yURI |
1841.- Во Лимож е роден Огист Реноар, француски сликар, еден од најистакнатите претставници на импресионизмот. Разви сопствен израз карактеристичен по светлорозовите и модри тонови. Во последниот период од своето творештво се занимаваше и со вајарство. Најпознати негови слики се "Капачки", "Мулен" и "Лулашка". Со своите слики првпат се појави на изложба на импресионистите во Париз, во 1874 година. Умре во Кан, на 17.12.1919 година.
1944.- Во Скопје, при пробивањето на блокадата на бугарската полиција е убиен Кузман Јосифовски - Питу, народен херој на Македонија. Роден е во Прилеп, на 23.06.1915 година.
1949.- Со закон на Народното собрание на НР Македонија е основан Универзитетот во Скопје. Со одржувањето на првото Универзитетско собрание на 24.04.1949 година, е означено раѓањето на Универзитетот како највисока научна и образовна институција во Македонија. Во 1969 година, при одбележувањето на 20-годишнината од работата на Универзитетот, тој го доби името Универзитет "Кирил и Методиј", а на 12.11.1992 година, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот "Кирил и Методиј" пред името на словенските просветители го доби и епитетот свети, значи "Свети кирил и Методиј".
1991.- Во Будимпешта, Унагарија, министрите за надворешни работи и за одбрана на шест земји - членки на Варшавскиот договор (Советскиот Сојуз, Полска, Чехословачка, Романија, Бугарија и Унгарија) потпишаа протокол за укинување на неговата воена организација, по 36 години постоење (14.05.1955 година).
1994.- Во Брисел официјално започна да работи амбасадата на Република Македонија.
|