yURI |
1600.- По пресудата на инквизицијата на плоштадот Кампо деи Фиори во Рим е запален Џордано Бруно, италијански филозоф, типичен претставник на антисхоластичката ренесанса на филозофијата. Ги негира христијанските догми, сметаше дека филозофијата и теологијата се неспоиви и многу му се спротивставуваше на христијанското сфаќање на Господ како личност. Создаде пантеистичка теорија според која се се состои од вечното движење. Во науката за вселената го отфрли учењето на Аристотел и на Птоломеј и ја прифати науката на Коперник. Поради своите слободарски идеи дојде под удар на инквизицијата која, по седум годишна истрага, во Рим конечно го запали. Роден е во Нол, во 1548 година.
1653.- Роден е Арканџело Корели, италијански композитор и виолинист, претставник на италијанската класична музика. Умре на 8.01.1713 година.
1673.- Умре Жан Батист Поклен Молиер, француски писател и артист, еден од најголемите комедиографи на светската книжевност. Автор е на 33 театарски дела во кои ги исмејува тогашното општество, расипаноста и лакомоста на аристократијата. Најпознати негови дела се "Тартиф", "Дон Жуан", "Жорж Данден", "Скржавец" и други. Роден е во Париз, на 15.01.1622 година.
1827.- Умре Јохан Хајнрих Песталоци, швајцарски педагог и реформатор, духовен творец на современото основно училиште. Познати се неговите дела "Како Гертруда ги учи своите деца", "Линхард и Гертруда", "Лебедова песна" и други. Роден е на 12.01.1746 година.
1946.- Во Скопје е основано Здружението на професионалните журналисти во Македонија. За прв претседател беше избран Мито Хаџивасилев - Јасмин.
1947.- Во Битола почна со работа Нижото музичко училиште, кое во 1962 година прерасна во Средно музичко училиште.
1995.- Умре Благоја Корубин, македонски научен работник на полето на македонскиот литературен јазик. Роден е во Прилеп, на 1.03.1921 година.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows ) |