои Вие така настојчиво ги наречувате сведочења...
- А што се друго ако не се сведочења?
*Го прифаќам ваквото нивно именување од Ваша страна - ми звучи симпатично и соодветно... Кога сме кај сведочењата, рековме дека †Време минато, време сегашно#, книга која е и повод за оваа наша средба, нешто е како резиме на Вашите континуирани обраќања до читателите на повеќе дневни и неделни весници последниве дванаесет години. Добро ли ја дефинирав нејзината содржина?
- Приближно точно, освен што не го спомнавте †Македонско време# - тоа е месечник, а не дневен весник или, пак, неделник, а јас мошне голем број од текстовите објавени во †Време минато, време сегашно# ги имам објавено токму во †Време# и неговиот англиски двојник †The Macedonian Times#, чиј сопственик сум јас. Се шегувам - едноставно, убаво ми е да се пофалам дека сум сопственик на две сериозни гласила, кога веќе не можам да се пофалам со нешто далеку подоходно! Значи, оваа моја најнова книга новински есеи би можела, според својата содржина, да се дефинира и како заокружување на моите ставови околу анахроната идеја, во секој случај докрај антимакедонска, да се тврди дека до 1934 година, ниту еден знаменит Македонец не се чувствувал тоа, како што тоа го тврдеше пред шест-седум години, да речеме, Љупчо Георгиевски, откако експресно заврши курс по македонската историја кај Доста Димовска, користејќи притоа, во обилно количество, литература во издание на Македонскиот научен институт од Софија, стара теза пласирана во ново руво и во нови услови, создадени последниве десетина години преку ваквата †наука#, прифатена од неколкумина †научни работници# од родот на безрбетниците и од сојот на влекачите. Сите тие, всушност, еден пајтон луѓе, во основа се исфрустрирани и нереализирани, од периферијата на македонската научна мисла и уметничката активност, предводени од идеологот на необугарштината, вчера и овде, некогашниот министер за култура и сегашен македонски амбасадор Димитар Димитров, чие министерство, како и Министерството за наука на оној... како се викаше?...
*Новковски!
- Да, во право сте: Новковски! Значи, Министерството за култура на Димитров во текот на изминативе четири години, безразлично кој го води, направи повеќе штета на единството на македонскиот народ отколку бугарската окупација, на воен и на денационализаторски план, на Македонија од април 1941 до септември 1944 година. Беше тоа национално предавство пар екселанс, обилно финансирано од владата со македонски народни пари, среде Скопје, на македонски јазик, да се тврди дека Македонци низ историјата не постоеле, па не постојат ниту денес! Едноставно, не можев да премолчам на ваква гадост. Што би рекол еден мој руски колега во една друга прилика: †Ета била из внутри менја!#. Огорчен, напишав: †Следејќи го пишувањето на м-р Младенова и толку ангажираната (и за многумина разбирлива) поддршка на †Дело# на ваквите †учења#, останува прашањето: Навистина, има ли, воопшто, Македонци, во Македонија посебно? Зашто не станува збор за тврдења што ги шири овој неделник. Станува збор за парадокс, се чини, типичен само за денешна Македонија: нејзината влада, со средства собрани од македонското население, обилно и невообичаено, финансира пропаганда која тврди дека Македонците - не постојат! Пиздец, што би рекле браќата Руси#.
Такво †препрочитување# на македонската историја не беше никаква храброст...
*Зошто?
- Па, затоа што метастазата на негирање на македонскиот народ, неговата историја, неговиот јазик, беше актуелизирана веднаш откако коалицијата Георгиевски-Џафери-Тупурковски ја презеде власта. Само дваесетина дена од тој чин Лепавцов (во Бугарија, се разбира, на бугарски јазик) изјави дека †кога ќе се создадат услови, по три години, во Македонија ќе се одржи референдум за македонскиот јазик#, а како надополнување на општиот јуриш на најцврстата компонента на самобитноста на Македонецот, во Охрид излезе од печат од новокомпонираниот историчар Стојан Ристовски памфлетот за една, наводно, необјавена македонска граматика во која на крст беше распнат Блаже Конески, од Софија веќе прегласно прогласен, заедно со Крсте Петков Мисирков, за најголем предавник на македонскиот народ! Предавници, зашто го †измислиле# македонскиот јазик! Потоа дојде изданието, наводно, фототипско, на Зборникот на браќата Миладиновци, па Македонскиот историски речник, па изложбата на Родољуб Анастасов! И - толку! Толку, зашто во 2000-та се случија изборите за локална самоуправа, кога предавничката политика на коалицијата против Македонија беше катарстрофално поразена. Тогаш, по првиот круг од изјаснувањето, пишував, доколку се сеќавате: †Грешката што ја направи Македонецот на парламентарните избори пред неполни две години (1998), сега, на овие избори, се обидува да ја исправи. И да покаже дека некој може и да краде, може и да лаже, може да има и вошки - сето тоа тој може и да му го прости. Само не може да даде прошка на оној што посегнува по неговиот идентитет и по с#162; она што, во најшироката смисла на овој збор, се подразбира#. †Време минато, време сегашно# може да се дефинира и како заокружување на моите ставови за јасните намери на големоалбанските амбиции на огромно количество од припадниците на албанското малцинство во Македонија.
*Ништо ново за Вас кога станува збор за односот на македонските Албанци кон Македонија!
- Само делумно сте во право! Веројатно не сте го читале мојот роман за млади †Блиско сонце#, преведен на српско-хрватски, на албански и на руски. Таму, во романот, имам еден прекрасен лик, Сулејман, Албанец, кој во една борба против балистите, се подметнува самиот за да го спаси својот соборец, Македонец, и гине притоа. Не сте го читале ни мојот биографски запис што пред триесетина години го објавив во †Нова Македонија#. Сакам да го прераскажам и сега. Напросто, во оваа прилика чувствувам потреба †из внутри менја# тоа да го направам.
*Тогаш, сторете го тоа!
- Пред четириесетина години дојдоа кај нас во Тетово двајца Албанци, браќа од блиското село Речица. Татко ми не ги познаваше, беше изненаден од нивната посета. Кажаа кои се и чии синови се - тоа за татко ми не значеше ништо. Го прашаа дали е тој еден од синовите на Јоан Бутика, трговец. Татко ми потврди. Тогаш тие извадија кесе и пред нас, изненадени и зачудени домашни, изброија сто турски златника. Човеку, сто турски златника! И тогаш, и денес, и пред милион години, сто дукати беше и сега е вистинско богатство! Рекоа: †Пролетта 1941 година татко ни Риза тргна на аџилак во Мека. Немаше пари, а беше се ветил дека ќе стане аџија. Тргуваше со Јоана Бутика и беа добри пријатели. Му побара на заем сто жолти - за себе, а и за дома да остави нешто, зашто немирни времиња беа. Јоан му даде без збор и без какви и да е услови! Не се врати од аџилакот - почна Војната и не разбравме што стана со него. Како да претчуствуваше дека с#162; може да се случи, па, пред да појде ни остави нам на децата аманет борчот да го вратиме. Не можевме порано тоа да го направиме. Сега продадовме нешто од имотот и, еве, по дваесет години, сакаме да се раздолжиме!#. Татко ми, недоверчив, помисли дека тоа е некоја провокација на власта - одби да го прими златото! Долго траеја убедувањата, добро, најпосле се согласи, ги прими златниците и рамноправно ги подели на семејставата на своите пет браќа. За тоа напишав во †Нова Македонија#, пишував не за Албанците, туку за еден висок морал, безразлично што негови носители беа скромни, работни Арнаути. Да, дефинитивно и апсолутно: секогаш кога сум спорел, сум спорел со антимакедонски, значи, со нехумани идеи, со фашизирани идеи и со нивните носители, никогаш не сум бил против некој народ, безразлично дали тоа бил албански или српски, бугарски или грчки народ! Најдете во моите новинарски текстови, во мојата литература, исто така, макар и еден ред, што ја демантира оваа висстина и јас ќе се откажам од с#162; она што сум напишал за изминативе педесет години.
*А сте напишале многу!
- Сум напишал доста, доволно доста и за некој друг живот. А сум го напишал и ова, меѓу другото, таму некаде во октомври 1999-та година: †И кога, сега, во време на предизборната активност, ги слушам претседателскте кандидати Халили и Неџипи и албанските лидери на партиите што овие луѓе ги истакнаа за можен иден претседател на македонската држава, кога ги слушам нивните јасно нагласени барања за федерализирање на овој, вардарски, дел на Македонија, и нивното лицемерие дека оваа земја ја чувствуваат за своја татковина, широкоградо поддржувани од партиите на власт, гледам колку е длабока македонската наивност и македонската подготвеност за компрописи на сопствена штета. Секогаш на сопствена штета... Зошто сум вака дециден? Затоа што евентуалното федерализирање на Република Македонија би било само второ име на сецкањето на овој нејзин дел. Последно, можеби, зашто понатаму од Вардарска Македонија и не се може!#. Ве потсетуваат ли овие мои зборови на настаните што потоа следуваа? Ај, да прекинеме, зашто, еве, зборуваме веќе три часа, а јас во меѓувреме не напишав ни половина роман! Жива штета!
*Благодарам на разговоров.
- Уште ова: Разговоров покажа, убеден сум, дека јас, навистина, знам да правам разлика меѓу зошто и зашто, нели?
Фросина ФИДАНОВСКА
|