dneven horoskop 19.03
dneven horoskop 19.03
yURI ДНЕВЕН ХОРОСКОП ОВЕН Денеска ќе се занимавате со решавање на туѓите проблеми. Тешко се изразувате, ви недостасува самоувереност, па затоа ќе одберете да побегнете во светот на фантазијата. Нека не ве изненадува желбата или потребата да разговарате со самите себеси. БИК Ви одговара друштвениот и комуникативен период. Предност им давате на луѓето со слични убедувања и интереси, притоа не сакајќи да губите време на неадекватни ситуации. Ви одговара друштвото на помлади лица. Секој ден е создаден за љубов, но денешниов- посебно. БЛИЗНАЦИ Работите на свој карактеристичен начин, правејќи повеќе работи во исто време. Е, уште кога би завршиле некоја од нив... Бидејќи имате влијание врз околината, искористете го на најдобар можен начин. Не дозволувајте убавите моменти да поминат туку-така. РАК Нека не ве изненадат ненадејните проблеми со роднините, но и со самите себеси. Тврдоглави сте повеќе отколку што е нормално, па затоа ќе ги сносите и последиците. Попуштете пред нешто- нема да ви падне круната од глава! Постои можност за кратко патување и напуштање на домот. ЛАВ Одличен период за управување со туѓите пари, продажба и купување на недвижности, но и за занимавање со политика. Одбегнувајте ги расправиите со неистомислениците. Полесно е да ги елиминирате од својата околина отколку да водите бесконечни и тврдоглави полемики. ДЕВИЦА Негувате коректни односи со околината. Иако ви недостасуваат емоции, успеавте со разум да преминете преку недоразбирањата. Водете сметка за тоа каде го ставате својот потпис и чувајте ги документите кои лесно може да се загубат. ТЕРЕЗИЈА Ви одговараат промените кои моментално се случуваат во вашиот живот. Размислувате за почнување на нови работи, но и за усовршување во новата област. Се наоѓате на вистинскиот пат, но само под услов да се откажете од трачарењето и да се фрлите на работа. СКОРПИЈА Влеговте во одличен период за шпекулации и работа на берза. Постојат многу нешта кои делуваат мотивирачки врз вас, а тоа допринесува да бидете успешни и креативни. Искористете ги моменталните поволности. Издржливи сте повеќе отколку што мислите. СТРЕЛЕЦ Минувате многу време надвор од домот, така што се зажелевте за домашен амбиент и топли папучи, заедно со добра ТВ програма. Времето е одлично за трговија со недвижности, размислување за селидба, но не и за контакти со семејството каде се можни расправии. ЈАРЕЦ Исклучително поволен период за сите видови на комуникација, но и за учење. Не претерувајте во правењето добри дела и прифаќајте ги туѓите проблеми со резерва. Мора да станете свесни дека околината ве сфаќа како одлична мета за празнење. ВОДОЛИЈА Одамна сте сфатиле дека живееме во материјален свет во кој се си има своја цена. Моментално сте преокупирани со прашањето за пари. Ќе донесете брза одлука, само внимавајте да не биде погрешна. Избројте до десет пред да преземете каков било чекор. РИБИ Ве очекува период на макотрпна работа и сосредоточеност на сопствените потреби. Бидејќи си поставивте јасни цели, се чини дека најпосле ќе ги спроведете на дело. Чувството за реалност е посилно од вообичаено. Победува потребата за практични работи!