Kiril i Metodi |
Ристо МИРЧЕСКИ, Прилеп
Прашања
1. - Зошто Охридскиот Архиепископ Теофилакт, веднаш по смртта на Цар Самуил, во почетокот на
XI-век изрично напишал дека тој лично всушност живеел сред "Бугари" во охридско кои што му
мирисале на овчји кожи!? Ако се доскоро знаевме и нака не учеа, дека тамошното население од
Охрид било од македонска народност, какви се причини имал во тоа време Теофилакт истото тоа
да го нарекува, запишува и да ни го остава за вечен спомен дека е всушност некакво "бугарско
население".
2. - Зошто византијскиот император Василиј II откако го победи на Беласица нашиот Цар Самуил,
себе си просто си се нарече "Македоноубиец ", ако лично Цар Самуил и неговата трагично
ослепена војска биле од македонска националност?
3. - Зошто Цар Иван Владислав, инаку внук од брат на Самуила, своевремено запишал на една
камена ѕидна плоча којашто беше сосема случајно пронајдена во Битола дека е "Бугарин"? Од неа
има и фотографии а и се чува во нашите музеи.
4. - Кој се и зошто го "принудуваше " студентот по медицина од Охрид, Григор Прличев без страв
да изјавува насред Атина и пред толку многу учени луге при примањето на Ловоровиот венец,
горделиво дека е само "Бугарин " по националност? Ова и не би било толку чудно, ако и некои во
денешна Р.Македонија знаат дека во тоа време Бугарија како држава не посшоела бидејќи сеуште
била под турско ропство, немало никакви Егзархиски агенти од самата Бугарија, та според тоа
ниту влијание или бугарска пропаганда врз самиот Григор Прличев.
5. - Зошто Јоаким Крчовски и Кирил Пејчинович издавале книги уште пред повеќе од 150 години
низ цела Европа, притоа изрично одбележувајќи дека нивните писанија се исклучиво на бугарски
јазик за да ги разберел, како што тие ни соопштуваат и најпростиот еден Бугарин. Кој ги
присилувал воопшто да се нарекувааш за такви, и кој би им попречил во тоа дамнешно време да
се чувствуваат Македонци ако навистина биле и се сметале за такви?
6. - Што ги натера и двајцата браќа од Струга, Константин и Димитрија Миладинови, а да не
говорам пак за Кузман Шапкарев, да го објават својот знаменит зборник со насобрани народни
песни од целата Македонија под насловот "Бугарски народни песни", и тоа во Загреб кај Јосип
Јурај Штросмаер? Зошто песнише не ги прогласија за хрватски, србски, грчки, шпански или, пак,
например за македонски?
7. - 3ашто големите сили 1876 год., во Цариград насобрани на извесната конференција заедно со
Турција тогаш ја определиле Македонија како втора автономна обласш "со мнозинство бугарско
население" откако ја вклучиле под управа на главниот град Софија? А пак за источната бугарска
автономна област под суверенитетот на Султанот го определиле градот Трново. Дали, човек
најлогично си се запрашува, сите тогашни големи сили плус Турција не знаеле какво население
живее внатре во Македонија та требало да причекаат да се појави некој србокомунистички
историчар од сортата на Јован Павловски и компанија, за да ги просвети и осознае.
8. -Дали славјанска Русија со сета своја дипломатија, агентура и воена моќ не знаеше во 1878
год., што и какви луѓе живеат во Македонија таја вклучи во границите на краткотрајната
Сан-Стефанска Бугарија, и зашто сите тогашни првенци на македонскиот народ доброволно
испратиле, меѓу другото, и Меморандум до големите сили со коишто ја искажале нивната огромна
желба Македонија како географска целина да се слее и влезе во таа општа бугарска држава?
9. - Зашто и самиот турски Султан во својот ферман веднаш по создавањешо на Егзархијата ни
запишал за откривањето на Велешката бугарска Егзархија, и зошто тој истиот дозволил да бидат
отворени и бугарски епархии какви што биле: Охридската, Битолската, Струмичката, Скопската,
Неврокопската, Дебарската Епархија и т.н. Или, можеби, Султанот требало да попричека да се
родат србоманските мизерници и Јуди од сојот на Блаже Конев(иќ)ски, Атанас Вангелов и Коле
Мангов та тие да му дадат на знаење какви се народности има Султанот во својата огромна
империја?
10. - Зошто србските весници, списанија, историски книги изнапишаа толку многу фалби за т.н.,
"македонски Бугари " кога се водеше нивната борба во минатиот век за и околу признавањето на
бугарската национална црква во Македонија? Испага дека според србските извори и
свидетелства за создавањето на бугарската Егзархија најмногу придонеле никој друг ами самите
македонски Бугари, и тоа со својата величествена борба против грчкиот фанариотизам и црква.
Следователно натоа, не била Егзархијата таа која што фабрикувала "македонски Бугари " ами
точно обратното, истите тие Македонци ја оформиле Егзархијата, и тоа цели осум години пред
Бугарија конечно да се ослободи од турскиот јарем.
11. - Зошто сите, без никаков исклучок, пред и по илинденскиот период (војводи, комити,
четници револуционери, борци, патриоти, симпатизери, сподвижници и jатаци на ВМРО пред се,
т.н. нејзина левица и да не ја споменувам, ЈанеСандански, Горче Петров, Димо Хаџи Димов,
Арсениј Јовков и останатите си го прикачија себе си без ни малку двоумење бугарското
национално име? И зошто не се нарекоа Македонци по припадност директни пошомци на
Александра Велики?
12. - На крај, оти буквално во сите турски историски документи за Македонија а коишто со
голема помпа беа преснимени во Анкара, Измир и Истанбул и донесени кај нас за овдешното
население, изрично стои забележано "булгар-милиет". Имено, со своето идење на Балканскиот
Полуостров тие такво население затекнале, а и после своето повеќе од 500 години престојување
во Македонија во 1912 год., како такво и го оставиле при што Србите и Грците започнале да го
асимилираат.
13. - И најсетне, зошто како што има и се продаваат ширум целата денешна Р.Македонија србски
весници, списанија и книги, истото не се прави и со бугарските ами од нив се бега како ѓавол од
темјан и крст? Зарем обичниот македонски човек сето тоа не го гледа и не знае за тоталната
србокомунистичка параноја? Ако во овој Вардарскиов дел од Македонија нема никакви Бугари,
како што проповедува Александар Донски, зошто е стравот од бугарската култура, спорт,
музика, модни списанија, градењето на железничарската пруга? Недостига само уште кон исток
да изградиме Кинески или Берлински ѕид. Се отиде дури дотаму со србоманската умоболност, што
пред мои очи овде кај мене во Прилеп на младите деца им се забрануваше, од страна на
полицијата да продават најлонски кеси со ликот на фудбалерот Христо Стоичков. Другарче
Ал.Донски, комплетната србоманија е зрела за на психијатар!!!
|