Stari gradbi, spomenici...
Stari gradbi, spomenici...
melpomena Kameniot most Vo samiot centar na Skopje se naogja Kameniot most, koj gi spojuva leviot i desniot breg na rekata Vardar. Spored najnovite nauchni soznanija na dr. Vasil Iqov, kameniot most datira od 6-tiot vek n.e., vo isto vreme koga bil izgraden i noviot grad Justiniana Prima, za kogo se pretpostavuva deka se naogja pod Skopskata tvrdina. Niz vekovite, Kameniot most dozhivuva povekje dogradbi i restavracii. Poznachajni dogradbi se od vremeto na srpskiot vledetel Dushan, kako i za vreme na vladeenjeto na turskiot sultan Sulejman Velichenstveniot (1520-1566). Kameniot most odoleal na zemjotresite koi se sluchile vo skopskoto podrachje. So regulacijata na koritoto na rekata Vardar ovoj most dojde do vistinski izraz i stana eden od belezite na Skopje. Vo deneshno vreme vo tek e golemata restavracija na Kameniot most... p.s. najnovo e deka restavracijata nemozhe da bide zavrshena poradi zatvoranje na rudnikot Sasa, zoshto kamenot bil nabavuvan od tamu[}:)] [img]http://www.soros.org.mk/konkurs/084/kammost.gif[/img]
melpomena Akvaduktot Vo neposredna blizina na Skopje, kon sever, se naogja star akvadukt izgraden od kamen i tuli so 55 laka koi se potpiraat na masivni stolbovi.Ovoj star vodovod e vo dolzhina od nekolku stotini metri.Spored nauchnite soznanija, seushte ne mozhe definitivno da se utvrdi vremeto na gradenjeto na ovoj znachaen kulturno-istoriski spomenik. Vo najnovo vreme, se pretpostavuva deka akvaduktot e izgraden za potrebite za snabduvanje so voda na noviot grad Justiniana Prima, vo 6-tiot vek n.e. p.s.Ima i drugi pretpostavuvanja deka e izgraden vo 15-ot vek, za vreme na vladeenje na Isa beg, i Mustafa pasha. Mnogu e zalosno shto pristapot kon ovoj interesen objekt e oteznat, poradi toa shto se naogja vo krugot na kasarnata Ilinden. [img]http://www.soros.org.mk/konkurs/084/akva.jpg[/img]
melpomena КАМЕНИ МОСТ За камените блокови пријавени четири фирми Фирмите "Силекс", "Макаус", "Биоминг" и "Три М" се јавиле на тендерот што Градот го распиша за набавка на камени блокови за довршување на реконструкцијата на Камени мост, информира вчера Бранко Трајчевски, претседател на комисијата за јавни набавки при Градот. Трајчевски вели дека денеска или утре комисијата за јавни набавки ќе реши која фирма ќе набавува травертин за поправките на Мостот. - На јавниот повик за набавка на камени блокови понуди доставија само четири фирми. По консултација со комисијата за испитување на квалитетот на каменот денеска или утре ќе биде позната фирмата што ќе набавува травертин за Камени мост. Четирите фирми навеле дека камените блокови ќе ги обезбедат од рудниците кај Матка и кај Рафче - вели Трајчевски. Во комисијата за јавни набавки велат дека очекувале поголема понуда. Таму велат дека со тоа станало очигледно дека во земјава нема доволно рудници од кои може да се експлоатира квалитетен травертин. Во комисијата велат дека имало голема разлика во цените што фирмите ги понудиле за да го набават, да го изрежат и да го вградат травертинот во Мостот. Понудите на фирмите биле од 40.000 до 60.000 милиони денари. Градските власти го распишаа јавниот повик по критиките на комисијата за оценување на квалитетот на каменот дека травертинот од рудникот кај Волково не ги задоволува пропишаните стандарди за квалитет. (М.Т.) Zemeno od Dnevnik