yURI |
[img]http://vesti.mt.net.mk/images/Napoleon_Bonaparte.jpg[/img]
Чешката полиција пронајде 16 парчиња оружје од времето на Наполеон, украдени во јули минатата година од музејот посветен на битката кај Аустерлиц, кој се наоѓа во југоисточниот дел на Чешка, и ги уапси неколку лица.
Станува збор за пуштоли и пушки од француско, англиско и австроунгарско производство. Најинтересна меѓу нив е пушката со седум цефки од 1786 година од француско производство.
Оружјето е пронајдено во напуштена куќа во градот Липник, на околу 60 километри од Славков, чешко име за Аустерлиц.
Кражбата е извршена од страна на неколку лица специјализирани за историски предмети.
Битката кај Аустерлиц се случи на 2 декември 1805 година и е позната како битка на три цара бидејќи Наполеон прв се судри со војниците на царевите на Австроунгарија и Русија и победи.
По битката на 26 декември е потпишан Договор од Предбург, денешна Братислава во Словачка.
Славков (Аустерлиц на германски) секоја година на почетокот на декември ја одбележува битката кај Аустерлиц и тогаш многу љубители на историјата од цела Европа се обидуваат да ја реконструираат прочуената битка.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|