yURI |
1677.- Во Хаг умре Барух Спиноза, холандски филозоф од еврејско потекло, еден од најистакнатите рационалисти и панатеисти во филозофијата. Најпознати негови дела се "Теолошко-политички трактат", "Политички трактат" и најзначајното дело "Етика", во кое го изложува своето учење според кое бог и природата се идентични, а светот бесконечен. Роден е во Амстердам, на 24.11.1632 година.
1795.- Холандија и го предаде на Велика Британија островот Цејлон во Индискиот Океан.
1795.- Во Рио де Женеиро е роден Франческо Маноел да Силва, познат бразилски композитор. Умре во Рио де Женеиро, на 20.11.1865 година.
1866.- Роден е германскиот бактериолог Аугуст фон Васерман кој во 1906 година ја воведе методата за преглед на крвта (Васерманова реакција) со помош на која е утврдено постоењето на сифилисот. Ја проучуваше структурата на келиите, антитоксините, како и причините за појавата на болеста туберкулоза и рак.
1916.- Германските трупи минаа во офанзива кај Верден во Франција. Тоа беше најкрвава битка во Првата светска војна, која со кратки прекини траеше шест месеци. Во оваа неуспешна офанзива, Германците загубија околу половина милион луѓе, додека Французите, иако имаа исти загуби, успеаја да го одбранат Верден и да ги запрат Германците.
1924.- Роден е зимбабвеанскиот револуционер и државник Роберт Габриел Мугабе, кој по стекнувањето на независност на Зимбабве во 1980 година, стана прв премиер на африканската држава.
1972.- Ричард Никсон, како прв претседател на САД допатува во Пекинг со што започна нормализацијата на американско-кинеските односи.
1984.- Во Станица Вешенскаја, во Ростовската област на Дон, умре Михаил Шолохов, еден од најпознатите руски писатели. најпознати негови дела се "Тихиот Дон", "Донски раскази", "Разорана ледина" и "Судбината на човекот". Во 1965 година ја доби Нобеловата награда за литература. Роден е во Станица Вешенскаја, на 24.05.1905 година.
1992.- Во Вадуз (Лихтенштајн), на Генералното собрание на Еуротел интернационал-хотелска агенција во која членуваат девет земји, Република Македонија е примена за десетта членка. Неколку земји, членки на Европската заедница (Холандија, Италија, Шпанија, Португалија, Велика Британија и Белгија) индиректно ја признаа Република Македонија.
1999.- Посетата на индискиот премиер Атал Бихариј Ваџпај на Пакистан, прва на еден шеф на Влада на соседната земја по десет години, заврши со потпишување на Договор за соработка меѓу двете држави во напорите за решение на спорот во Кашмир, како и за намалување на ризикот од избивање војна.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|