yURI |
1879.- Во Улм, Германија, е роден Алберт Ајнштајн, американски физичар, Евреин од германско потекло, најистакнат теоретичар на новата епоха во физиката. По доаѓањето на Хитлер на власт Ајнштајн се откажа од германското државјанство и емигрира во САД. Покрај општата теорија на релативитетот го објави и законот за фотоелектричниот ефект со помош на квантната теорија и во 1921 година ја доби Нобеловата награда за физика. Умре во Принстон, на 18.04.1955 година.
1912.- Во Москва умре Петар Лебедев, истакнат руски научник, физичар, кој се занимаваше со проучување на притисокот на гасовите, што е од големо значење за разбирањето на космичките појави. Тој докажа дека светлоста врши притисок на површината на која паѓа. Роден е во 1866 година.
1944.- Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ.
1945.- По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Пацификот, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија.
1996.- Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасадори.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|