sekoja chest
sekoja chest
OooOo Полицајците, без трудовите инспектори, синоќа воведуваа ред во кафулињата МВР ПОВТОРНО ВОВЕДУВА РЕД ВО РАБОТАТА НА ЛОКАЛИТЕ Полицијата им даде "жолти картони" на кафулињата Локалите од завчера затвораат во 23 часот и не им точат алкохол на малолетници, по акцијата на МВР, во која ќе се казнуваат сите што не го почитуваат законот Скопје опусте во 23 часот завчера, по акцијата на полицијата да ги научи на ред сопствениците на кафеаните, како дел од големата и општоприфатена кампања да му се стави крај на насилството меѓу младите. Пред полноќ стивнаа музиката и вревата во скопските локали, газдите удрија клуч на вратите на кои претходно истакнаа: "Не точиме алкохол на лица помлади 18 години". Во други, келнерите љубезно ги одбиваа гостите: "Извинете, повеќе не смееме да примаме гости". Меанџиите добиле "жолт картон", односно биле предупредени дека отсега ќе бидат казнувани ако не се придржуваат кон одредбите за работно време. Паркинзите и улиците во центарот на градот експресно се испразнија. Тук-таму неупатени намерници сновеа по плоштадот на главниот град, а најупорните можеа да си ја угасат жедта само во некој од ноќните барови што имаат дозвола за работа и по полноќ. - Полициска контрола дојде во мојот локал и ме предупреди дека треба навреме да затворам и да не им точам алкохол на малолетници. Такви посети имало речиси во сите угостителски објекти во градот. Оттогаш навреме го затворам кафе-барот, а келнерите им бараат лична карта на сите посетители за кои се сомневаме дека се малолетни - вели сопственикот на кафулето "МФ", Бојан Наумов. Мобилните екипи од униформирани полицајци делеле и писмени предупредувања дека ќе се казнуваат сите што нема да го почитуваат законот за работно време и за точење алкохол на малолетници. - Нашите контролори не изрекуваа казни бидејќи сметаме дека акцијата ќе има успех ако се спроведе во соработка со сопствениците на локалите. Затоа полицијата разговарала со нив, без да изрекува репресивни мерки, туку да им укаже на нужноста од спроведувањето на законот - изјави Воислав Зафировски, портпаролот на МВР. Акцијата почнала уште во неделата, прв ден по крвавиот инцидент на плоштадот во Скопје, во кој животот го загуби Марио Георгиевски, 17-годишен ученик во гимназијата "Васил Антевски-Дрен". Повеќето газди со кои разговараше екипата на "Дневник" сметаат дека насилството меѓу младите ќе се намали ако се забрани точењето алкохол на малолетници. Тие не се согласуваат работното време на кафеаните да се ограничи до 23 часот. AMIN! Treba shto povekje vakvi akcii za da se razraboti svesta kaj narodot.
OooOo Abe ja sum maloletnoto da sedi doma ili najkasno do 10-11 saat da e doma. Ali mora od nekade da se pochne, kje si dojde sve na svoe mesto, samo treba vreme :))
yURI Edna vecer sum pominal vo kafic bez nekoja decurlana da me capa i da se gusham vo cigarite shto gi pushat edna po edna all night long :o) ke pushtam apel do A1 da pustaa povejke crtani filmovi i narodni prikazni axixixix
melpomena Seto toa e super, ama da ne trae kako i sekogash samo 2-3 nedeli[}:)]
OooOo Verovatno kje treba na sekoj 2-3 nedeli da se sluchuva po neshto da se osvestat i gazdite na kafichite i restoranite da ne tochat alkohol na maloletnici. Ne samo po kafani dodushe i vo prodavnicite treba isto da bide.
fio ja lichno go preziveaf toa, na pola pivo u 22:45 u Ring zapalija svetlo...frustrirachki ama jebi ga :)
OooOo Treba da se zatvaraat! Nemozhe nikoj da me ubedi deka ako nekoj sheta do 2-3 sabajle po kafani deka utredenta kje bide sposoben za rabota. Kje se izdrzhi edna vecher, kje se izdrzhat dve, shto posle toa ??
fio abe okej e toa, se slagam, zatoa i si ima lokali so dozvola do 3 sabajle :) bar kje se ischistat decata. od druga strana petok, sabota kje rabotat do 12, sho e sepak malce
yURI samo oshtro
melpomena ноЌни рации на мвр Прекршочни пријави добиле 22 кафе-бара Средношколците побарале од министерот Хари Костов полицијата да ги сузбие дрогата и алкохолот и ветиле дека ќе подготват програма за спречување на девијантните појави кај малолетниците Полицијата поднела 22 прекршочни пријави против сопствениците на баровите што го пречекориле работното време, по контролата во 205 угостителски објекти и во 20 ноќни бара на подрачјето на "Центар" во Скопје. Три пријави биле поднесени спрема сопствениците на кафулиња во кои им се точело алкохол на пијани лица, соопшти вчера скопската полиција. Акцијата траела од 21 часот прексиноќа до 4 часот вчера утро. Насилството меѓу младите требаше да биде и една од главните теми на вчерашната седница на Советот за безбедност. Родителите, мнозинството средношколци и голем број здруженија се едногласни дека треба да се продолжи акцијата против пречекорувањето на работното време на кафулињата и за забраната за точење алкохол, која почна масовно да се спроведува по трагичната смрт на 17-годишниот Марио Георгиевски од Скопје. Унијата на средношколците (УСМ) на вчерашната средба со министерот за внатрешни работи Хари Костов побарала засилена контрола на местата каде што излегуваат младите и построги рации за сузбивање на дрогата и алкохолот. - Никој не смее да ги спречува полицајците да ја извршуваат должноста и да ги одржуваат јавниот ред и мир. Тоа е во интерес на младите, без разлика на нивната етничка, полова, социјална или верска припадност - заклучиле членовите на Унијата. Средношколците најавуваат дека во соработка со претставници на полицијата ќе организираат трибини во средните училишта во земјава. Средношколците се обврзале дека ќе подготват предлог-програма за спречување на девијантните појави кај малолетниците. Во полноќните рации полицијата поднела пријави против пет лица што без легитимации ги обезбедувале ноќните клубови "Колосеум" и "Елемент", соопшти вчера скопската полиција. Во акцијата биле легитимирани 112 лица, од кои седум биле без лична карта и еден без пријавен престој, за што биле поднесени прекршочни пријави, а 75 лица биле предупредени. МВР соопшти дека ќе продолжи со акциите за контрола на угостителските објекти. Љубица Балабан - Игор К. Илиевски
AaaAa I zoran budalata u stip gi zbumbaril po koj znae koj pat LOL gazdata na Doris Dej, denesniot heroj na Vest.com.mk:)
OooOo ВИКЕНД НА ЗАТВОРЕНИ КАФУЛИЊА И РЕСТОРАНИ Фајрон со химната на СДСМ Скопската ноќна шема овој викенд збогатена со хитот "За Македонија заедно", што во знак на револт и мајтапење кон власта се пушташе за фајрон во кафулињата. Поради лошото однесување на малолетниците, ... Сабота навечер. Полноќ во Скопје. Клуч на вратата од кафулето "Тренд" на плоштадот Македонија, светлата испозапалени и куп луѓе пред кафулето. Од таму, како на времето на нашите баби кога актуелно било излегувањето на корзо, во толпа скопските "искачачи" се упатија кон дискотеката "Колосеум". Пред диското, пак, уште посмешна слика, затоа што за кратко време се направи турканица од народ пред влезот, и се чекаше да се отвори за да се влезе. Луѓето беа решени да продолжат да си ја тераат забавата, а кога не може во кафуле, единствената опција е диско или клуб. Екипа на "Вест" овој викенд ја следеше акцијата на полицијата за почитување на работното време. Општ впечаток е дека поради лошото однесување на малолетниците, овој пат настрадаа оние повозрасните. По полноќ, време во кое Скопје живее со години, улиците вриеја од пешаци и автомобили. Некои бесцелно се возеа, а други, пак, во групи се шуткаа наваму-натаму и седнуваа по клупи, со коментари од типот: "Е, сега, каде да да одиме?". Поупорните и оние со пари отидоа во дискотеките. Проблемот на ноќниот живот во Скопје е што ако не сакаш да одиш во диско, а сепак си решил да останеш подоцна со друштво, едноставно, нема каде да одиш. Пред вратите на скопските дискотеки никогаш не било пополно пред 1 часот. Се чека за да се влезе. Слично беше и пред десетината ноќни клубови во Скопје. Турканици пред вратите, нервози за паркирање... Едноставно, на луѓето не им се оди дома. Згора на тоа, пред клубот "Резиденс" во резиденцијалниот дел на Водно дополнителен проблем. Бидејќи во близината се резиденциите на американскиот и британскиот амбасадор, пајакот ги собираше колите. На улиците на Скопје викендов имаше невидено многу полиција. На секој агол ги среќававме во група од по тројца - четворица, како се врткаат наоколу, и подгледнуваат во часовниците. Тие влегуваа во кафулињата, ги предупредуваа сопствениците на законските одредби, а некаде ги легитимираа гостите, барајќи им лични карти. Нашите новинари беа сведоци на непријатни случки околу легитимирањето. Во петокот, во ресторанот "Орач", меѓу легитимираните се нашле и дипломати од три различни амбасади во Скопје, кои таму биле на вечера. Слична ситуација забележавме и во кафулето "Џубокс". Полицајците, кои изгледа беа најмладите во тој момент, бараа лични карти од очигледно повозрасните гости. Меѓу легитимираните беа и цело друштво странци, за кои полицајците му рекоа на сопственикот да им се извини во нивно име. Во знак на револт, а и заради обичен штос, во повеќе скопски кафулиња полицајците за фајрон беа пречекувани со песната "За Македонија", што беше изборната химна на коалицијата "Заедно". На прашањето зошто баш со таа песна и дали на тој начин сакаат да ги изнервираат полицајците, газдите ни одговорија: "Прво, песната не е забранета, а второ има еден убав стих за 'нова надеж за идните поколенија'", велат повеќето од газдите во кафулињата. На неколку места како гости забележавме и помлади луѓе од власта, кои едноставно не знаеја како да реагираат кога избрканите гости и газдите, божем на шега, им порачуваа: "Ако, доаѓаат локални избори!" Секаде каде што разговаравме со газдите на кафулињата, одговорот беше дека ред мора да има, но мора да се мисли и на законски измени оти во ноќниот живот постои празнина за оние што не се баш најмлади. Освен тоа, тие велат дека ќе мораат да отпуштат дел од персоналот, од кои повеќето се студенти или млади на кои ова им е единствен извор на приход. Кафеанџиите, како и пред осум години, кога тогашната влада на Црвенковски, исто така, спроведуваше ваква акција што резултираше со неконтролирани пијанки на Водно, најавуваат организирање за барање измени на Законот. И во времето на ВМРО-ДПМНЕ имаше ваква акција која резултираше со помрднување на времето за затворање на кафулињата за еден час подоцна во летниот период. "Што ќе правиме кога ќе почнат скопските горештини, кога во 21 часот уште не може да се дише", коментираа гостите што ги среќававме во скопските кафулиња овој викенд. razvali majstore :))
fio kje te prasham da si u skopje i dok piesh pivo u zizi da ti go zatvorat u 12 saat, ko sho napravija petokot i sabotata :)