Pochnavme i so ubistva vo sred centar:( |
melpomena |
СВИРЕПО УБИСТВО ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ
Со нож убиено 17-годишно момче
Седумнаесетгодишниот скопјанец Марио Ѓорѓиевски ученик во трета година во средното економско училиште "Васил Антевски Дрен, , вчера 15 минути по полноќ свирепо, е убиен со нож директно во градите, во центарот на Скопје, од двајца засега сеуште непознати напаѓачи, а тројца негови другари биле повредени, од кои едниот потешко. По крвавиот масакр непознатите напаѓачи избегале во правец на "Мекдоналс", а трите малолетни момчиња Никола Н. (18), Дејан К. (17) и Мартин Т. (17) со такси возила биле пренесени во Градската општа болница.
Увид на местото на злосторството извршила полицијата заедно со истражен судија и заменик на скопскиот основен јавен обвинител. По увидот телото на убиеното момче по налог на истражниот судија било предадено на Институтот за судска медицина на обдукција. Полицијата презема интензивни мерки за пронаоѓање и фаќање на двајцата свирепи убијци.
Засега сеуште не се знае кој се причините за свирепото убиство и ранувањето на малолетните скопјани.
Како што дознаваме настанот започнал во кафе барот "Лондон" во кој што Марио Ѓорѓиевски заедно со неговите другари Никола, Дејан и Мартин седеле на една од масите во кафе барот. На спротивната маса од нив седеле двајцата непознати напаѓачи кои упорно гледале во нив. По извесно време Марио му се пожалил на еден од другарите дека непознатите чудно го гледаат. По разговорот во тоалетот тие повторно се вратиле во кафе барот. Кусо време потоа Дејан К. заедно со неговата девојка излегле од "Лондон". По нив тргнале и непознатите. Едниот од нив во близина на продавниците на "Тутун промет" и "Мобимак" на плочникот без никакво образложение го извадил ножот и почнал да го боде Дејан. Тогаш неговата девојка по телефон се јавила кај Никола, Мартин и Марио и ги известила дека Дејан бил нападнат. Неколку минути подоцна пристигнале и неговите другари со намера да го одбранат нападнатиот. Во општата мешаница и пискотниците на девојките непознатите напаѓачи почнале безмилосно да ги бодат момчињата. Притоа неколкупати директно во срцето со ножот бил прободен Марио, а во половината бил прободен и Никола Н. Посекотини по телото добиле и двете други момчиња. Додека насобраните им пружале помош на ранетите момчиња напаѓачите избегале.
Еден од другарите со такси го префрлил Марио во Градска. Тој бил уште свесен, но почнал обилно да крвари. Кога влегле во болницата Марио починал.
(П.А.Л.)
|
melpomena |
Dvajcata maloletnici koi vcera go izbodea do smrt 17 Godishniot Mario Gjorgjievski deneska se uapseni i izvedeni pred istrazniot sudija. Se ushte ne se znae prichinata za ubistvoto, so spored neoficijalni podatoci, prichinata za prvichnata verbalna kavga bila-"devojka". Protiv dvajcata maloletnici se podneseni krivichni prijavi. |
melpomena |
Две лица чиј идентитет полицијата сеуште не го соопштува околу 8 часот утрото пред ресторанот Томче Софка имале вооружена престрелка во која полесно е повреден еден од нив.
Според полициските информации, на настанот му претходела физичка пресметка, а кога тргнале кон своите возила и двајцата извадиле пиштоли и отвориле оган.
Вчера попладне во кафебарот Грин кафе во трговскиот центар Бисер извршен бил физички напад врз двајца полицајци.
Чуварите на редот биле повикани поради интервенција за нарушен ред и мир.
Тоа не им се допаднало на тројцата насилници на возраст од 19 до 29 години, па им се нафрлиле на полицајците и на еден од нив му нанеле полесни повреди.
www.kanal5.com.mk |
melpomena |
Policaecot Sasho Angelovski ja ubil vo svojata kukja vo Skopskata naselba-Kozle svojata intimna prijatelka Bojana Nedelkovska, a potoa se samoubil so eden kurshum vo slepochnicata. Telata gi nashla soprugata na Angelovski. Zasega ne e poznata prichinata za ubistvoto, no sosedite tvrdat deka slushnale karanica vo dvorot, i go videle Angelovski kako ja tegne za kosa Nedelkovska.
Sasho Angelovski e poraneshen rezervist, tatko na edno dete, i sosedite za nego velat deka bil mnogu dobar chovek, a i bile mnogu iznenadeni za negovata vonbrachna vrska. |