fio |
Kade ste sega Makedonci sho se raspravavte za znameto, za jazikot, sho se busavte u grudi deka ste najgolemi Makedonci?
Три американскидржави ги прекрстија Македонците во Грци
Под влијание на ултранационалистичка Панмакедонска организација државите Илиноис, Мисури и Калифорнија донесоа антимакедонски резолуции со кои "утврдија" дека историјата, културата и јазикот на Македонците во последните 3.000 години биле хеленистички
Античките Македонци биле Хелени, а денешните жители на северна Грција, Македонија, се наследници на Хелените, се вели во резолуциите што се усвоени од три сојузни држави на САД - Илиноис, Мисури и Калифорнија. Речиси идентични резолуции се очекува да усвојат и Тексас и Њу Хемпшир со кои етничките Македонци се прекрстуваат во Грци. Овие резолуции се донесени под влијание на моќното грчко лоби во Америка, пред се на активностите на ултранационалистичката Панмакедонска организација, а најчесто спонзори се Американци од грчко потекло.
Во резолуциите се вели дека Филип Втори и Александар Македонски биле Хелени, културата и јазикот биле како тие на Хелените и дека тие исто како и Хелените верувале во 12 богови од Олимп и учествувале во олимпијадите.
- Историјата на античките Македонци во последните 3.000 години беше хеленистичка и таа продолжува и во денешни денови - се наведува во резолуциите.
Амбасадата на Република Македонија во САД во неколку наврати изразила сериозна загриженост за ова прашање во Стејт департментот и во Националниот совет за безбедност при Белата куќа, укажувајќи на штетните последици и барајќи соодветно постапување.
Никола Димитров, македонски амбасадор во САД, вели дека деновиве испратиле писма до гувернерите и законодавните домови на сојузните држави во САД, вклучувајќи ги Тексас и Њу Хемпшир.
Македонската дијаспора, особено многубројната македонската заедница во САД е гневна заради усвојувањето на резолуциите и побара тие да бидат поништени. Иако резолуциите немаат правно влијание на надворешната политика на САД, тие продуцираат низа директни негативни ефекти - претставуваат навреда за сите Македонци во матичната земја и во светот и создаваат целосно лажен впечаток дека САД молкум ја поддржуваат грчката страна во разговорите за разликите околу името.
- Со резолуциите се продуцира антиамериканско чувство во македонското јавно мислење, во момент кога сме во завршна фаза за склучување повелба за партнерство меѓу Македонија, Албанија и Хрватска со САД во напорите за зачленување на трите кандидати во НАТО - коментира за "Дневник" Никола Димитров.
Тој јавно се прашува која е логиката на законодавните домови на тие сојузни држави на САД, кои инаку немаат уставна надлежност во надворешната политика, да се произнесуваат за прашања илјадници години во минатото и илјадници километри надвор од границите на САД.
- Прашањето што биле античките Македонци е прашање што не може да го одговори еден законодавен дом со политичка резолуција, туку науката и историјата. Прашањето за припадноста на денешните жители на Македонија, било нашата држава или северната грчка провинција, е прашање што можат да го одговорат само тие жители, истакнува Димитров.
Во отвореното писмо до гувернерот на Илиноис, Џорџ Рајан, македонските Американци велат дека се навредени од резолуцијата затоа што го негира нивниот етнички идентитет, а со тоа ги повредува и нивните човекови права.
Македонската заедница од Илиноис во писмото наведува дека "македонската заедница во Америка е составена од околу 800.000 граѓани со повеќе од 30 црковни заедници, 50 македонски училишта и 100 македонски центри низ САД".
Ова е втор случај да се негира етничкиот корен на Македонците. Пред неколку години во австралиската држава Нов Јужен Велс се донесе резолуција со која Македонците беа прекрстени во "Славо-Македонци", а нивниот јазик "славомакедонски", но со упорна акција на тамошната македонска заедница таа резолуција беше повлечена.
© 2001 Дневник, сите права задржани
Duri i najzatupenata imigracija spored glasanjeto, Makedoncite u Australija izlegoa podobri |
Thunder from down under |
quote: Originally posted by fio
Kade ste sega Makedonci sho se raspravavte za znameto, za jazikot, sho se busavte u grudi deka ste najgolemi Makedonci?
Ова е втор случај да се негира етничкиот корен на Македонците. Пред неколку години во австралиската држава Нов Јужен Велс се донесе резолуција со која Македонците беа прекрстени во "Славо-Македонци", а нивниот јазик "славомакедонски", но со упорна акција на тамошната македонска заедница таа резолуција беше повлечена.
© 2001 Дневник, сите права задржани
isto i vo Victoria (Melbourne) ne samo Nov Juzen Vels(Sydney)
|