Shto se gradi i renovira vo Skopje
Shto se gradi i renovira vo Skopje
melpomena ИДНАТА НЕДЕЛА ПРОДОЛЖУВА РАЗУБАВУВАЊЕТО НА ЗАПУШТЕНИТЕ ЗЕЛЕНИ ПОВРШИНИ Целосна обнова на новиот дел од Градскиот парк Обновата ќе трае цела година, а ќе сепостават нови клупи, корпи за отпадоци, ново осветлување Идната недела ќе почне обновата на новиот дел од Градскиот парк. Градските власти најавуваат дека обновувањето ќе трае цела година и паркот ќе биде целосно дотеран. Минатата година Градот со помош на донации ги исчисти езерата и каналите од насобраниот талог, а се организираа и акции за собирање на отпадоците и исушените гранки од зеленилото. Сега езерцата се празни и, како што велат одговорните, се чекаат првите потопли денови за да се наполнат со вода и да се вратат рибите во нив. "Со обновата што планираме да почне следната недела предвидено е во рок од една година да се отстранат старите клупи и да се постават нови. Целосно ќе го обновиме и осветлувањето. Во паркот ќе поставиме нови канделабри и корпи за отпадци. Со проектот за уредување е предвидена и обнова на јавниот тоалет во Паркот, кој сега е запуштен и практично не е во употреба", велат одговорните од Градот. Новиот дел од Градскиот парк до лани беше во кастрофална состојба. Мовчињата беа на распаѓање и на нив речиси немаше здрава штица. Тие беа обновени есента, заедно со чистењето на езерата и каналите, но паркот остана без клупи, корпи за отпадоци, навечер е црна темница, а по асфалтираните стази за шетање насекаде има дупки. Градоначалникот на Скопје Ристо Пенов, минатата година најави дека новиот дел од паркот ќе се обновува, но дека градот нема пари да го уреди по примерот на стариот дел каде има украсни канделабри, клупи и убаво уредено зеленило. (М.И.) Zemeno od Vest
melpomena Eve pochnaa so asfaltiranje na ulicite[:D] ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Почнува обновата на Лука Геров АД"Маврово" неделава ќе почне со градежните работи Градските власти неделава ќе почнат со реконструкција на улицата Лука Геров во општина Ѓорче Петров. Мичо Поповски заменик претседател на Градскиот комитет, вели дека АД"Маврово" неделава ќе почне со градежните работи на улицата Лука Геров, чие обновување треба да заврши до средината на јуни. Тој објасни дека со проектот за реконструкција предвидено е асфалтирање на улицата во должина од 900 метри. "Поради потребите на градежната оператива улицата ќе биде затворена за сообраќај, бидејќи немаме можност да затвораме само една лента. Сообраќајот ќе биде пренасочен на еден земјен пат паралелен на улицата, на кој веќе поставивме тампон и колку толку го оспособивме за сообраќај", додава Поповски. Тој објасни дека освен асфалтирање на коловозот нема да вршат други поправки, бидејќи на оваа улица има атмосферска канализација и соодветно осветлување. За обновување на Лука Геров од градската каса ќе бидат одвоени околу 8 милиони денари. (Е.А.)
OooOo chak 900 metri asfalt ?? wohoooooooooo
NARCIS` КОНЕЧНО ЌЕ СЕ МЕРИ ВРЕМЕТО ВО градот Уште три градски часовници ќе покажуваат колку е часот До крајот на неделава ќе почнат да го мерат времето и трите градски часовници што се поставени кај месноста Чешма во населбата Кисела Вода, во Автокоманда и на булеварот Водњанска. Со тоа во градот конечно ќе проработат сите 20 градски часовници. Во Градскиот комитет за урбанизам велат дека часовниците кај месноста Чешма и во Автокоманда имаат приклучоци за снабдување со електрична енергија. Тие велат дека треба да се постави уште приклучокот на часовникот на улицата Водњанска, за да може последните три часовници да почнат да го мерат времето. Во Градскиот комитет велат дека е проблематично одржувањето на часовниците, зашто тие се под едногодишна гаранција на фирмата "Инса" од Земун. Додека трае гаранцијата само стручњаците од "Инса" може да ги приклучуваат часовниците и да ги отстрануваат дефектите. (М.Т.)
NARCIS` ПО ДЕСЕТИНА ГОДИНИ ЧЕКАЊЕ Езерото Треска ќе се наполни за две недели Цената на билетот ќе биде симболична, а скопјани ќе можат да уживаат на песочната плажа и да се рекреираат во кругот на спортско-рекреативниот центар На езерото Треска забрзано се поставува новиот цевковод што ќе го полни езерото со вода од реката Треска. Половина од цевководот е поставена, а до средината на месецов се очекува да заврши неговото поставување и да почне полнењето на езерото. Според капацитетот на цевководот, езерото ќе се наполни за две недели - вели Ангел Змејков, помошник-директор за инвестиции во Јавното претпријатие "Паркови и зеленило". Тој додава дека со новиот цевковод долг еден и пол колометар постојано ќе се обезбедува чиста вода за езерото, зашто ќе се спречи мешањето на отпадните води и хемикалиите што ги загадуваа водите. Змејков вели дека за да се заштити езерото од загадување, ќе се постави и нова пречистителна станица. Во завршна фаза е и обновата на таложникот. - Кога ќе се наполни езерото, ќе се активираат хлорната и филтерната станица. Езерото ќе се пречистува и со фонтани и со аерати, кои постојано ќе обезбедуваат доволно кислород во водата - вели Змејков. Приоритет во ревитализацијата на рекреативниот центар се чистата вода и целосното обновување на придружните објекти, а Американците за тоа ќе вложат милион евра. Обновата на тоалетите, гардеробите, тушевите и уредувањето на просторот се во завршна фаза. Од десната страна на езерото веќе е уредена песоклива плажа, а од левата страна се поставени лежалки. Деновиве се очекува надлежните од Градот, претставници од "Паркови" и од "НФИ компани", американската фирма од Њу Џерси, која ќе го стопанисува езерото седум години, да се договорат за цената на билетот, која, според најавите, треба да биде симболична. Така, скопјани при крајот на месецов ќе можат да ја отворат капачката сезона на единственото рекреативно езеро во градов, "Треска". Во жешките денови, граѓаните ќе може да се разладуваат во чиста вода, ќе уживаат на песочната плажа и ќе се рекреираат во кругот на спортско-рекреативниот центар. Езерото, поради загаденост на водата речиси десетина години беше затворено за капење. Мариела Трајковска
DJ_SHEMA Zasho ne kazuvate deka se finishirala izgradbata na ulicata Makedonija vo centarot na gradot? Osven slikite vo vest i dnevnik, znae nekoj kaze moze da se najdat podobri sliki?
fio од денес ќе ги пуштаа канделабрите, а иначе шема е у право, ќе се напраи таму гунгула, исто ко на кеј позади ГТЦ
melpomena УШТЕ ЕДЕН ВИРТУЕЛЕН ПРОЕКТ НА ОПШТИНА КИСЕЛА ВОДА Кај "Бисер" футуристички мост со стаклена топка Мостот ќе биде поставена од тротоарот пред влезот на "Бисер" до спротивната страна на булеварот, на него ќе бидат направени дваесетина деловни простории, и над сето тоа ќе доминара кула што ќе се издигнува..... Општина Кисела Вода и фирмата ГАТ го изготвија идејното решение за надземниот пешачки премин на булеварот Јане Сандански, кај трговскиот центар "Бисер" во Аеродром. Така изготвениот идеен проект инвеститорот Општина Кисела Вода го презентира кај поголемите фирми кои би можеле да вложат средства во градбата на мостот. Градоначалникот на Кисела Вода Љупчо Димов напоменува дека се работи само за идејно решение кое би можело да претрпи и некои измени, но дека, во основа, останува ваквата идеја. Мостот ќе биде комбинација од железна и армирана бетонска конструкција што ќе биде поставена од тротоарот пред влезот на "Бисер" до спротивната страна на булеварот. Преминот ќе се гради за да го минуваат пешаците безбедно булеварот. Но тој ќе има и економски дел, со оглед на тоа дека во состав на мостот ќе бидат направени дваесетина деловни простории од по 12-ина квадрати. На челните делови од мостот се предвидува да се постават видеобимови за реклама. Но мостот ќе доминара кула што ќе се издигнува со стаклена топка, на висина од триесетина метри. Замислата е од топката да се има поглед на целата општина. Вкупната висина на мостот и кулата, според проектот, е околу 48 метри. Во стаклената топка, доколку остане овој проект, ќе има стотина квадратни метри и ќе биде со три нивоа - санитарни јазли, галерија и ресторан. Кулата над мостот е замислена да биде како видиковец. Во Општината не кажуваат колку пари ќе требаат да се изгради едно вакво футуристичко здание, но не кријат дека се работи за поголема сума пари. Освен планот за оваа футуристичка градба, во Општина Кисела Вода веќе се при крај и подготовките за Кулата на Сонцето и за Технолошки парк Скопје - ТПС. Паркот е планиран да биде модерен центар за развој на иновации, софтвер и современа технологија. Локацијата за него се уште не е определена. Кула на Сонцето е проектирана како 26-катен објект, граден со нова, патентирана асеизмична конструкција, и ќе биде првиот мултинаменски објект на овие простори, во кој ќе се промовира модерен бизнис по принципот "се во едно". Е. Златков
melpomena ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Ќе се обновува патот за Волково Градските власти најавија дека годинава ќе почнат со реконструкција на патот за Волково во Општина Ѓорче Петров. Жителите од оваа скопска населба подолго време бараа од надлежните да го санираат патот, кој е раскопан и полн со дупки. Тие велат дека од дупките речиси секојдневно ги оштетуваат возилата, а при дождливо време никако не можат да поминат. Градоначалникот на Скопје, Ристо Пенов, најави дека годинава ќе извршат целосно обновување на патот за Волково, но не прецизираше кога ќе почнат градежните работи на терен, бидејќи за нормално одвивање на сообраќајот, градот треба да обезбеди алтернативен пат. Бранка Станојевска, претседател на Градскиот комитет, вели дека во моментов вршат анализи колку пари ќе им бидат потребни за тампонирање и за приспособување на заобиколниот пат. Таа објасни дека заобиколниот пат ќе биде потребен за нормално одвивање на сообраќајот додека траат градежните работи на патот. Станојевска рече дека ако трошоците не се високи, уште веднаш ќе почнат со подготвителните работи. Во спротивно, обновата на патот за Волково ќе мора да го чека завршувањето на изградбата на улицата Лука Геров во Ново Село, на која тој се надоврзува. (Е.А.) p.s. Shema, mislam deka treba da si otvroish topic za Gjorche[:D][:D][:D]
OooOo shto ste se fatile za gjorche be .. ko vie poarni da ste, neznaete ni gjubre kaj treba da se frli ;)) ЗАГРАДЕНИОТ ПРОСТОР ЗА ДЕПОНИРАЊЕ ГРАДЕЖЕН ШУТ ВО ЈАНЕ САНДАНСКИ ЗЈАЕ ПРАЗЕН Општина Кисела Вода не е виновна што привремената депонија кај спортската сала на МЗТ е претворена во легло на комарци и на жаби, велат властите во најголемата скопска општина, отфрлајќи ги обвинувањата дека проектот за депонијата го направиле колку да замачкаат очи. Тие за таквата состојба ги обвинуваат граѓаните кои место во дупките во депонијата, градежниот шут го фрлаат надвор од ограденото место. Општинарите велат дека последниве петнаесетина дена се почесто се случува цели камиони со градежен отпад да бидат истурени дури и пред самиот влез на депонијата. "Иако уште на самото отворање на депонијата беше кажано дека таа се прави за да се пополнат дупките што се на таа локација, некои граѓани несовесно го истураат шутот пред влезот и на тој начин им го затвораат патот на возилата што сакаат да влезат внатре и да го истурат ѓубрето каде што му е местото. Ако продолжи вака, уредувањето на локацијата во рекреативна зона ќе се одолжи", вели градоначалникот на Општина Кисела Вода, Љупчо Димов. Тој поради тоа апелира до граѓаните да го внесуваат шутот внатре за да може што побрзо да се реализира идејата поради која оваа локација била одредена за привремена градежна депонија. Иако некои граѓани сметаат дека цената од 100 денари од возило не треба да се наплаќа, за општинарите од Кисела Вода тоа е само мала симболична цена која не е висока. Тие најавија и поставување на уште една рампа кај пристапот до депонијата за да го спречат фрлањето на шутот на диво околу оградената депонија.
DJ_SHEMA Fala OooOo barem nekoj gleda koj e naprosperitivniot del od gradot. Kade se postovite deka kje idete da se k'pite vo Djorche A? A? V nema da go pofalite sportsko-rekreativniot centar, a pritoa i zabaven park. Dodusha Vardar go imate vie vo Aerodrom, mozete i tamu da se k'pite. P.s. Ebate naselbata koja ne e dovolno golema da se vika opshtina. Zoshto ne go vkluchivte toa vo Ramkoviot dogovor? Nezavisen Ajrodrom!!!! Eve ako ja pochnete inicijativata OooOo i jas kje vi pomogneme so prakjanje e-mail poraki po svetskite mediumi i ambasadi.
OooOo tachno! Plus toa ti mozhesh od gjorche da vrshish nuzhda u vardar, jas kje prodolzham u centar i na kraj oni u aerodrom mozhat da se banjaat :))
sfetle Koja naselba vo Skopje e najbrojna??????? aj da ve vidam sea
DJ_SHEMA shutka :)
melpomena [:D][:D][:D]
fio imame najubaf park na svet :) okej, da ne preteruvam, ama za razlika od porano e chist, so novi klupi, sreden, novi mofchinja itn itn i + e romantichen :) posebno navecher kaj ezerceto :)
melpomena Kje go probame so roleri...(parkot) A i novava pateka napravena od salata an MZT do grad treba da se proba[:D], toa e olesnuvanje za tebe Fio... nema da "ti se obesuvam na vrat" koga rolame do park (pominuvanje preku ulica)[:D]
melpomena Ova e od krucijalno znachenje[:D] Пролетно асфалтирање на скопските улици "Улици и патишта" почна со произведување на обичен летен асфалт. Асфалтот ќе се користи за вградување на повеќе улици низ градот. Како што велат во претпријатието, досега асфалт е вграден на дел од улиците Иво Лола Рибар, на потегот кај фабриката Треска, како и на дел од булеварот Климент Охридски. Деновиве ќе се работи на асфалтирање на прокопи на улиците Исаја Маџовски во Хром, во Кисела Вода кај стара Рампа и улица Алекса Демировски во Ѓорче Петров. (Е.И) prevzemeno od vest
fio улица Алекса Демировски во Ѓорче Петров. ALELUJA!!!
DJ_SHEMA neznam zoshto im se ispushtilo pa ne go imenuvale bulevarot kako shto treba.
melpomena a sho demek bulevar e?[;)]
ozonce fio elaj da go vidish nashiot park :)
ozonce melpomena i niz nashiot park se voze roleri bujrum :)
DJ_SHEMA a inaku mislam deka ulicata e demnievski ne demirovski, ama ete ti, neuki novinari.
sfetle shema gi znaes ti ulicite tvoj reon e toa :)))
fio bulevar so 1 lenta vo dva pravci :)
melpomena Fio u sabota na rolanje u Gjorche[|)]
melpomena ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Ликовна колонија за деца во Кучково Општина Ѓорче Петров во село Кучково сака да прави ликовна колонија. Данче Василевска-Савеска, портопарол на градоначалникот на Општината Ане Василевски, вели дека неодамна побарале од Министерството за култура да им го додели руинираното основно училиште "Јоаким Крчовски" кое се наоѓа во центарот на Кучково, од левата страна на главниот пат. Таа објасни дека имаат проект за реновирање на училиштето, кое во летните месеци ќе се користи за одржување на ликовна колонија за деца, а во зимските месеци како одморалиште. "Се надеваме на позитивен одговор од Министерството за култура, односно дека ќе ни го додели на користење училиштето, кое веќе е надвор од употреба, бидејќи не постојат елементарни услови за одржување на наставата", додава Василевска-Савеска. Таа објасни дека се подготвени уште веднаш да почнат со реконструкција и преадаптација на училиштето во одморалиште. (Е.А.) Samo napred Gjorche...[;)]
fio
quote:
Originally posted by melpomena
Fio u sabota na rolanje u Gjorche[|)]
abe aj...ko reli na tumbi-rumbi [:D]
DJ_SHEMA [:)][:)][:)] Paris - Dakar
AaaAa
quote:
Originally posted by DJ_SHEMA
neznam zoshto im se ispushtilo pa ne go imenuvale bulevarot kako shto treba.
A so mu fali na imeto ?
fio pogazena e g.petrovskata gordost :)
DJ_SHEMA Anke Se zezav deka ne ja imenuvale kako bulevar prethodnonavedenata ulica.seir. Tuku, kje ja bide li konechno sportskata sala. Vest neshto podgreva apetiti, ama dali stvarno kje ja bide ili kje stoi kako sportskata sala vo ohrid shto stoeshe 16 godini karabina?
OooOo
quote:
Originally posted by fio
imame najubaf park na svet :) okej, da ne preteruvam, ama za razlika od porano e chist, so novi klupi, sreden, novi mofchinja itn itn i + e romantichen :) posebno navecher kaj ezerceto :)
kaj imash ti najubav park koa si ti u aerodrom .. tvojot park e od lisiche pa nataka ..
DJ_SHEMA OooOo Toa im e zoloshka gradina [:)]
melpomena c c c c c c c kakva zooloshka[:0][;)]
fio на лице место :)
DJ_SHEMA :) Kazete kako e. Dobro li izgleda? SLichno li e kako kejot shto se napravi od strana na Kometal? Rabotat kandelarite? Fio, mozna e romantika [:D]?
fio
quote:
Originally posted by DJ_SHEMA
OooOo Toa im e zoloshka gradina [:)]
kolku sto znam vie u gjorce chuvate kravi, svinji, kokoshki i ostalo [:D]
melpomena Mnogu e ubavo... Kandilabrite ushte ne sum gi videla dali svetat (ne shetam navecer[8)]). Inaku sega i od La Cafe ima izvadeno stolici na ulicata, za merak e. Skopje navistina stanuva se poubavo i poubavo[^] p.s. Shto e najbitno mozam sega da pominam tamu so rolerki i da sednam na kafe[8D]
sfetle sega me potsekja na korzoto vo Bitola......samo shto e pomalo neli....i shto ima samo eden kafich :)
DJ_SHEMA AJ se kladime deka za godina dena kje se optovari taa ulica so kafikji i kafeani. Ete ti go staro Korzo i kibicarenje.
sfetle bash bi bilo super toa...glasam ZA :)))) posle idi tamu koj sakas kje go vidish....:))))
melpomena ГРАДОТ ЌЕ СЕ ЗАФАТИ СО ФЕНОМЕНОТ НА SИДНИТЕ ПОРАКИ Ќе се бришат само срамните графити Не се знае по кој критериум ќе се утврдува кој графит е срамен, а кој не, односно кој ќе го утврди тој критериум Градот се подготвува да ги брише графитите со срамна содржина. Бранка Станојевска, претседател на Градскиот комите, вели дека мината недела извршиле проба за отстранување на дел од графитите на кејот на Вардар, кај Камени мост. Таа објасни дека подготвуваат поголема акција за чистење на sидовите и фасадите од графитите, особено оние со срамна содржина. Градските влсти во моментов вршат анализи колку средства ќе им бидат потребни за реализација на акцијата, по што ќе распишат тендер за набавка на средство за миење на фасадите и на sидовите. Станојевска вели дека дека со оваа акција нема да бидат избришани сите графити, бидејќи дел од нив се дел од социјалното, културното и урбаното живеење на скопјани. "Кај нас се појавуваат графити со срамна содржина, кои ние како град не можеме и не смееме да дозволиме да останат. Имаме понуди од луѓе, кои ветуваат дека можат да набават специјални средства за успешно отстранување на графитите", додава Станојевска. Ова не прво актуализирање на темата "графити". Градските власти пред повеќе од една година ја пласираа идејата за одредување на посебни локации за графити. Таа наиде на одобрување, но сето тоа остана само нереализиран план. Објаснувањето беше дека градот нема доволно пари. Сега градот ќе ги брише срамните. Меѓутоа не се кажува по кој критериум ќе се утврдува кој графит е срамен, а кој не, односно кој ќе го утврди тој критериум. (Е.А.)