yURI |
На денешен ден 22.02.2003
1512.- Во Севилја, Шпанија, умре Америго Веспучи, италијански морепловец, кој пловејќи под шпанското знаме стигна до бреговите на Бразил и Хондурас. Тој беше уверен дека открил "нов свет", што се наоѓа меѓу Европа и Азија. Според неговото име, новиот континент го доби името Америка. Роден е во Фиренца, на 9.03.1459 година.
1732.- Роден е Џорџ Вашингтон, прв претседател на САД (1789-1797). Во војната за независност беше врховен заповедник на војската на колонистите и лично заслужен за победата во војната и за ослободување од Британија. За претседател е избран и по вторпат во 1792 година. На третите избори одби да се кандидира и се повлече од политичкиот живот. Умре на 14.12.1799 година.
1878.- Во Охрид е роден Христо Узунов, еден од плејадата големи македонски револуционери во борбата за македонското социјално и национално ослободување. Поради својата револуционерна дејност беше затворан од страна на османлиската власт. За време на Илинденското востание учествуваше во востаничките акции. И по задушувањето на востанието ја продолжи борбата за слобода се до неговата смрт кога со 11 соборци, за да не им се предадат живи на османлиите се самоубија, на 14.04.1905 година.
1988.- Во Скопје умре Петар Богданов - Кочко, македонски композитор, оперски пејач (тенор) и организатор на музичкиот живот во Македонија. Учесник е во НОВ на Македонија, еден од основачите на Операта на Македонскиот народен театар и на првото музичко училиште, прв претседател на Друштвото на музичарите на Македонија. Како пејач остави низа значајни улоги. Роден е во Скопје, на 12.03.1913 година.
1994.- Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Кралството Белгија. Во Брисел, со размена на дипломатски документи, Кралството Белгија воспостави дипломатски односи со Република Македонија.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|