Na deneshen den 04.03
Na deneshen den 04.03
yURI На денешен ден 04.03.2003 1933.- Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објави својата "нова политика", чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата. 1945.- Во Скопје е одржан првиот слободен Црковно - народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите автентично го искажаа расположението на македонскиот народ од сите краишта на слободна Македонија за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа Трети, а по барање на цариградската патријаршија. 1952.- Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна. 1965.- При доаѓањето на нови постојани артисти во Македонскиот театар во Скопје од драмата на Македонскиот народен театар, оваа уметничка куќа прерасна во драмски театар. Во новиот театар на овој ден беше изведена премиерната претстава "Богомилска балада", според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова. 1974.- Умре Михаил Тихонравов, советски ракетен стручњак и научник, кој учествуваше во изградбата на првиот вештачки земјин сателит. Тој многу придонесе за обликување на многу советски вселенски бодови и вселенски автоматски станици. Роден е во 1901 година. 1996.- Во Скопје умре архиепископот Охридски и Македонски г.г. Гаврил (Ѓорѓи Милошев). Роден е во Скопје, на 17.04.1912 година. Napomena: Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )