yURI |
1733.- Роден е Џозеф Пристли, англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар. Ги откри кислородот, амонијакот, хлороводородот, сулфурната киселина, азот-диоксидот и јаглеродниот диоксид. Умре на 6.02.1804 година.
1781.- Англискиот астроном од германско потекло Вилјам Хершел (1738-1822) неочекувано ја откри седмата голема планета на Сончевиот систем која го доби името Уран. Ги откри двата од петте познати сателити на Уран и на Сатурн.
1907.- Во Велес е роден Петре Прличко, доајен и еден од втемелувачите на македонската театарска уметност, актер и режисер. Беше припадник на првата генерација современи македонски театарски и филмски дејци. Сиот богат творечки живот го вгради во драмското творештво. До крајот на животот живееше од и со македонското театарско, филмско, радиодрамско и телевизиско творештво, оставајќи зад себе многубројни главни улоги. Умре во Скопје, на 16.11.1995 година.
1969.- Стапи во сила Меѓународната конвенција за ликвидирање на сите облици на расна дискриминација.
1975.- Во Белград умре Иво Андриќ, еден од најголемите писатели на поранешна Југославија. Освен песни во проза ги напиша и прочуените романи "Мостот на Дрина", "Травничка хроника", "Госпоѓица" и други. Добитник е на Нобеловата награда за литература во 1961 година. Роден е во селото Долац, кај Травник, на 10.10.1892 година.
1992.- Северозападна Турција ја зафати катастрофален земјотрес при што загинаа 653 луѓе, а беа повредени околу 700-ни луѓе.
1993.- Во Скопје умре Петар Мазев, македонски академски сликар.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|