yURI |
1822.- Повеќе од 8.000 востаници и цивилно население во Његуш го прогласија избувнувањето на Његушкото востание против османлиското владеење. Во востанието учествуваа Македонци, Грци и Власи. Востанието претставува предвесник на разгорувањето на националноослободителното движење на македонскиот народ.
1847.- Во Единбург, во Шкотска, е роден Александар Грахам-Бел, американски научник, од шкотско потекло, пронаоѓач - физичар, творец на телефонот. Конструира и фотофон и фонограф. Главно негово дело е "Механизам на говорот". Умре на 2.08.1922 година.
1878.- По завршувањето на руско - турската војна (1877 - 1878), во градчето Сан Стефано, кај Цариград, е склучен мировен договор (познат како Санстефански мир). Со договорот е заклучено на Црна Гора, Србија и Романија да им се признае независност и територијално проширување на сметка на Турција. За Босна и Херцеговина беше предвидена автономија под надзор на Австро - Унгарија, а беше создадено и автономно кнежевство во вазален однос спрема Турција - Голема Бугарија. Покрај другите делови, во кнежевството беше предвидено да влезе цела Македонија. Но, поради несогласување на Австро - Унгарија, Германија и на другите големи сили во превласта на Русија во Источна Европа, на Берлинскиот конгрес (13.06 до 13.07. 1878 година), договорот е ревидиран. Одредбите на Санстефанскиот договор и на Берлинскиот конгрес, неповолно се одразија врз понатамошните односи на Балканот.
1906.- Во Хагстал, близу до Малме, е роден Артур Лундквист, шведски писател, критичар и преведувач. Првата книга поезија "Жар" ја објави во 1928 година. Има објавено над 80 книги поезија, проза, есеи и патеписи. Со антологијата "Петмина млади" во 1930 година го навести модернизмот. Добитник е на Лениновата награда за мир во 1958 година и на "Златниот венец" на Струшките вечери на поезијата за 1977 година.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|