yURI |
1628.- Англичаните во Америка ја основаа колонијата Масачусетс.
1813.- Роден е Дејвид Ливингстон, шкотски истражувач на африканскиот континент. Ги откри Викторините водопади, езерото Њаса и многу други езера. Повеќе од 30 години престојуваше во Африка. Умре во 1873 година и како најголем британски истражувач на Африка, погребан е во Вестминистерската катедрала во Лондон.
1873.- Роден е Макс Регер, германски композитор, пијанист и музички педагог, претставник на доцниот романтизам. Умре на 11.05.1916 година.
1903.- Идеологот на ТМОРО, Гоце Делчев со својата чета го разурна тунелот кај реката Ангиста, серско во Егејска Македонија. Тоа беше последната негова акција против османлиската власт пред неговата смрт.
Napomena:
Ako nekoj me moze da ja cita kirilicata na forumov
vo internet explorerot neka odi na View -> Encoding -> Cyrilic ( windows )
|