fio |
ДНЕВЕН ХОРОСКОП
ОВЕН
Искористете ги поволните планетарни влијанија и остварете ги целите кои се однесуваат на деловното и емотивно поле. Никој не се сомнева во исходот кој ќе биде поволен. Се наоѓате во фаза на експанзија, здрави и добро расположени.
БИК
Многумина од вас очекуваат да се заљубат, а оние помалку среќните- се расправаат со партнерот. Денов минува во знак на бурни емотивни реакции, расправии, но и помирувања. Благодарение на инвентивноста ќе постигнете успех.
БЛИЗНАЦИ
Склоноста кон хипотези може да ви го расипе денешниов ден кој се "заканува" да биде успешен. Доколку престанете да се занимавате со неважни работи и да се свртите кон работата, ќе остварите завидни резултати.
РАК
Немирни сте и нервозни. Иако сакате да ја прикриете таа состојба, тешко успевате. Никако не дозволувајте да ве обземе чувството на осаменост и отфрленост, зашто во тој случај депресијата не ви бега. Бидете подруштвени.
ЛАВ
Непланираните случувања би можеле да ви го расипат денот. Очекувајте среќни моменти, промени на подобро и успешни шпекулации. Ќе има и љубов, зашто денеска токму тоа е ваш главен стимуланс и сила која му дава смисла на животот.
ДЕВИЦА
Работа, работа и само работа. Нема тешко да ви падне, зашто сите работи се одвиваат брзо. Бидејќи сте убаво расположени дајте си себеси повеќе обврски кои со леснотија ќе ги решите. Не заборавајте на забавата која ве очекува под услов да ја прифатите поканата.
ТЕРЕЗИЈА
Младите припадници на знаков се наоѓаат во фаза на емотивни преживувања, а оние постарите- во фаза на преиспитување. Тие се обидуваат да ги анализираат своите односи со околината и да заземат објективен став. Но, нема да успеат.
СКОРПИЈА
Сите постапки и работи се одвиваат потешко отколку што мислевте. Мора да бидете поупорни, потрпеливи и посмирени, а тоа ви паѓа многу тешко. Не оптеретувајте ја околината со невротично расположение. Бидете објективни кога е вашата маленкост во прашање.
СТРЕЛЕЦ
Ве бидува за убедување. Полесно ви е да филозофирате и да зборувате отколку да работите. Посебно тешко ви паѓаат физичките работи кои сакате да ги префрлите врз другите. Па, бидејќи некој мора да критикува и да пласира идеи, зошто тоа не би биле вие?
ЈАРЕЦ
Кога е работата во прашање- немате никакви проблеми. Доколку мислите дека не е така- грешите. Сите работи ќе дојдат на свое место и ќе увидите дека сте во право. Околината може да ви приговара, но кога е работата во прашање- тука сте идеални.
ВОДОЛИЈА
Под услов да се најдете во ситуација кога некој ќе се обидува да ве измами и исфрли од такт со насилни постапки, бидете прибрани зашто само така ќе профитирате. Ако се спуштите на ниво на луѓето кои кои сакаат да ве загрозат- ништо нема да постигнете.
РИБИ
Денешна тема се љубовта и чувството на подреденост во врската. Можеби сте пречувствителни и ги доживувате работите посериозно отколку што се? Постојат многу причини поради кои може да се чувствувате разочарано. Не очајувајте- нова врска е на повидок.
|