Promocija
Promocija
AaaAa ВЕЧЕРВА "ТАБЕРНАКУЛ" ВО МАНУ ПРОМОВИРА ЕДЕН ОД ТЕМЕЛНИЦИТЕ Академиците ќе го рецитираат Блаже Конески Матеја Матевски, Петре М. Андреевски, Гане Тодоровски овојапт ќе ја говорат поезијата на поетот што внесе вистинска содржина во нашата култура Вечерва (во 19 часот) во Македонската академија на науките и уметностите ќе има голема промоција на Собраната лирика на Блаже Конески. Поезијата на Конески е во три тома, а ја издаде "Табернакул" во неговата едиција - библиотеката "Темелници". Тритомниот избор од лирикта на Конески носи наслови "Сите мои песни..." (книга прва и втора) и "... И лирски записи". Лириката на Конески собрана на едно место ":Табернакул" ја издаде во својата едиција - библиотеката "Темелници". Реч за Конески ќе има поетот Матеја Матевски, кој ќе биде еден од академиците кој сака да говори една од песните во оваа особена вечер посветена на големиот Конески. Најверојатно тоа ќе биде песната "Јаглен" (од цисклусот "Везилка" ) која Матески, исто така, ја прочита и кога држеше реч за Конески во МАНУ посветна на одбележувањето на 80-годишнината од неговото раѓање. Тогаш зошто токму "Јаглен" ја избрал Матевски потенцира дека во слојноста на таа песна во која преку индетификација со црната грутка јаглен што се формира во длабочните на земјата е и "метафоричниот исказ на симболиката на раѓањето , формирањето, пројавувањето и афирмацијата на национално битие од темнините на минатото до денес, толку совпадливо со сознаните и процесите на македонскиот јазик, литература и култура". И во таа пригода Матевски потенцира дека во тревогите што ги има во пеењето на Конески, толку карактеристични за него, на еден филозофски начин се содржани опомени за сеуништувачкото зло на човечкиот и национален идентитет, а тие стануваат тестаментални и не обврзуваат сите и денес и во иднина. На оваа посеба вечер на промоција посветена на Конески што им припаѓа на оној грст ретки личности исполнети со вистинска содржина во нашата култура и нашето национално битие, пњесни ќе говорат уште тројца академици. Со почит кон Конески негови песни ќе говорат академиците и поетите Гане Тодоровски, Петре М. Андреевски, Влада Урошевиќ, и Катица Ќулавкова, Гордана Бошњаковска и Михаул Ренџов. Ова ќе биде вечер за потсетување на "Посление", "Црква", "Стерна"... овојпат собрани на едно место и во три книги. (Ц.З.)