yURI |
На денешен ден 26.02.2003
1802.- Во Безансон е роден Виктор Иго, еден од великаните на францускиот романтизам кој покрај Балзак е најголема фигура во француската книжевност во деветнаесеттиот век. Неговите романи "Биг Жаргал", "Богородична црква во Париз", "Клетници", "Морските работници", драмите "Кромвел", "Лукреција Борџија", поетските дела "Оди и балади", "Ориентални песни" и многу други дела претставуваат ремек дела на светската литература. Како политичар беше голем борец против деспотизмот и тиранијата. Умре во Париз, на 22.05.1885 година.
1815.- Францускиот цар Наполеон Бонапарта го напушти островот Елба, кој по абдикацијата му беше одреден како привремено живеалиште, и со мала група следбеници тргна за Париз за да ја преземе власта. Со тоа почна периодот на неговото владеење познато како "Сто денови", завршено со поразот на неговите трупи кај Ватерло.
1932.- Во Штип е роден Спиро Прилепчански, долгогодишен новинар и уредник на неделниот енигматски забавник на "Нова Македонија", доајен на енигматиката во Македонија, уредник и издавач на првото енигматско списание на македонски јазик, чиј прв број се појави во Штип, на 1.05.1966 година. Умре во Скопје, на 7.03.1990 година.
1992.- Република Босна и Херцеговина ја призна Република Македонија.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|