yURI |
1827.- Умре Алаксандар Волта, италијански научник - физичар. Занимавајќи се со електрицитетот, ги пронајде електрофонот, галванските елементи, батеријата на галванските елементи и други. Роден е во 1745 година.
1871.- Родена е Роза Луксембург, една од организаторите на полското и на германското работничко двиење. Во Берлин, во екот на теророт на КП на Германија, по ѕверското мачење, убиена е на 15.01.1919 година.
1946.- Во Битола умре Милтон Манаки, прв македонски и балкански филмски снимател. Првите снимки ги направи во 1905 година. Главни негови трудови се: репортажа за престојот на последниот османлиски султан Решад во Битола во 1911 година, сцени од бесењето на македонските борци за независност на Македонија и епизоди од балканските војни, како и многу други снимки од историска важност. Носител е на "Илинденска споменица 1903", на многубројни награди, како и на наградата за животно дело во Пула во 1963 година. Роден е во селото Авдела, костурско, во 1880 година.
1953.- Во Македонија е организирана првата акција за доброволно дарување на крв.
1953.- Умре Јосиф Висарјоновиќ Сталин, советски државник и политичар, еден од водачите на антихитлеровската коалиција за време на Втората светска војна и врховен командант на вооружените сили на СССР, маршал и генералисимус. По Втората светска војна спрема социјалистичките земји спроведуваше хегемонистичка политика. Неговите злосторства беа осудени на 20-от и 21-от конгрес на КПСС. Роден е на 21.12.1879 година.
1992.- Домот на младите "25 Мај" во Скопје го промени името во Младински културен центар.
1993.- Авионот од типот "фокер 100" на авиокомпанијата "Палер Македонија", веднаш по полетувањето од аеродромот во Петровец кај Скопје, се урна на 400-тини метри од крајот на пистата. Од 91 патник и членови на екипажот загинаа 80-ина.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|