yURI |
1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном, еден од најголемите астрономи на сите времиња во светот. Поаѓајќи од теоријата на грчките астрономи, кои сметаа дека Сонцето е центар на светот, а Земјата и другите планети кружат околу него, Коперник ја формулира теоријата на хелиоцентричниот систем и со тоа ги постави основите на модерната астрономија. Умре на 24.05.1543 година.
1743.- Роден е Луиџи Бочерини, италијански композитор и виолончелист. Особено е заслужен за развојот на камерната музика за која напиша голем број композиции. Умре во Мадрид, на 28.05.1805 година.
1921.- Склучен е првиот од пактовите со кои Франција настојуваше да обезбеди хегемонија во Европа - сојуз со Полска против Германија и со Малата Антанта дејствуваа многу силно врз европската политика.
1959.- Потпишана е Лондонската спогодба меѓу Велика Британија, Грција и Турција за независност на Кипар.
1994.- Во Скопје е основано Македонско - американско здружение за пријателство и соработка.
1996.- Во Њујорк официјално започна со работа генералниот конзулат на Република Македонија.
1996.- Советот на Театарските игри "Војдан Чернодрински" донесе одлука оваа манифестација во иднина да се одржува под името "Македонски театарски фестивал".
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|