OooOo |
ЕДНА ИКОНА ВНЕСЕ НЕМИР ВО РЕПУБЛИЧКИОТ СУДСКИ СОВЕТ
Св. Никола ги плаши судиите Албанци
Мустафа Дардишта и Мамут Јусуфи, членови на РСС, минатата недела протестирале кај претседателот на Судскиот совет Јордан Дескоски дека им пречи резбата со православниот светец, која повеќе од еден месец ...
Двајца Албанци, членови во Републичкиот судски совет, побарале да се извади иконата со ликот на св. Никола што висела на sидот меѓу нивните канцелари. Мустафа Дардишта и Мамут Јусуфи, минатата недела му се пожалиле на претседателот на РСС Јордан Дескоски дека им пречи резбата, која повеќе од еден месец стои обесена и тие секојдневно ја гледаат. За непријатната глетка, Дардишта и Јусуфи протестирале и пред сите колеги од Советот. Тие ги уцениле Дескоски и останатите советници дека ако за една недела не ја тргнат иконата, сами ќе ја откачат од sидот. Изрезбаната икона не била единствената работа што ги потресувала двајцата членови на РСС. Како што дознава "Вест" од извори во Советот, Дардишта и Јусуфи негодувале околу избраниот заштитник на институцијата.
"Ај што има икона, туку зошто сте одбрале баш православен светец да го штити Советот. Има тука и Албанци, а ние сме со муслиманска вера. Кој ќе не штити нас?", нервозно реагирале Дардишта и Јусуфи.
Ваквите препукувања и барања на двајцата членови Албанци не поминале кај претседателот Дескоски. Тој им порачал на своите колеги дека нема намера да ја тргне иконата од sидот, оти таа е скапо платена работа и предвидено е да стои во Советот.
" Немам намера да ја тргнам, ни сега ни кога било. Секоја институција има свој светец заштитник, само ние немавме", им рекол претседателот на РСС на соработниците.
Дрвената икона Советот ја купил пред околу два месеца, по цена од 3.000 денари. На неа е изрезбан ликот на светецот св. Никола и направена е од затвореник во скопскиот затвор "Идризово".
Иконата во РСС стигнала зедно со новиот мебел што се купил за новите простории на институцијата. Дескоски со советниците решиле да го нарачаат мебелот од затворот "Идризово", оти таму понудата била најповолна. Кога републичките судски советници отишле да го видат нарачаниот мебел, ја здогледале и оваа икона, која многу им се бендисала. Одушевен од беспрекорната изработка, Дескоски решил да ја стави на ударно место, на самиот влез на РСС.
Da ne sakaat vujna mi da ja obesat na zid pizda im materina. |