yURI |
1793.- Франција и објави војна на Шпанија.
1872.- Роден е Пит Мондријан, холандски сликар и теоретичар. Како еден од основачите на групата "Де Стил" (1917), во 1920 година објави манифест за "неопластицизмот". Од 1940 година живееше во САД. Неговото сликарство е одраз на сложени интелектуални напори. Тој е значаен претходник на новото сликарство. Умре во Њујорк, на 1.02.1944 година.
1875.- Во Цибор, на Пиринеите, е роден Морис Равел, француски композитор. Тој е еден од најпознатите претставници на францускиот импресионизам, творец на многу оргинален израз. Најпознати дела му се оркестарската композиција "Болеро", операта "Шпански часовник", балетот "Дафнис и Клое". Умре во Париз, на 28.12.1937 година.
1926.- Воспоставен е првиот телефонски разговор преку Атлантикот, меѓу Лондон и Њујорк.
1962.- Во САД е лансирано првото автоматско меѓупланетарно летало "ОСО 1" (орбитална сончева опсерваторија).
1989.- Кина објави вонредна состојба во Тибет по тридневните антикинески немири во јужната планинска провинција.
1991.- Силите лојални на ирачкиот претседател Садам Хусеин, според западни извори, во Басра и други градови во јужниот дел на Ирак убија најмалку 400-ни учесници на бунтот против централната власт.
1999.- Умре американскиот филмски режисер Стенли Кјубик. Негови најпознати филмови се "2001: Одисеја во космосот", "Пеколен портокал", "Спартак", "Убивање", "Лолита" и "Широко затворени очи".
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|