Tetovo-Prolet 2003
Tetovo-Prolet 2003
redstar Poslednite nekolku denovi sme svedoci na teroristicki napadi na nekoi "kriminogeni bandi" a vcera mediumite prenesoa informacija deka povtorno na patot pomegju Tetovo i granicniot premin Jazince se pojavuvaat uniformirani lica so oruzje koi sopirale i legitimirale normalno lica od makedonska nacionalnost.Dali seto ova mirisa na vece videnoto scenario od proletta 2001? Prognoza[?][?][?]
nyx- kur ke ni jadat :) mame im eam ja nivno... nema da bide isto ko so beshe proshli put... taka da.. enjoy :) a vec ako se desi toa ondak ke vidime [:(!]
Whitebaby Da de, taka vikavme i proleta 2001, arno ama ne izleze taka.
moonchild Neznam kolku prassanjevo kke se sovpadne so topikov no me interesira kolku e sigurno/opasno Tetovo za strancite, denovive? Nie planirame da doaggame vo Makedonija okolu krajot na Mart ili April i so nas kke doaggaat nassi prijateli koi se Amerikanci i koi ne zboruvaat makedonski.(pa znacci kke bidat dosta vpeccatlivi deka se stranci) Voglavno kke prestojuvame vo Skopje no sekako deka na nekolku dena kke bideme i vo Tetovo... Dali postoi opasnost za niv? Dali kke treba da priccekame i da dojdeme podocna so nadezz deka kke se podobri situacijata???? Kolku ssto ccitam niz vesniciva na internet sekade niz Makedonija ima prevrivanja pa neznam kolku kke se podobri situacija so tekot na vremeto, ili usste povekke kke se vlossi. Pozdrav
nyx- abe ima teroristi i ke ima izlea... ali veruj mi .. pred nekoj den probale da dopiraat koli kaj Poroj naoruzeni i so uniformi na UCK ali po nekoe vreme koga doznala policijata ... eden BTR so tigri beshe praten na mestoto i tija odma se razbegale... a toa beshe druga prikazna 2001 ..
slasa Kur ke jadat koj komu?? MVR veli deka ne postojat Teroristi isto ona sto i vo 2001 godina se desavase .Se pocna i togas so Malecki grupi Pukni ovde pukni onde pa na krajot se otide u Picku Materin. Ovoj pat moze da bide uste pogolemo, Spas opsta mobgilizacija pa ednas za sekogas da se resi toj problem .
fio se slagam so slasa :)
dbk abe tetofcani sto i napravivte na hummerGrl sto ja snema od netot?
Whitebaby Prognoza: 2:0 za niv. Rabotava mu odi... Bog da go prosti Tetovo!!! Sluchajno da ne "sadat pak kompiri" nekoj??? [}:)]
fio vikaat od 15.03, kje vidime
slasa Терористи или криминалци, припадниците на АНА нешто подготвуваат КОЈ Е КОЈ ВО ТАБОРОТ НА НОВИТЕ АЛБАНСКИ ЕКСТРЕМИСТИ Лидерите на АНА излегоа од шинелот на Али Ахмети Новите терористички формации имаат платформа за создавање "Голема Албанија", политичка поддршка од албански партии и планови да соберат пари во дијаспората за својата кауза Фронтот за народно обединување на Албанците, кој функционира како политичка организација на АНА, забрзано основа разграноци во Италија, Германија, Словенија, Швајцарија и во Австрија, за да се соберат пари за продолжување на битката за "Голема Албанија". "Дневник" дознава дека во платформата на фронтот се вели дека таа организација нема да отстапи од примените на методите на урбаниот тероризам, главно насочен против државните институции. Поради тоа, како што се дознава, челниците на ДУИ, Али Ахмети и Гзим Острени, и министрите од таа партија, во јавноста се појавуваат само под силно обезбедување. Кои се, всушност, челниците на АНА и на фронтот за народно обединување на Албанците што носи кратенка ФБКШ? Политички секретар на фронтот е извесен Албан Вјоса. Засега многу попознат е неговиот колега Валдет Вардари, лидер на АНА, кој во последно време зачестено дава интервјуа, најавувајќи пролетна офанзива. Фадил Адили, алијас Валдет Вардари, е од Кичево. Тој е поранешен близок соработник на Али Ахмети. Адили подолг период живее и работи во Швајцарија, каде што заедно со Ахмети и Фазли Велиу членува во НДК (Движење за независно Косово). Според косовски разузнавачки извори, станува збор за незадоволници од политиката на ДУИ. Вардари веќе ангажирал инструктори од поранешната разузнавачка служба на Албанија. Сите овие групи незадоволници од разврската на војните во Македонија и на Косово денес наидуваат на отворена политичка поддршка од повеќе политички партии на Косово, но и од Демократската партија на Албанците во Македонија. Разузнавачките извори на КФОР на Косово се уште ја разгледуваат целата заднина на овие засилени активности на отпаднатите воени групации на Косово, јужна Србија и Македонија. Две теории се во оптек: предизвикување нестабилност во регионот заради независност на Косово или пак нестабилност заради полесно дејствување на теренот на криминогените структури. Вистинскиот одговор на долгорочните планови на овие опасни екстремисти треба да се побара во нивните зачестени интервјуа во албанскиот печат. Така, Албан Вјоса, во интервју за ревијата на албански јазик "Левизија" (Движење), која се печати во Македонија, ќе рече: - Бившата југословенска република Македонија нема услови за да биде држава. Оваа земја не ги исполнува политичките, националните, историските и традиционалните стандарди. БЈРМ нема име, јазик и национални симболи. Ова се сериозни проблеми, кои власта се обидува да ги заташка и да ги дополни со брутални методи, малтретирање и геноцид врз Албанците, кои се староседелци во земјава. Коментирајќи ја охридската спогодба, Вјоса додава дека "таа е со краток живот и воопшто не ги исполнува барањата на албанскиот народ". Политичкиот секретар на ФБКШ објаснува дека со албанските партии во Македонија ги спојува само идејата за создавање на "Голема Албанија". - Иако сите политички албански партии имаат свои обележја, тие мораат да соработуваат со нас за да ја реализираме крајната идеја. Нас не не интересира која албанска партија е на власт, дали тоа е Демократската унија за интеграција или Демократската партија на Албанците, бидејќи БЈРМ е вештачка творба, за која сметаме дека не треба да постои - истакнува Вјоса. Во интервју за весникот на албански јазик "Факти", кое е пренесено на сајтот на АНА, Вардари објаснува дека никој во оваа земја не сака војна, а особено не албанскиот народ. Но... - Војната, сепак, ни се наметна поради ситуацијата на Косово, каде што албанскиот народ е заробен и треба да се ослободи. Истото е и со Албанците во БЈРМ. Со нашето дејствување го снема стравот кај Албанците. Ние само сакаме да се спречи крвопролевањето и целиот албански народ да се соедини во една Голема Албанија - изјавува Вардари. За поразите на албанските дипломати во Косово и во Македонија, Вардари вели дека таквите политичари ќе ги снема. - Ако албанските политичари не се убедени во идејата за Голема Албанија и ако не ја чуваат албанската кауза, тие не се во состојба да успеат и ќе пропаднат. Неуспесите од Косово нема да се појават и во БЈРМ. Ние нема да чекаме во БЈРМ да се променат "коњите на кочијата", да падне Ахмети за на власт без власт да дојде некој сличен - истакнува Вардари. Aлександар Дамовски
redstar Vo vrska so bezbednosta,mislam deka povece treba da se grizis za sopstvenata otkolku za bezbednosta na tvoite prijateli od amerika,bidejci momentalno klimata megju makedoncite generalno e takva da sekoj amerikanlija go gledaat kako sansa da se zaraboti nekoj dolar(iskrenosta i ljubovta ne e mnogu bitna),a kaj albancite amerikanecot e sinonim za covek koj se grizi za nivnite prava i slobodi. Pouka:Vo Makedonija drzi se za strancite i nemaj gajle.
moonchild Redstar, Te molam, ako sakass da pojasniss ssto sakasse da kazzes so ova "sekoj amerikanlija go gledaat kako sansa da se zaraboti nekoj dolar(iskrenosta i ljubovta ne e mnogu bitna)"... ?! A znacci ako ne preccekaat nekoi od tie vooruzzenite UCK (plemeto da im se sotre[xx(]) kke nemame gajle, ne samo ssto kke ne pusstat tuku i blgoslov mozzno e da ni dadat?! [:D] Se sseguvam. Jas dosega se plassev samo od niv, a ti gledass li deka mi otvori novo gajle? [:(] Ti blagodaram za sovetot, Moonchild
slasa ЕКСТРЕМИСТИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ПРОЛЕТ АНА патролира и мобилизира Вооружени групи вршат регрутација по селата во Тетовско, Кумановско и Скопско "Албанска национална армија" се обидува да регрутира Албанци од кризните региони убедувајќи ги дека "шумите се полни со доброволци" и оти имаат поддршка од западните земји. Во села во Тетовско, околината на Скопје и во Кумановско оперираат групи на поранешни команданти на ОНА, ОВК и ОВПМБ, кои засега немаат поддршка од месното население, но разузнавачите стравуваат дека локалните Албанци ќе се солидаризираат со "борците за каузата". АНА дејствува во три сектори, кои ги опфаќаат "албанските територии" надвор од матичната држава. "Корпусот Малесија" ја опфаќа територијата на Црна Гора, "Дарданија и Илирида" се на територија на Македонија и јужна Србија, а секторот "Чемерија" опфаќа дел од јужна Албанија и северозападна Грција. Во "Генералштабот" на АНА се Хекуран Аслани, Витан Градица и Исуф Сулај и Идриз Смотхана, за кои се верува дека се поранешни генерали на армијата на Албанија. Интензивното појавување на АНА во јавноста треба да послужи за нејзина медиумска промоција и за да и се даде димензија на организирана воена структура. Разузнавачите се сомневаат дека групите на АНА за обука ги користат редовните вежби на Косовскиот заштитен корпус и оти имаат магацини за оружје во пограничните подрачја. Според разузнавачите, во Тетовско оперираат групите на Малиќ Ндрецај-Мала, Сами Укшими-Соколи, Мет Мучали-Мети, а кај Лисец е забележана групата на командант Хоџа од Призрен. Реоните на Порој, Џепчиште и Непроштено се "сектор" на Даут Реџепи-Лека и на неколку поранешни команданти на ОНА. Лека се обидува да ги координира и да ги обедини групите што се движат околу Слатино, Ѓермо и Пршовце. Малиќ Ндрецај и командант Лека се сметаат за најекстремни "борци за каузата" во Тетовско. Екстремистите во тетовските села растурале и летоци со повик за регрутација, но немало одѕив од населението. Околу селата Речица, Палчиште, Пирок и Раковец оперира група на Саит Рушити од Раковец. Рушити бил фатен по полицискиот упад во Боговиње, но по демонстрациите на локалното население и повлекувањето на полицајците во штабот на ДУИ, уапсениот бил ослободен, тврдат извори на "Дневник". Во околината на Липково оперира групата на Џавид Морина - командант Дреница, кој со групата на Енвер Руфати-Џаџи во март лани го нападнал штабот на Ахмети во Речица. Џавид Морина се бара за киднапирањата во Тетовско, а КФОР на Косово издал налог за негово апсење. Разузнавачите го сметаат Морина за еден од најекстремните следбеници на фронтот за национално ослободување, а се знае и дека едно време се криел во Италија. Во Кумановско оперира и групата на командант Малишева од Косово, а се споменува и Ридван Незири од Танушевци, осомничен дека учествувал во убиството на полицаецот кај трговскиот центар "Чаирчанка" и обвинет за недозволена трговија со дрога. Незири под команда на Џавид Асан учествувал во конфликтот кај Танушевци. Во Кумановско-липковскиот регион дејствува група на АНА под водство на командант Барути, инаку Џемаил Љамаљари од Матејче, поранешен командант на т.н. 113 бригада на ОНА. Обично се појавуваат тројца до осум екстремисти, а групата често менува локација. Барути е во постојан контакт со Мухамед Красниќи - командант Малишева и често одел на состаноци во Витина. "Јатак" на оваа група од косовската страна на границата е Фадил Асан од Танушевци, брат на дрвосечачот Џавид Асан, кој беше командант во ОНА. Разузнавачите тврдат дека групите вршат "пропагандно-психолошки активности" за придобивање на албанското население. "Фронтот за народно обединување на Албанците", чие воено крило е АНА, во тетовскиот регион се обидува да ги трансформира криминалните групи во "единици" на АНА. Групите не се кохерентни и организирани и засега не се координирани од централна командна структура. Најчесто се појавуваат во групи од 3 до 5 лица и постојано се во движење. Вооружени се со лесно пешадиско оружје, без поголема огнена моќ и поширока поддршка од локалното население и дијаспората. Игор К. Илиевски
slasa брисел Евросилите се исплашија од АНА?! Евросилите нема да дојдат на 15 март во Македонија, како што е планирано, затоа што Вашингтон и Брисел сериозно ги сфатиле заканите на АНА за "пролетна офанзива", тврди дипломат во Брисел, кој сакаше да остане анонимен. Иако грчкиот амбасадор при ЕУ, Аристидис Агатоклис, вели дека "повеќе нема ризик да дојде до одложување на мисијата", дипломатот ја демантира неговата изјава. - Од политички причини официјално никој не сака да го признае тоа, меѓутоа, постојат повеќе пречки што се уште не се отстранети - вели дипломатот. "Дневник" од дипломатски извори дознава дека во највисоките кругови сериозно се сфаќаат заканите за пролетна офанзива во Македонија и дека тоа е една од причините што Вашингтон не би сакал толку брзо да се повлече од нашата земја. Од една страна, финализирањето на "Берлин плус" не е едноставен зафат, а освен тоа, од Вашингтон доаѓаат сигнали на нерасположение поради европското кочење на ирачкото досие. - Јасно е дека евровојската нема да може да мрдне од Брисел се додека и последниот ред од "Берлин плус" не биде финализиран - велат дипломатски извори. (С.Ј.)
redstar Moonchild, pisuvam za raspolozenieto na obicnite gragjani vo Makedonija,a osobeno vo Tetovsko.Poradi odnosot i pristrasnosta na oficijalnata politika sto ja tera Amerika na Balkanot,a posebno vo Makedonija, sigurno znaes deka imase i periodi,posebno za vreme na bombardiranjeto na SRJ i voeniot konflikt vo Makedonija vo 2001,koga ne bese bas prijatno da se bide amerikanec(slucai na tepanje na novinari na CNN i BBC vo Tetovo,kamenuvanje na vozila na NATO,OBSE sl.raboti).E sega momentot e takov da postojat edno cudo nevladini i vladini organizacii,diplomatski misii,razno razni proekti vo koi mladinava gleda moznost da se zaraboti nekoja para i pred se od ekonomski aspekt raspolozenieto generalno kon strancite e smeneto.Direktno ili indirektno moznost za ubav profit gledaat pred se ugostitelite(poznato e naseto gostoprimstvo no i "secenje" so ceni pet pati povisoki od normalnite),a posledno vreme aktuelno e iznajmuvanje na fino opremeni stanovi i kuci za astronomski ceni i normalno edna godina kirija odnapred. I posle gorekazanovo,kako da ne gi sakas strancive.
Whitebaby I redstar... nema novi informacii? Moite nishto ne mi kazhuvaat. [:(!]
redstar Monotonija nevidena.Poslednive nekolku denovi,posle ubistvoto na 17-godisno momce vo centarot na Skopje vo raspravija megju dve grupi mladinci, narodecov nas e preokupiran so inicijativa za stavanje tocka na nekontroliraniot obem na nasilstvo megju mladite,taka da sega se najavuva akcija na policijata pred se po ugostitelskite objekti za zabrana na tocenje alkohol na maloletni lica i voopsto nivno ograniceno dvizenje do opredelen vremenski interval.
Whitebaby Kako bre monotonija... a jas edvaj chekam da si dojdam vo Tetovo. [:(] Barem se drzhi ushte taa "dnevna shema"... izlezi, cickaj edno kafe dva saati i ogovaraj sve zhivo i divo sho ke projde [?][:D] Da te prasham neshto... jas zaminav od Tetovo vo Juli 2001, koga ushe ne beshe sredena sostojbata. Kako e sega, dali e do nekoj stepen sigurno ko shto beshe pred da pochne pukanjeto (mislam za izleguvanje i dvizhenje) [?]
redstar Za Whitebaby, sto ne kazes deka ti fali taa rekla-kazala sema.Na prv pogled izgleda se isto kako vo 2001,so toa sto fali edna produktivna grupa mladi lugje koi se isporasturija po svetov.Imas mnogu novo otvoreni kafici,koi sami po sebe,se topat u siviloto na ostanatite.Taka da,ne se sekiraj,spremi se za intenzivna dnevna kafe-sema i trac muabeti.
Whitebaby redstar, epten mi fali rekla-kazala shema... posebno shto golem procent od taa shema se bazirashe na moeto ime [:D][:D][:D] Bashka, jas i ne sum bash ljubitel na dnevna shema (toa vreme si bev na rabota), a preku vikend poslatko mi beshe kafeto da go pijam doma otkolku vo kafic [:D][:D][:D] Ali bre nishto nemozhe poslatko da te iznasmee nego moabet od tipot na ... "znaesh shto razbrav??? deka si imala sponzor od Skopje, zatoa vo posledno vreme te nema vo grad. Stvarno???" [:D][:D][:D][:D][:D][:D][:D] Shampioni se bre u Tetovo, im nema ramen za "scenarija"... a jas im bev prilichno interesen predmet za "obrabotka" [:D][:D][:D]
NatusH ja izedovme!
pLAY_gIRL dA MNOGU FKUSNA BESE!
NatusH dajte drugo CUPE!:))
pLAY_gIRL JuhhhhhhhhhhhhUUUUUUUUUUhhhhhhhhhUUUUUUUUUUUUU