yURI |
1727.- Во Кесингтон умре Исак Њутн, англиски физичар, математичар и астроном. Ги удри темелите на класичната физика и на вишата математика, го откри Природниот закон за општа гравитација, за меѓусебно приближување на сите тела, ги пронајде и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усоврши и телескопот. Роден е во Вулстроп, на 25.12.1642 година.
1828.- Роден е Хенри Ибзен, норвешки писател. Во своите дела го осуди современото буржоаско општество и односите што владееја во него. Негови најпознати дела се "Нора", "Комедија на љубовта", "Непријател на народот" и други. Умре во Осло, на 23.05.1906 година.
1980.- Во Скопје умре Волче Наумчески, македонски писател. по Втората светска војна објави голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат "Поема за злото", "Пролетни желби", "Виорно време", "Седумдесет цветови" и други. Роден е во Прилеп, на 18.01.1916 година.
1991.- По одржаните повеќепартиски избори во СРМ, во Скопје е формирана првата Влада на Социјалистичка Република Македонија. За прв претседател е избран д-р Никола Кљусев.
1992.- Во Скопје е формиран Македонскиот олимписки комитет. За претседател е избран Васил Тупурковски.
1996.- Во Скопје е основана Секцијата за македонско-американско пријателство.
|