AaaAa |
ФИЈАСКО НА ОТВОРАЊЕТО НА "МОДЕСТ ЕКСКЛУЗИВ 2003"
Париз во Скопје, а Скопје за никаде
Најголем аплауз за "Тетекс" на ревијата на учесници-излагачи на саемот "Модест микс"
Скопје завчера имаше шанса два часа да биде Париз во модата ама не ја искористи. Новата генерација француски креатори завчера имаше шанса да потврди дека доаѓа од светска модна престолнина. Ама ја пропушти. Два часа беа доволни да се открие дека не не бива за организација, поради преголеми апетити да се покажеме дека не бива, дека нашите манекенки не знаат да носат модели на потпетици од 12 см, дека немаме култура како публика-и дека во светот не третираат како да сме од џенем.
Модната ревија на француската прет-а-порте мода и нејзините претставници Кукаи, Диче Кајек, Изабел Марант, Стела Каденте, Јоанис Гуал, Кетрин Прада... и донекаде високата мода на Америк Франсоа за отварањето на "Модест ексклузив" на Скопски саем- од ексклузивен настан се претвори во фијаско. И покрај подготовките и долготрајните преговори на Францускиот културен центар во Скопје и организаторот-Скопски саем да донесат ексклузивни гости за јубилејот на "Модест", откако отпадна можноста да се одржи ревија на Луј Витон.
Организацијата на саемот, годинава јубилеен и со промовиран нов имиџ, испадна хаотична: премала писта, лошо озвучување-француската евергрин музика од мелем се претвори во хорор за нашите уши, светла како лајт шоу во диско, а не за гала настан, хостеси кои не си ја вршеа работата,ама се први кога е во прашање коктел, обезбедување кое тоа беше само по беџовите, па пушташе публика во делот за новинари. Таму каде што требаа да седат новинари, седеа пак вип-гости. А публика насекаде, најмногу на нозе-што да прават што нема место,ама не значи да се вреѓаат за што некоја и го покрила погледот...
Промоцијата на младата генерација на француската мода со прет-а-порте колекцијата, не доби аплаузи меѓу публиката поради дежа ву креации. Или тие си мислат дека ние не знаеме што е мода. Ама сите им ги бендисаа чевлите. Нивните модели беа премали да ги соберат нашите манекенки, на кастингот дознавме дека бираат девојки со обем на кукови под 90 см, па ретки беа среќничките или не беа тоа, кој знае, што беа ангажирани за ревијата. Дел од нив, завчера на отварањето, со подебели нозе од кукови,на пистата не знаеја да ги износат моделите: потпетиците им беа превисоки, долгите здолништа им се плеткаа меѓу нозете, си ги поднаместуваа креациите како да се на проба, едната дури го држеше здолништето да не и се лизне... Особено кога ја носеа колекцијата на висока мода на Америк Франсоа па неговите успешни тоалети, заради лошиот впечаток добија млаки аплаузи од публиката. Лош старт за "Модест" кој треба да трае уште четири дена.
Ако е за утеха, Рикардо Гај, сопственикот на модна агенција од Милано, се појави да ја поздрави публиката, а миксот од учесниците на саемот од фирмите излагачи најавија дека сепак на "Модест" ќе има што да се види.
Вчера, ревии одржа "Мура", Рашица", "Токо-Словенија"..., а од модните стилисти Лиле Корубин и Славица Блажевска.
Денеска на саем ќе бидат додели награди за најдобри експонати, а во ревијалниот дел настапува "Стилос" со чантите самсонајт, Серџо Тачини, Ла коста,...новите дизајнерски имиња Стерјо Даниела Лела, Срџан Крстевски и проектот на Теа модерна со група дизајнери "Боите на Македонија" веќе промовиран во јавноста ама прв пат со ревија.
Л. Сабит
|