Kalashnjikov
Kalashnjikov
yURI "КАЛАШЊИКОВ" НАСКОРО НЕМА ДА БИДЕ САМО АВТОМАТСКА ПУШКА Доколку рускиот пронаоѓач на автоматска пушка "Калашњиков", Михаил Калашњиков го спроведе на дело својот најнов изум, тоа име на оружјето ќе го добијат чадорите, часовниците, па дури и лосионите што се користат после бричење. Тој планира да потпише договор со една германска компанија која сака на пазарот да пласира производи, како халогени ламби, џепни ножеви и енергетски напитоци под името "Калашњиков". Михаил Калашњиков, кој сега има 83 години, живее во Русија од пензија во двособен стан и никогаш не добил пари за неговиот пронајдок во 1947 година, автоматската пушка АК-47, во време кога тој се опоравувал од повредите со кои се здобил за време на Втората светска војна. Тој доби многу медали и му се укажани бројни почести за неговиот пронајдок, но никогаш не добил финанскиска премија. Германската фирма "Маркен маркетинг интернешнел" со седиште во Солинген, неодамна најави договор за партнерство со Калашњиков, според кој треба да почне да ги рекламира производите под негово име, а тој за возврат ќе добие 33 отсто од акциите на тоа претпријатие. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )